Main » Files » АСХАБИ

Абдуллах ибн мес’уд Од Животот на Асхабите
09.24.2014, 1:39 AM

“Кој сака да учи Кур’ан убаво,онака како што  е и објавен,

нека учи како Ибн Умм Абд“(Аллаховиот Пратеник  Мухаммед с.а.в.с.

Беше уште недораснато момче кое далеку од луѓето талкаше по падините на меканските ридови,чувајќи ги овците на Укбе Ибн Муајт,еден од најугледните мекански богаташи.Луѓето го викаа Ибн Умми Абд. а вистинското име му  беше Абдуллах,додека пак името на неговиот татко беше Мес’уд. Иако момчето ги имаше слушнато новостите за пратеникот кој се појавил во неговиот народ, момчето не му даваше посебно внимание на тоа, од една страна поради својата малолетност,а од друга страна поради оддалеченоста од меканската заедница.Инаку,тој со овците на Укбе заминуваше многу рано,а се враќаше дури тогаш кога ноќта се спушташе.

Еден ден меканското момче Абдуллах ибн Мес’уд забележа двајца повозрасни луѓе како од далеку идат во неговиот правец.Двајцата непознати изгледаа многу изморено,а жетта толку многу ги имаше измачено така што им беа суви и устата и грлото.Кога стигнаа до него, го поселамија и му рекоа: ““О момче,дај ни малку млеко од овците,жетта да ја изгасниме и силата да ја повратиме.“Момчето  одговори: “Нема да го сторам тоа, овците не се мои,тие ми се доверени само на чување.“ На двајцата дојденци не ги налути одговорот од момчето, туку напротив, на нивните лица се забележи израз на задоволство.Потоа едниот од нив рече:“Покажи ми една овца која уште не се ојагнила,ниту пак некогаш сте ја молзеле.“Момчето му покажа една  ситна овчичка која беше блиску  до него, а човекот и се приближи.ја фати и почна да и го допира вимето истовремено спомнувајќи го Аллаховото име.Момчето со чудење гледаше кон него и си мислеше:“Кога млада овца. кои никогаш не биле ојагнети давале млеко?!“Но вимето на овчичката полека се ширеше и од него почна да тече млеко во изобилство Другиот човек најде на земјата камен со длабнатинка и го наполни  со млеко, така тој и неговиот другар се напоија,а потоа ме напоија и мене.Јас и понатаму неможев да верувам во тоа што го  гледав. Откако се напоивме колку што можевме,оној благословениот  ќовек што ја допираше овцата  рече( на вимето од овцата):“Намали се и застани!“ Потоа се намалуваше се додека не се направи онакво какво  што и беше пред тоа. Тогаш јас му реков на благословниот човек:“Научиме со тие зборови кои ги изговараше!“-“Ти веќе си научено момче“-ми одговори тој.

 

Ова е почеток на кажувањето за Абдуллах ибн Мес’уд и исламот,бидејќи оној мубарек човек не беше никој друг  туку Аллаховиот Пратеник. Мухаммед с.а.в.с..,  а неговиот другар беше Ебу  Бекр ес-Сидик р.а. Тој ден излегоа од Мекка во околините ридови, барем малку да здивнат од  малтретирањата на Курејшиите и тешките искушениа во кои беа. Како што момчето го засака ќесниот Пратеник и неговиот другар и им стана приврзан,исто така и Пратеникот и неговиот другар го засакале и беа воудушевени од постапката на момчето, од неговата доверливост и одлучност,така што во него насетуваа големо добро.

Малку времне помина од тогаш, а Абдуллах ибн Мес’уд прима Ислам и му се понуди на Пејгамберот да го служи при што  Пејгамберот с.а.в.с., го прими во служба.Од тој ден среќното момче Абдуллах ибн  Месуд чувањето овци го замени со служење на најизбраниот од сите суштества и луѓе.

Го следеше Абдуллах ибн Мес’уд на Аллаховиот Пратеник с.в.с. како што сенката го следи човекот.Беше со него и во куќата и на патувањето,и дома и надвор од дома.Го будеше кога требаше да стане, му подаваше наметка кога се  бањаше,му ги облекуваше  обувките кога сакаше да излезе,а му ги соблекуваше кога посакуваше да влезе.Му го  носеше неговиот стап и мисвак,и  влегуваше пред него во неговата соба кога Пејгамберот ќе одлучеше  да влезе.Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. му дозволи  да влегува кај него кога што  ќе посака,и без никакво стегање да ги запознае неговите тајни.Така тој беше наречен; „Сопственик на Пејгамберовите тајни“ - “Сахиби сирру Ресуллахи“-На тој начин Абдуллах ибн Мес’уд е воспитуван во куќата на Пејгамберот  и стана упатен во верските прописи по  упатството на Пејгамберот.с.а.в.с., се закити со неговиот ахлак и однесување и го следеше

 во сите негови особини,

 при  што за него луѓето зборуваа: “Тој е најблизок човек на Алллаховиот Пратеник по карактер и однесување.“ Учеше Абдуллах ибн Мес’уд во медресето училиште на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.  така штои стана еден од  најучените схаби во Кур’анот и еден од најдобрите познавачина значењето на Кур’анот и еден од најголемите познавачи на  шеријатските прописи. Ова најдобро го потврдува хикајето за човекот кој дојде кај Омер ибн Хаттаб р.а., кој тогаш беше Халифа,

и додека стоеше на Арафат му рече: О владателу на правоверните, пристигнав од куфа и таму оставив човек којк напамет го кажува Кур’анот,“ Омер толку многу се налути и поцрвени си помислив дека  ќе распукне, па праша: “Кој е тој, тешко тебе?! - Абдуллах ибн Мес’уд одговори човекот. Откако го слушна одговорот на човекот,Омер р.а. полека се смири, неговата лутина се изгаси, а потоа рече: “Валлахи,не знам дека некој друг од луѓето е повеќе способен и повеќе подготвен од него да прави такво нешто,а ќе ти раскажам нешто за него“ рече Омер. Потоа Омер р.а.  го продолжи  својето кажување:

“Една ноќ Пејгамберот беше кај Ебу Бекра и разговараа за иднината на муслиманите, а со нив  бев и јас . Потоа Пејгамберот излезе, па и ние излеговме со него. Во месџидот  забележавме човек кој клањаше, кои не можевме да го препознаеме кој е тој.Аллаховиот Пратеник застана слушајќи го учењето на клањачот,а потоа се сврте кон нас и рече:

“Кој би сакал да учи Кур’ан најисправно, баш онака како што е и објавен. нека го учи онака како што го учи ибн Умми Абд (т.е. Абдуллах ибн Мес’уд).“ Потоа Абдуллах седна и почна да учи дова,а Пејгамберот с.а.в.с. рече: “Барај што сакаш, ќе добиеш.Само барај. и ќе ти биде дадено!“

Потоа Омер го продолжи кажувањето и рече? “Си реков самиот себе си: Се колнам во Аллах утре ќе поранам кај Абдуллах и ќе го израдувам за тоа дека Аллаховиот  Пратеник кажуваше амин додека тој правеше дова.Јас навистина поранив и отидов да го израдувам, но таму го најдов Ебу Бекра кој беше стигнал пред мене и веќе го имаше израдувано. Се колнам во Аллах. во ниту едно хајр дело не сум се натпреварувал со Ебу Бекра,а тој да не ме претекне во тоа!“ заврши Омер, Знаењето на Абдуллах ибн Мес’уд за Аллаховата книга достигна огромен степен, така што тој зборуваше:  “Се колнам во Аллах, освен кого нема друг Бог,ниту еден ајет од Аллаховата книга не е објавен,а јас да не знам каде е објавен и во врска со што е објавен, А кога би знаел дека има некој кој подобро од мене ја познава Аллаховата книга и дека  до него може да се појде,јас ќе му појдам.“Абдуллах ибн Мес’уд ништо не преувеличаше додека ова за себе го зборуваше.Еднаш Омер р.а патувајќи во една мрачна ноќ во која ништо не се гледаше сретна еден караван.Во тој караван беше и Абдуллах ибн Мес’уд.

Омер му нареди на еден  човек кој беше со него да ги праша од каде се, а од караванопт се јави Абдуллах и одговори:-“Од длабоката долина.“ (употребувајќи еден израз  од Кур’анот а.ш.).

Омер праша:“ Каде патувате?“ Абдуллах одговори: “Во светата куќа!“ По ови одговори Омер заклучи дека во  караванот има некој алим(учител) многу учен човек, и затоа му нареди на човекот да праша

“Што е во Куранот највеличенствено?“ Абдуллах одговори:

“Аллаху ла илахе илла хув(ајетул курсиј).“ Омер рече: 

“Прашај што е во Кур’анот најправедно и најпресудно?“ Абдуллах одговори:

“Аллах ви наредува праведност, правење добри дела и помагање на роднините...“(ајет).Омер повторно рече: “Прашај ги кој ајет од Кур’анот е најправеден“ “Кој ќе направи добро колку зрно,ќе го  види,и кој ќе направи зло  колку зрно,ќе го види“-одговори Абдуллах Омер рече:

“Прашај  ги што  е во Кур’анот најстрашно?“-“Таа нема да биде ниту по желбите ваши,ниту по желбите на следбениците на книгите.Кој ќе направи лошо дело ќе биде казнетт.“

Омер рече:“Прашај ги што е тоа во Кур’анот што дава најмногу надеж?“Абдуллах одговори:-“Рече: О робови мои  кои кон себе сте се огрешиле,не губите надеж во Аллаховиот милост! Аллах сигурно сите гревови ќе ги прости.Тој, навистина многу простува, и Тој е милостив.“(39:53)Омер рече:- Прашај ги: дали меѓу нив е Абдуллах ибн Мес’уд? Од караванот одговорија:“ Да валлахи тој е со нас!

Абдуллах ибн Мес’уд не беше само  учач,алим,побожник и аскет,тој,кога најповеќе ќе затребаше,беше и цврст,решителен муџахид,и прв излегуваше во борба,Доволно е да се каже дека тој е првиот човек по Пејгамберот с.а.в.с. кој на земјинава топка наглас проучил нешто од Кур’анот.Еднаш во Мекка се собраа асхабите другарите на Пејгамберот,а тогаш тие се уште беа многу малку и  беа во тешка положба.Еден од нив рече: “Валлахи,курејшиите уште не слушнале Кур’ан да им е проучен наглас,  па кој ќе отиде и да им проучи нешто за да слушнат?“-Јас ќе им овозможам да го слушнат!“-рече Абдуллах ибн Мес’уд.

Другарите му рекоа: “Се плашиме за тебе, би сакале тоа да го направи некој кој има цврста роднинска позадина која би го штитела и чувала доколку посакаат да му нанесат зло.“А бдуллах рече:

“Оставете ме, Аллах ќе ме штити и чува.“ Утредента предпладне Абдуллах отиде во харемот и дојде до местото ко се вика Мекаму Ибрахим, застана и почна да учи  наглас Кур’ан. додека пак во близина се наоѓаше  група курејшии кои седеа околу ќабето. Тој заучи:-“Бисмиллахир-рахманир-рахим, Еррахман’аллеме-л Кур’ан,халека-л-инсан,аллмеху-л-бејан...“

Абдуллах продолжи да учи понатака се додека зачудените курејшии не се  знајдоа и не извикаа: “Што зборува ибн Умми Абд?! Тешко нему, па тој зборува нешто од она што го зборува и муахммед,“Потоа скокнаа и почнаа да го удираат Абдуллах по лицето додека тој и  натака учеше се додека не проучи онолку колку што сакаше Аллах. Потоа тој се врати кај своите другари, додека крвта му течеше по лицето. Другарите му рекоа: “Тоа е она поради што се плашевме за тебе!3Тој одговорил-“Се колнам во Аллах, Аллаховите непријатели не изгледаа побезопасно во моите очи отколку што се сега. Ако сакате и утре ќе го направам истово.“Тие му рекоа:-“Доста е,доволно е ова,Успеа да им го кажеш она што не го сакаат и што им е непријатно да го слушнат.“

Абдуллах ибн Мес’уд живееше се до времето на владеењето на Халифата Осман р.а.. Кога се разболе  со смрна болест , во посета му дојде Халифата  Осман р.а. и го праша: “што те мачи пријателе мој?“ Моите гревови“- одговори Абдуллах. “А ШТО НАЈМНОГУ БИ САКАЛ ТИ?“-“Аллаховата  милост“ -одговори. “Сакаш ли да наредам да ти го  дадат сето она што последниве години  одбиваше да го примиш?“ праша халифата. “Ништо не ми треба од тоа“- одговори абдуллах “Ќе им остане на твоиете ќерки по тебе“рече халифата

 “Зарем ти  се плашиш од сиромаштво за моите ќерки?“

праша абдуллах.“ Јас на моите ќерки им наредив секоја ноќ да ја учат сурата Ел Ваки’а,бидејќи навистина  го слушнав Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.  како рече: Кој секоја ноќ ќе ја проуќи сура Ваки’а, никогаш нема да го снајде сиромаштија или друга потреба,“

А кога настапи ноќта Абдуллах ибн Мес’уд се пресели меѓу  најизбраното друштво,а неговиот јазик се до последниоте воздишки од неговиот живот го спомнуваше Аллаховото име и ги учеше неговите јасни ајети...

 

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK

од Книга:  Од животот на Асхабите

афтор: Др Абдуррахман Ра’фат ел- Баша

Category: АСХАБИ | Added by: tewhid
Views: 514 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube