Main » Files » АСХАБИ |
02.19.2015, 1:19 AM | |
Кој е тој поради кого Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. е жестоко прекорен од просторот на сите седум небеса? Кој е тој во врска со кого мелекот Џибрил донесе објава од Аллах џ.ш. во срцето на Пејгамберот? Тоа е Абдуллах ибн Умми Мектум, муезинот на Аллаховиот Пратеник, нека е Аллахов благослов и мир врз него. Абдуллах ибн Умми Мектум е Мекалија, Курејшија, роднински поврзан со Пејгамберот с.а.в.с,бидејќи беше братучед на Хатиџа-Мајката на правоверните, нека е Аллах задоволен со неја. Негов татко е Кајс ибн Заид,а негова мајка е Атика бинт Абдуллах, која беше наречена Умму Мектум(мајка на сокриениот), бидејќи го роди слеп, оној на кого се му е скриено. Абдуллах беше сведок на појавата на Аллаховата светлина во Мекка, при што Аллах му ги распространи градите за иман, и тој стана еден од првите во исламот. Ибн Умми Мектум ги преживеа сите искушенија на Муслиманите во Мекка кои се состоеја од пожртвуваност, истрајност,цврстина и откупување, Го почуствува злоставувањето на Курејшите на својата кожа исто така како што го почуствуваа и неговите другарија вкуси нивната сила како што и тие ја вкусија, но никогаш не се поколеба ниту пак ја изгуби решителноста и силата, ниту пак иманот му ослабна.Сето тоа само му ја зголемуваше приврзаноста кон Аллаховата книга,изучувањето на Аллаховите прописи и предаденоста на Пејгамберот с.а.в.с. Толку многу беше врзан за чесниот Пратеник и толку многу жеден за учење Кур’ан напамет, така што ниту една прилика не испушташе, а нешто да не прашаше или да не научеше. Понекогаш така се забораваше, поради својата преголема желба за знаење, така што го одземаше и времето предвидено за друг. Во тој период Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. многу време им посветуваше на курешиските големци силно сакајчи некој од нив да прими Ислам. Еден ден тој се сретна со Утбе ибн Реби, неговиот брат Шејбе,Амр ибн Хишам-наречен Ебу Џехл, Умејј ибн Халеф и со Велид ибн Мугире, таткото на Халид бин Велид- Аллаховата сабја,и почна да ги убедува и да ги излага прописите на Исламот. Сакаше да му се оѕвијат или барем да престанат да ги млатретираат неговите другари.И додека тој разговараше со нив, се појави Абдуллах ибн Умми Мектум и почна да го прашува за еден ајет од Аллаховата книга. Му зборуваше: “О Аллахов Пратениче,научи ме од тоа што Аллах те научи.“Аллаховиот Пратеник се заврти муртејќи се поради тоа што токму сега му пречи, па се заврти кон групата Курејшии и повторно им се обрати со надеж да прифатат Ислам, за да бидат нова величина во Аллаховата вера и заштита во мисијата на Аллаховиот Пратеник. И само што го заврши разговорот и убедувањето со нив и науми да се врати дома, почуствува како Аллах да му се одѕеде дел од видот, и почуствува некој тажен удар во главата. Почнаа да му слегуваат Аллаховите ајети: “*Тој се намурти и се заврти,*затоа што нему слеп му пријде.*А што знаеш ти-можеби тој сака да се очисти. *или поука да прими па поуката да му биде од корист.*Оној кој е богат,*ти него го советуваш,*а ти не си крив ако тој не сака да верува,*а оној кој со брзање ти приоџа и страв чуствува,* ти кон него не се завртуваш.*Не прави така! Тие се поука,* па кој сака ќе се поучи-* на листовите се ценети,*возвишени чисти,* во рацете на писарите,*чесни и честити,’’(АБЕСЕ,1-16 Шеснаесете ајети кои мелекот Џибрил ги донесе во врска со Абдуллах ибн Умми Мектум, се учат од моментот на објавата до ден -денес и ќе се учат се додека Аллах не направи со Земјава и со нејзините жители она што следи. Од тој ден Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. постојано му укажуваше почит на Абдуллах ибн Умму Мектум, го сместуваше на почесно место, го прашуваше за неговата состојба и му ги решаваше неговите потреби. Тоа не е ни чудно бидејќи тој е оној поради кого Пратеникот беше така жестоко прекорен од просторот на седумте неба. А кога Курејшиите ги зголемија своите малтретирања кон Пејгамберот и кон оние кои беа со него. Аллах дозволи Хиџра(преселба) на муслиманите, па Абдуллах ибн УММи Мектум беше еден од првите кои го напуштија својот роден крај-заштитувајќи се со својата вера.Тој и Мус’аб ибн Умејр беа први од асхабите на Пратеникот кои стигнаа во Медина. И само што Абдуллах стигна во Јесриб,(Медина)веднаш,заедно со својот другар Мусаб,почнаа да ги посетуваа луѓето, учејчи ги Кур’ан и подучувајќи ги во верските прописи. А кога во Медина стигна Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., тој ги зеде Абдуллах ибн Умми Мектум и билал ибн Реббах за муезини(повикувачи на муслиманите на молитва),кои секој ден пет пати ги извикуваа зборовите на тевхидот-верата во еден Бог. Ги повикуваа луѓето на најдобра работа, и ги потикнуваа на нивниот спас. Билал ќе учеше езан,а Ибн Умми Мектум ќе учеше икамет, а некогаш правеа обратно. Во месецот рамазан Билал и Ибн Умми Мектум постапуваа поинаку. Муслиманите својот сехур(суфур) го отпоќнуваа со езанот на еден од нив, а го завршуваа јадењето. кога ќе го слушнеа другиот муезин и неговиот езан. Билал ќе учеше езан во ноиќта и ги будеше луѓето, Ибн Умми Мектум ја чекаше зората и тогаш со својот езан ги предупредуваше дека сехурот е завршен. Честа која Аллаховиот Пратеник му ја искажа на Ибн Умми Мектум допре дотаму така што го поставуваше за свој заменик во Медина во моментите на своето отсуство. Тоа се случи десе пати меѓу кои беше и отсуството. на Пратеникот во моментите на освојувањето на Мекка. По битката на бедр Возвишениот Аллах. му ги објави на својот Пратеник кур’анските ајети во кои го подига угледот на муџахидите(борци) и им дава предност во одност на оние кои остануваат дома за време на џихадот. Целта на тоа беше што повече муџахидите да се потикнат на борба. а оние што остануваа во своите куќи да се поќуствуваат помалку заслужни. Тие ајети оставија длабок впечаток на Абдуллах Ибн Умми Мектум, и тешко му паѓаше мн душа што така неможеше да ја заработи таа награда,па еднаш рече::О Пратениче,кога би моижел да одам во борба, сигурно би отишол!“ Потоа со понизно срце го молеше на Аллах џ.ш. да објави кур’ански ајети во врска со него и сличните на него, инвалиди или луѓе со некој телесен недостаток, кој ги спречлуваше да одат во борба. го молеше на Возвишениот Аллах: “Господару мој,објави го мојето оправдување,Господару мој објави ја мојата причина.“ Зејд ибн Сабит. Пратениковиот писар на објавата кажува“ “Бев крај Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. кога одеднаш го обзеде смиреност, а неговото колено го притисна моето колено.Никогаш нешто потешко не сум почуствувал како тогаш коленото на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. Кога тој се поврати и созеде ми рече: “Пиши Зејд“-па јас почнав да ги запишуваам Аллаховите зборови. “Н е можат никако да бидат исти оние од верниците кои седаат во своите куќи и оние кои се бораат на Аллаховиот пат.“Тогаш стана Ибн Умми Мектум и рече: ’’ О Аллахов Пратениче што е со оние кои не можат да одат во борба?“И само што тој го заврши своето прашање, на Аллаховиот Пратеник повторно го обзеде она достоинсвена смиреност, и неговото колено падна на мојето колчено. Јас повторно ја почуствував онаа тежина како и првиот пат. Потоа тој повторно се поврати и рече: “Прочитај што запиша Зејд!“ јас прочитав “Никако не можат да бидат исти од верниците оние кои седат во своите куќи...’ Тој тогаш рече:-“Напиши: “Освен оние кои се со недостаток,“Така Аллах го објави тоа изземање кое толку многу го посакуваше Ибн Умми Мектум. Но, И покрај тоа што Возвишениот Аллах го поштеди Абдуллах ибн Умми Мектума и сличните наннего од џихад(борба), неговата непокорнасуета не му дозволи да седи со оние што изостануваа од борба, па тој цврсто донесе одлука лично да оди во борба на Аллаховиот пат. Така е со големите луѓе, не се задоволни освен со највредните работи. Од тогаш тежнееше и настојуваше да не го одмине ниту една битка . Самиот себе си одреди работа во текот на борбата. ќе речеше:“ Ставете ме помеџу два сафови-борбени редови, и дајте ми го бајракот да го носам и да ви го чувам, Слеп сум и неможам да бегам!“ Четиринаесеттата година по Хиџра Омер ибн Хатаб донесе одлука да се обиде конечно да се пресмета со Персијанците во пресудната битка која би ја срушила нивната држава и власт. Воедно,тоа би отворило пат за нови успеси на муслиманите. Тој им напиша на своите намесници: “Не оставајте никој кој има коњ, оружје,храброст или исклучителен разум,а да не ми го испратите мене што е можно побрзо.“Колони од муслимани почнаа да се одѕвиваат на повикот на халивата ел- Фарук и да пристигнуваат во Медина од сите страни. Помеѓу сите нив беше и слепиот муџахид, Абдуллах ибн Умми Мектум. Ел-Фарук за командант на големата војска го одреди на Са’д ибн Еби Веккас, го посоветуваа и се прости со него. Кога војската стигна до Кадисија, се појави Абдуллах ибн Умми Мектум облечен во оклоп, со целосна воена опрема. го презеде на себе носењето и чувањето на муслиманскиот бајрак, па макар и загинал за него Војските се судрија во текот на три тешки и немилосрдни борбени денови. Двете страни водеа војна каква што историјата на војната и освојувањата не забележала. А кога третиот ден се приближи кон крајот, се наѕираше голема победа на муслиманите и се разниша една од најсилните држави. Се сруши еден од најдлабоко вкоренетите престоли, а бајракот на верата во еден бок- Аллах се завуори во земјата на идолопоклонството. Цената беше и Абдуллах ибн Умми Мектум. Пронајден е како цврсто го држи бајракот на муслиманите, мртов облчеан во крв Припрема и Обработка TEWHID.MK ОД -Книга.од животот на АСХАБИТЕ Автор-ДР.Абдурахман Ра’фат ел-Баша
| |
Views: 350 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |