Main » Files » АСХАБИ

АБДУЛЛАХ ИБН СЕЛАМ-ОД ЖИВОТОТ НА АСХАБИТЕ
12.27.2014, 9:04 PM

“Кој сака да види човек џеннетлија нека погледне во Абдуллах ибн Селам“

Хусајн ибн Селам беше еден од еврејските рабини-1      во Јерсриб-Медина.жителите на Медина и покрај верските разлики и верувања, сите заено го почитуваа и респектираа.Меѓу народот беше познат по богоплашливост,принципиелност и искреност.

Хусајн живееше мирен и скромен живот,но истовремено неговиот живот беше сериозен и корисен. Своето секојдневно време го имаше распределено на три делови: еден дел го поминуваше во храмот во ибадет-2

и советување на другите,другиот дел го поминуваше во овоштарникот одгледувајќи и калемејќи палми,а третиот дел го поминуваше со Тевратот усовршувајќи се во верските прописи.Кога и да читаше Теврат,долго  се задржуваше на вестите,кои ги радуваа луѓето,за појавата на пратеникот во Мекка кој требаше да ја потполни и запечати мисијата на поранешните пратеници. Детално ги проучуваше особините и знаците на тој очекуван пратеник, и многу се радуваше што пратеникот ќе го напушти својот роден град и ќе направи хиџра баш во Јесриб-Медина.

Кога и да наидеше на овие вести или кога и да му паднеа на ум: го молеше АЛЛАХ Џ.Ш. да му го продолжи неговиот живот за да го дочека овој најавен пратеник,и да  има среќа да се сретне со него и да биде прв кој ќе му верува и кој ќе го следи. АЛЛАХ.џ.ш.  ја укабули-3

 и ја прими довата на Хусајн ибн Селам и му дозволи да доживее и да ја дочека појавата на Пратеникот за  правиот пат и милоста.Му беше пропишано да има среќа да се сретне со него,да се дружи и да поверува во вистината која му се објавуваше на Пратеникот. Па да му дадеме збор на Хусајн тој лично нека ни раскаже како го прими исламот,бидејќи тој многу подобро и поверодостојно ќе го направи тоа.

Кажува Хусајн  ибн Селам: “Кога слушнав дека се појавил Ресуљуллах с.а.в.с., веднаш почнав да се распрашуваам и да истражуваам за неговото име, потекло, особини,време и место на појавувањето и сето тоа го споредуваав со она што беше напишано во книгите. Така се уверив дека тој навистина е неговиот повики мисија. Сето ова го криев од останатите Евреи и го заврзав јазикот од зборување на ова тема.

Дојде и денот во кој Пејгамберот тргна од Мекка во насока на Медина. Кога стигна во Медина застана во местото Куба’,а кај нас дојде еден човек кој  ги довикуваше луѓето на целиот  свој глас и ги исвестуваше за неговото доаѓање. Во тој час јас бев  на врвот на една палма каде ја извршував својата работа, а тетка ми Халида бинт Харис седеше долу под палмата. Кога ја слушнав таа вест, јас извикав: “Аллаху Екбер! Аллаху Екбер!“ Тетка ми, кога го слушна мојот текбир, ми рече:  “Аллах да те уништи,да слушнеше дека Муса ибн Имран доаѓа, толку не ќе се израдуваше.“ Јас му реков: “О тетко моја,овој е жими Аллах, брат на Муса ибн Имран и истата вера ја проповеда. Тој е пратен со она со што и Муса дојде!“

Таа замолчи за момент. а потоа праша: “Тоа ли е пратеникот за кого зборувате дека че биде испратен да  го потврди она што го зборуваа поранешните пратеници  и да ја потполни Аллаховата објава?:-“Да, тоа е тој!“- реков јас  “а. така значи.“-рече таа на крајот.

“Потоа јас веднаш отидов кај Пратеникот с.а.в.с.. и видов многу луѓе како околу него се туркаат. Јас влегов меѓу  нив и некако успеав да дојдам во негова близина. Првите зборови кои ги слушнав од него беа : “О луѓе,ширете и кажувајте селам! Нахранете го гладниот и клањајте ноќе додека другите спијат.Така ќе влезите во џеннет и ќе бидете спасени!“   

Јас почнав да гледам во него и  да се восхитувам. Од тоа што го кажа,дознав дека неговото лице никако не може биде лице на лажго. Потоа му се придружив и посведочив дека само Аллах е Бог и дека Мухаммед  е Аллахов  Пратеник. Тој ме погледна  и ме праша: “ Како ти е името, о човеку?“ јас реков?  Хусајн ибн Селам.“ Тој рече:  “ НЕ туку Абдуллах ибн Селам.“Тогаш реков: „Да,Абдуллах ибн Селам,и жими Оној кој те испрати со вистина, од денес не сакам да имам друго име освен ова.“

Потоа се разделив од Пратеникот с.а.в.с., и тргнав кон мојата куќата и веднаш ја повикав жена ми, децата и целото семејство во Ислам Тие сите редум примија  Ислам,а заедно со нив и тетка ми Халида која беше старица. Потоа им реков: “Не кажувајте за мојот и вашиот премин во Ислам на никого од Евреите се додека не ви го дозволам тоа.“Тие рекоа:“Добро нема да кажеме.“

После ова, јас се вратив  кај Ресуљуллах с.а.в.с. и му реков:  :О Пејгамбере, евреите се навистина расипани и лажен народ. Јас би сакал да ги повикаш нивните угледници кај тебе,а мене да ме сокриеш од нив во една од твоите соби.Пота прашај ги  како се однесуваат кон мене и какво место имам јас кај нив. Сето ова направиго додека не научиле за мојот премин во Ислам,а потоа повикувај ги во Ислам.Ако научат дека промив Ислам,Тие ќе ме клеветат и че ги бараат сите можни мани и недостатоци кај мене служејќи се со лаги и измислици.“

Ресуљуллах с.а.в.с. ме воведе во една од неговите соби, а потоа ги повика кај себе. Почна да ги потикнува за премин во Ислам, им зборуваше да го  засакаат иманот-4

,Споменувајќи им го она што тие го научиле за него од нивните книги. Тие долго се расправаа со него. служејќи се со невистини и одбивајќи да ја прифатат вистината,а јас  во собатра слушнав се.

Кога Пејгамберот с.а.в.с. изгуби надеж во нивното верување, ги праша: “Какво место кај вас има Хусајн ибн Селам?“Тие  одговорија: “Тој е наш угледник и син на наш угледник. Наш побижник и научник,син на наш рабин и научник!“Пејгамберот рече: “Кога тој би примал Ислам, би го направиле ли тоа и вие?“

 Тие му рекоа: “Господе чувај,нема тој да го направи тоа.нека Господ сочува од такво нешто.“Тогаш јас излеговпред нив и реков:“О насобрани  Евреи,плашете се од Аллах и прифатете го она што Мухаммед ви го нуди,зошто се колнам во Аллах, вие добро знаете дека тој е Аллаховиот Пратеник. и во Тевратот најдовте напишано се за него, неговото име и особини. Јас сведочам дека тој е  Аллахов Пратеники му веруваам, ја признавам неговата  вистинитост и го препознавам!“

Тие рекоа: “Лажеш се! Се колнеме во Господ, ти си најлош и син на најлош човек.Ти си голем незнајко и син на незнајко.“ Немаше маана или грд збор,а да не ми го рекоа.Јас потоа му реков на Ресуљуллах с.а.в.с. “Зарем не ти реков дека Евреите се расипани и измамнички народ? Се користат со лаги и итрини.“

Абдуллах ибн Селам го прифати исламот толку цврсто Исламот како жеден човек кога ќе најде питка вода.Многу се посветуваше на учење Кур’ан, така што неговиот јазик никогаш не прекинуваше од изговарање на јасните Курански ајети. Секогаш беше со Аллаховиот Пратеник а.с. така што стана повече присутен со него дури и од неговата сопствена сенка. Се заколни дека че го работи само она кој што води во џеннет,а за ова  го издрадува И Пејгам,берот с.а.в.с.. и истото брзо се рашити и слушна меѓу чесните асхаби. За оваа радосна вест постои и едно предание кое го пренесува Кајс ибн Убаде и некои други.

Кајс ибн убаде вели: “Еднаш бев на еден собир во месзидот на Ресуљуллах с.а.в.с. во Медина.Во тој собир беше и еден старец. Беше убаво и пријатно да го гледаш и со него да седиш. Тој почна да им зборува  на луѓето рекоа: “Кој би сакал да види човек кој ќе биде жител на џеннетот-5

,нека  го погледне овој човек!“-“А кој е тој Човек?“ Прашав  јас ми одговорија: “Абдуллах ибн Селам.“Потоа јас се замислив и си реков: “жими Аллах одам да го следам.“Така и направив. Кога човекот.одејќи пред мене.на самиот крај од Медина сакаше да влезе во неговата куќа.и јас побарав дозвола да влезам. Тој ми дозволи,а потоиа ме праша:Каква потреба имаш од мене, о  брате мој?“ Му реков:  “Кога излезе од месџидот,ги слушнав луѓето како велат за тебе: “Кој  би сакал да види човекџеннетлија нека погледне во овој човек!“Така.јас тргнав по тебе за да дознам  и да слушнам од тебе за тоа како луѓето научиле дека си еден од жителите на џеннетот,Стариот човек ми рече? “О синко мој,Аллах најдобро знае кој че биде џеннетлија.“ Јас реков:  “Да но за тие нивни зборови мора да постои некоја причина.“-“Добро.ќе ти кажам за тоа“- рече тој. “Кажи ми и нека  Аллах те награди за тоа.“

Тој почна да кажува: “Додека спиев една ноќ, во времето на Ресуљуллах с.а.в.с., сонував еден човек кој ми рече да станам.Јас станав, а тој ме поведе за рака, Од мојата лева страна здогледав пат и сакаф да тргнам по него,но тој ми рече: “ Не оди таму, тој не е за тебе!“ Потоа погледнав на десната страна и здогледав јасен пат, а тој човек ми рече: “Оди по тој пат!“ Јас тргнав по тој  пат   и  стигнав во една прекрасна и голема бавча, полна со зеленило и зрело овошје.. Во средината на Бавчата се наоѓаше железен столб чиј почеток беше на земјата, а врвот во небото. На врвот од столбот се наоѓаше една халка од злато.Човекот ми рече: “Качи се на овој столб!“ - “Не можам“ му одговорив,Потоа ми дојде еден слуга кој ме подигна и јас се качив на столбот се до врвот. Потоа цврсто, со двете раце ја Фатив златната халка и така висејќи останав додека не се разбудив

Утредента отидов ка Пејгамберот с.а.в.с. и му го раскажав овој сон. Откако ме ислуша, ми рече: “Што се однесува до оној пат што го виде од твојата лева страна, тоа е патот на оние залутаните и тој пат води  во џехеннем.6

Оној пат што го виде од твојата десна страна,тоа е патот на оние исправните и тој пат води во џеннет. Што се однесува до бавќата која те воудушеви со својата свежина и зеленило,тоа е Исламот,Оној столб, во средината на бавчата,тоа е столбот на верата,а онаа халка е најцврстото Аллахово јаже,и ти засекогаш,се до смрта,ќе се држиш за тоа јаже.“

Припрема и обработка-TEWHID.MK-Од Книга, Од животот  на Асхабите.др.Абдуррахман Ра’фат ел-Беша
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhid.MK

Фуснота

1-Свештеник

2-Богослужба,верски обреди,молитви

3-сослуша,задоволи,исполни

4-верување-верување во  еден Бог-Аллах џ.ш.

5-Рај

6-Пекол

 

Category: АСХАБИ | Added by: tewhid
Views: 568 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube