Main » Files » АСХАБИ

Омер Ибн – Хаттаб, радијаллаху анху – Вториот халифа
06.18.2014, 11:51 PM

Бил меѓу најдобрите во џахилијетското време. Омер е дете на два чесни родитела, од благороден род од семејството Махзумијја. Од мал се истакнувал меѓу своите врсници. Татко му му обрнувал посебно внимание, го учел на вештините на јунаштво (јавање и војување). Бил со широки рамења, со мускулести раце, а посебно се истакнувал во борење и витештво, јунаците се пазеле од него. Ги научил сите вештини на витештво. Бил немилосрден  и по тоа бил познат меѓу младите и возрасните во Мекка.

Никогаш не го заборавил денот кога го направил најлошиот обичај во џахилиетот. Жива ја закопал својата мала ќерка, во пустината покрај Мекка. Го направил тоа за да му завидуваат другите, но закопал и дел од своето срце. Така таа, кутрата, жива закопана! Тоа го направил, за да тој Омер, не биде татко на женско дете!

Бил меѓу најдобрите во исламот. Аллах, џеллешануху му го пратил својот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, да ги отфрли сите лоши навики од предисламскиот период. До Омер дошла вест која го погодила до темел. Бил од оние кои цврсто одлучиле да се решат од Мухаммед, а.с., и да се ослободат од него, па ветил дека ќе го убие. Бил познат по немилосрдноста и лутината. Меѓутоа, и покрај неговата жестина и лутина, Аллах, џеллешануху, за него одбрал друг начин на живеење.

До него и неговите уши дошол гласот на Вистината.Тоа биле ајетите кои Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, ги прочитал на својот народ. Тие зборови му влегле во срцето, и не  побарале дозвола, и така ридот станал покорен и понизен, напукнат од страв пред Аллах. И Омер се преобразил, од човек кој цврсто одлучил да го убие Мухаммед, а.с., – во човек кој сака да ги убие оние кои за Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, зло посакуваат. Тоа не е ништо чудно! Куранот може да направи и повеќе од тоа. „Ако го објавиме овој Куран на некој рид, ти би видел како е полн со стравопочит и како би се распаднал од страв пред Аллах.“ (Ел Хашр, 21)

Верникот секогаш е храбар

И така идолопоклониците станале оние кои се плашат, односно кои ги почитуваат муслиманите под водство на верникот Омер, радијаллаху анху. Многу луѓе зборувале за тоа големо случување. Тие со свои очи го гледале Омер, радијаллаху анху, како клања пред Каба, а никој не се осмелува тоа да му го забрани или да изусти некој непосакуван збор. Пресреќни биле и оние кои направиле хиџра во Абесинија, кога слушнале дека Омер го прифатил исламот. Поради тоа побрзале да се вратат од Абесинија во Мека, без оглед на притисоците и неволјите.

Биле спремни уште еднаш да ги напуштат своите куќи и таму, во Јесриб, да основаат држава на честа, цивилизација и вистина. Омер, радијаллаху анху, решил неговото селење да биде вечно, како што бил и неговиот иман. Секогаш бил јасен и бестрашен. Тој храбро објавил во Мекка: „Кој сака мајка му да го оплакува, децата да му бидат сирачиња, или жената вдовица, нека ме почека зад онаа долина.“ Никој не се осмелил тоа да го направи...

Шејтанот мора да оди по друг пат

И така пораснала љубовта на нашиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, кон Омер ибн Ел – Хаттаб; Аллах со него го зајакнал исламот! Цврстината на неговиот иман била јасна и карактеристична во двата периода, за време на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, и после него, во животот на муслиманите.

Затоа браќаи сестри, на Омер му е даден прекрасен и вечен прекар – Ел – Фарук, кој му бил даден од муслиманите, па и ден денес се употребува. Неговиот прекар се преселил со него во Јесриб. Омер се истакнал како втор човек, после Ебу Бекр, радијаллаху анху, во новата држава. Треба да се истакне дека шејтанот бегал од Омер. Ако Омер тргнел по еден пат, шејтанот бирал друг пат, бегајќи од средба со Ел-Фарук.

Тоа е карактеристика која ја истакнал Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, но Омеровата чест била уште повеќе подигната кога Пратеникот се оженил со Омеровата ќерка, Хафса, радијаллаху анха. „Блазе си ти пријателу на Аллаховиот Пратеник, и почит кон твојот чесен род. Колку е прекрасна врската кога ќе се поврзат браќа по вера, благородност и род!“

Шехадетот на секој муслиман е уверување (акида)

Сите војни во кои учествувал Ел – Фарук со Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.,сведочат дека бил, и останал, ист јунак. Неговото уверување уште повеќе го зацврстило и зајакнало. Ете го на Бедр, го напаѓа својот вујко, идолопоклоник и противник на исламот, Ибн Хашим, па го запира и става крај на неговото непријателство, и покрај роднинската поврзаност.

За Омер, радијаллахуанху, не постоела ниту една посилна врска од онаа исламската со цврсто уверување (акида).

И ајетите кои доаѓале од небото ја потврдуваат исправноста на неговиот предлог во врска со заробениците после битката на Бедр, па затоа Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, придавал посебно внимание на неговото мислење. Омер, радијаллаху анху, секогаш вистината ја кажувал со јазик и ја чувствувал со срце. Можеби сте слушнале како тој се чудел на условите на Договорот на Худејбиј (Сулхул-Худејбијје), кога со тие услови се сложил Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, но набргу тоа потполно го сватил кога Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, му рекол: „Јас сум Аллахов роб и Пратеник, и не се спротивставувам на неговата наредба, па Тој нема да ме остави да заталкам!“

И Омер плаче

На големината на Омеровата чувствителност не потсетува историјата и тоа тогаш кога се разболел Ресулуллах, саллаллаху алејхи ве селлем. Омер тогаш не можел ниту да јаде ниту да пие. Кога дознал за смртта на Ресулуллах, ја извадил својата сабја, па предупредил и се заканил дека секој кој тоа ќе го изусти, ќе биде убиен. Ебу Бекр, радијаллаху анху, го смирил и ги избришал неговите крупни солзи, кога му ја објаснил вистината која ги затекнала. Заплакал, и имал право да заплаче, бидејќи несреќата била голема а тагата бескрајна. Но плачот не го спречил заедно со Ебу Бекр да поита таму каде што се состанале Енсариите, па и да ги прекине нивните двоумења поради одлуката кого ќе го одредат после смртта на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем. Омер бил прв кој му дал присега на Ебу Бекр, радијаллаху анху. Тој добро знаел кој е Ебу Бекр. Ебу Бекр, радијаллаху анху, е првиот кој размислувал и одлучил да го наследи Омер, радијаллаху анху. Тој исто така знаел кој е Омер.

Со иман се остваруваат чуда

Праведниот владетел ја сваќа тежината на задачата која му е доверена. Бил милостив и праведен, како што бил и Ебу Бекр пред него. Побарал од луѓето да го исправат ако згреши, па ако треба и со своите сабји. Самото ослободување на Ерусалим (Кудс) било доволно да се прослави. Ги држел клучевите на Ерусалим, но скромно, мудро и милостливо. Сакал да биде на чело на најголемата војска за освојување на Ирак, со желба за џихад, носејќи го бајракот на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем и на Ебу Бекр. Со негови раце е остварена Пратениковата, саллаллаху алејхи ве селлем, муџиза кога предвидел дека Сурака ибн Малик ќе го носи Кисриниот накит, што тогаш вредел половина светско богатство.

Да ли сте слушнале или сте читале за праведноста и милостивоста на Омер, радијаллаху анху? Чувствуваме дека сте желни да дознаете што повеќе за тоа, па еве ви нешто од тоа!

Со правдата владее мир

Една ноќ додека Омер го обиколувал градот и неговата околина, слушнал плач и лелек на деца. Кога се приближил видел жена и околу неа мали деца, а пред нив лонец во кој вриела вода. Сакала да ги залаже своите гладни деца дека нешто готви, за да тие заспијат. Омер поитал до државниот магацин и донел храна која била доволна за месец дена. Сам им зготвил храна, а тие не ни знаеле кој им го направил ова добро дело. Неговата одлука и ставот кон Коптот, му служи на чест и како незаборавен пример на неговата праведност кога пресудил во корист на коптот. Кога кај Омер дошол гласникот од Кисра, останал без зборови, кога го видел Омер, радијаллаху анху како спие надвор Медина, потпрен на перница, која често ја носел, без страв и воздржување. Кисриниот гласник сватил дека правдата е темел на сигурноста и мирот. Стравот е таму каде што неправедниците дигаат палати и тврдини. Тој странец повикал: „Праведно си работел, па сигурност и мир завладеаја, па сега спиеш безгрижно и без страв.“

Со правда сите се изедначуваат

Не е ништо чудно што Омер бил толку праведен. За него не постоела разлика меѓу луѓето, туку само според иманот и покорноста кон Аллах, џеллешануху, т.е., колку е кој корисен на своите браќа, на своето општество и уверување. Знате ли како постапувал кон еден од угледниците на арапското племе Гасасинах?

Еден Арап, ненамерно го згазнал плаштот на Емир ибн Ел – Ејхам, кога дошол во посета на Мекка. Емир се свртел и го удрил по лицето тој Арапин. Кога праведниот Ел – Фарук дознал за таа случка, не се двоумел да  пресуди праведно. Го повикал Емир ибн Ел – Ејхам и побарал од него да стои, за да арапот на ист начин му го возврати ударот, за да му удоволи на арапот. Горделивиот Емир силно се возбудил и затреперил од јад. Омер, радијаллахуанху, му се обрати и ,у рекол: „Ништо не е чудно, исламот не изедначи!“

Ниту според исламот, а ниту кај Омер, нема разлика помеѓу Емир и другите, туку разликата е во тоа колку кој прави добрини.

Со правда се постигнува послушност и почитување

Почитувањето кон Омер, р.а., пораснало и во другите држави. Од него се плашеле кралевите, принцовите и владетелите, дури и неговите намесници кои тој ги одредува и кои биле во покорност на Омер, радијаллаху анху. Знаел да ги исправа, прекорува и заплашува. Постојано ги советувал, плашејќи се да не згрешат, или да се судрат со правдата.

Замислете како Омер, кој завладеал со половина свет, не можел да спие кога ќе слушнел и за најмала неправда, па и за овцата која ја шинала ногата некаде далеку на брегот на Еуфрат!

Таква сочувствителност не може да има оној кој нема потполн иман. Што велите за големиот владетел кој владее со половина свет, но се плаши од Џехеннем, па нема да изусти ниту еден неправеден збор?

Омер, радијаллахуанху, знаел често да рече: „Би сакал Омеровата мајка да не го родила Омер!“

Тоа го велел кога размислувал за големата одговорност која ниту ридовите, ниту небесата не би можеле да ја поднесат...

Омразата не може да се сокрие

Ниту светот, ниту векот не можат да бидат без оние кои не ја сакаат правдата, и покрај тоа што знаат што е правда. Еве, на пример, човекот се викал  Фејруз, прекарот му бил Ебу Лу’лу. По вера, тој Ебу Лу’лу бил меџусија (обожавател на огнот). Тој сакал да биде во право на неправеден начин. Еднаш кога бил пред Омеровиот суд, Омер му досудил на негова штета. Ебу Лу’лу криел зло во душата, па шејтанот го наговорил да го убие Омер, Емирул – мумин, радијаллаху анху!

Омер, радијаллаху анху, како искусен човек, почуствувал нешто чудно во очите на тој неверник, како некој да му се заканува, и од неговите очи може да се почуствува омраза и освета. Колку се глупи оние кои сакаат да бидат во право, а не се во право! И покрај тоа што сваќаат дека не се во право, шејтанот таквите ги тера да извршат гнасни дела.

Омер ќе падне само со предавство

Ебу Лу’лу направил ханџар (нож) со две острици, па уште го ставил и во отров. Го носел кришум и се упатил кон месџидот. Намера му била да го убие човекот кој не досудил во негова корист. И дошол тој меџусија со шејтанот.  Стоел меѓу редовите на мусалиите (клањачите И кога дошол Омер да ги предводи луѓето во намаз, излегол Фејруз од редовите а во рака го имал оној спремен ханџар. Со брзина на молња го зарил ханџарот во телото на Омер, Емирул – мумини, а го направил тоа како секој кукавица, приоѓајќи му позади грб. На момент Омер, радијаллаху анху, сватил дека бил во право кога почуствувал што тој наумил. И така мубарек крв потекла од телото низ Омеровата наметка и тоа поради омраза, куфр и неправда.

Тој јунак сигурно немаше да падне ако кукавицата не му пријде од зад грб.

Наследник – само на праведен начин

Омеровите пријатели поитале кон тој проклет предавник. Кога видел дека му нема спас сам се убил. Исто онака како што го убил оној кој не му пресудил како што му одговарало.

Омер ги собрал примерните околу себе и одредил шестмина за халифа. Тие шестмина биле големи верници кои  му биле драги на Аллах и Неговиот Пратеник и на кои им бил ветен Џеннетот. Тие шестмина се: Осман, Алија, Талха, Зубејр, Са’д, Ибн Авф, а самиот Омер бил шестиот. Од нив побарал да одберат еден меѓу себе. Не го одредил својот син Абдуллах за наследник, и покрај неговиот углед. За Омер било доволно да биде еден човек од неговото семејство владетел и халифа, бидејќи задачата била многу тешка. Колку Омер бил праведен, дури и во овие последни моменти од животот, и покрај моќта и власта, укажува и тоа дека можел својот син Абдуллах да го одреди за наследник, но, не го одредил, бидејќи тој е Омер!

Прв шехид меѓу Дестмината

Омер бил прв шехид меѓу муслиманските владетели, убиен е пред јавност, а не понизно!

Умрел со чиста совест и задоволен со она што го направил. И така се состанало советодавно тело после неговата смрт, за да го продолжат патот на Ел – Фарук, одлучно со целосно уверување. Аллах да му се смилува на Ел – Фарук, и нека биде задоволен со него!

Свет на праведност е изграден за време на неговиот живот, и луѓето го спомнуваат по добро и после неговата смрт. Сетете се на него секој пат кога ќе фрлете поглед на хиџретскиот календар. Омер, радијаллаху анху, ги удрил темелите на тој календар. Со почетниот ден на календарот ја означил границата помеѓу два периода кои битно се разликувале.

„Боже, дај да умреме на Твојот пат, на патот на Пратеникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, и на патот на шехидите кои паднале за тебе, и кои добро ја разликувале правдата од неправдата, предавството и сплетките!“

„Тие сакаат со устите свои да го згаснат Аллаховото светло, а Аллах сака да го направи видливо светлото Свое, дури и да не им е по волја на неверниците.“ (Ет Теуба, 32)

 

Извор: Себил

http://www.tewhid.ucoz.org

 

http://www.facebook.com/Tewhid.mk

Category: АСХАБИ | Added by: tewhid
Views: 538 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube