Main » Files » АСХАБИ

АБДУЛЛАХ ИБН АББАС .ОД ЖИВОТОТ НА АСХАБИТЕ
08.02.2014, 10:55 PM

“Тој е момче меѓу зрели луѓе.Љубопитен е и паметен.“

                               (Омер ибн Хатттаб

Овој вреден асхаб беше посебен од неколку причини. Имаше чест да биде асхаб1 на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с и да се дружи со него,иако тоа дружење беше кратко.

Втората чест му беше таа што беше еден од најучените асхаби и затоа го викаа Хибру Уммети Мухаммед (мастило на умметот ) на Мухаммед с.а.в.с.). Четвртата чест на Ибн Аббас е теквалук (богоплашливост).

За него се вели дека дење постел,а ноќите ги поминувал во ибадет и во секоја прилика правел истигфар2. Многу плачел од страв од Аллах џ.ш така што на лицето му останале две црти.Абдуллах ибн Аббас е прав научник кој вистински го спозна Аллах џ.ш. Беше најдобар познавач на Кур’анот  најспособен во тефсирот-толкувањето на Кур’ан-и-керим најспособен во изнаоѓањето на неговата смисла и значење.

Ибн Аббас се роди три години пред Хиџра.Имаше само тринаесет години кога Аллаховиот Пратеник се пресели на Ахирет. И покрај толку краткото другарување со Аллаховиот Пратеник,сепак успеа да научи илјада и шестотини шеесет хадиси кои ги забележале Бухари и Муслим во своите Сахихи.

--------------------

1 другар

2 барал опрост

Веднаш кога се роди, неговата мајка го донесе кај Аллаховиот Пратеник и тој му  ја стави својата мубарек/3 плунка во неговата уста и тоа беше прво што му беше ставено на детето во уста.Со неа влезе богоплашливост,,, мудрост,а кому Аллах му беше даде мудрост-му дал многу добро. Абдуллах постојано беше со Пратеникот.Кога Аллаховиот Пратеник посакуваше да се абдести/4, Ибн Аббас му ја приготвуваше водата, а  кога ќе  патуваше, со  себе го земаше и Ибн Аббаса и го ставаше на седлото зад себе. Ибн Аббас, нека Аллах е задоволен  со него/5.  беше вистинска сенка на Аллаховиот Пратеник. Беше со чисто срце, разум и остроумност.

Тој ни го пренесува своето доживување со Аллаховиот Пратеник и кажува: “ Во една прилика Аллаховиот Пратеник сакаше да се абдести,јас побрзав да приготвам се што беше потребно за абдест,и мило му беше за тоа што го направив.И бидејќи сакаше да клања, ми даде ишарет да застанам крај него.па јас застанав зад него.А кога го заврши намазот, се заврти кон мене и ме праша:“Зашто не застанаа до мене о Абдуллах?“ Одговорив: “Од почит кон тебе. Пратениче.“ Ги подигна рацете Аллаховиот Пратеник и го замоли  Аллах џ.ш .со ова дова:“Аллаху мој подари му мудрост.“

И Аллах џ.ш ја сослуша довата на Пратеникот с.а.в.с. и му даде мудрост на Ибн Аббас со која ги надмина најголемите мудреци.За неговата ученост и мудрост најдобро ни говори случката која се случи во времето на владеењето на Алија р.а. Бидејќи некои асхаби се разидоа со Алија околу спорот со Муавија р.а, Абдуллах ибн Аббас му се обрати:“Дозволи ми, о Владателу на правоверните, да разговарам со твојот противник.“ Алија р.а му одговори:“Јас се плашам за тебе.“ “Сето тоа ќе биде во ред иншаллах“-додаде ибн аббас.

Потоа тргна кон нив, и ги најде окупирани со ибадет.Тие му изразијја добредојде:“Добре дојде, о ИБН Аббас! Од каде ти?“ одговори:“Дојдов да поразговарам со вас.“ Некои од нив рекоа:“Не разговарате со него!: А некои рекоа: “Зборувај, ќе те  сослушаме!“ Абдуллах рече: „Кажете ми што му замерувате на Алија, братучедот на Аллаховиот Пратеник, мажот на неговата ќерка и првото дете кое прифати Ислам?“

Потоа тие наведоа што му замеруваат на Алија р.а. и зашто тие се одвоиа од него.“Имаме забелешка на него за три прашања!“-“Кои се тие?“- ги  запраша Абдуллах. Одговорија: “Прво: тој прифати да им се суди на луѓето во Аллаховата вера. Второ: тој се бореше против Ајша и муавија, а не зеде воен плен ниту заробеници.Трето: ја острани од себе титулата емиру-л- му’минин-Предводник на верниците,и покрај тоа што му’мините го избраа и положија заклетва за тоа.“

Абдуллах ги запраша: “Што мислите,кога јас би ви донел доказ од Аллаховата книга-Кур’анот и Суннетот на Аллаховиот Пратеник (за вашите погрешни ставови), што не би можеле да го негирате,ќе остапите ли од вашите ставови на кои сте сега?“-“Да.ќе одстапиме.“ рекоа тие. Потоа Ибн Аббас продолжи да разговара со нив.“Што се однесува до вашите забелешки на постапките од Алија за некои негови пресуди на луѓето: Возвишениот Аллах џ.ш. вели:“О верници не ловите додека сте во во Ихрамите! А кој од вас намерно убие (дивеч) казна му е (да жртвува) едно домашно животно слично на она кое го убил.“(ЕЛ-Маиде 95). За тоа ќе донесат пресуда двајца праведни луѓе помеѓу вас. Живи Аллах, дали пресудата на луѓето за спречување крвопролевање и помирување на зајак чија вредност не преминува ни четварт дирхем?!“ Одговорија: “Поважно е да се спречи крвопролевањето и помирување меѓу луѓето/“ Па ги запраша:“Дали се согласифте по  ова прашање?“

“Да“ -одговорија.Потоа продолжи:“Што се однесува до вашата забелешка кога Алија не зел заробеници, како што правеше Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. па зарем сакате да ја заробеше вашата мајка Аиша и да ја изедначи со робинките? Па ако речите да, тогаш вие со тоа постанувате кафири,а ако речите дека таа не е ваша мајка, исто така со таа негација би станале кафири.бидејќи Аллах џ.ш. а  жените негови се мајки нивни!“Па одберете за себе што сакате. А потоа ги праша:“Дали се согласивме по ова прашање?“-“Да“- одговорија,а потоа продолжи: “Што се однесува до вашата забелешка дека Алија ја отсранил титуата емиру-л-му’минин. зарем Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. воо еден акт кој го потпиша со мушриците на Худејбија не го изостави Ресулуллах.Кога мушриците му приговорија за потписот-Мухаммед,Аллахов Пратеник, му рекоа:“Да те признавме за пратеник, не би те спречувале да дојдеш во Бејтуллах и не би се бореле против тебе.Па му рекоа, пиши:Мухаммед ибн Абдуллах. Па така и направи велејќи им: “Се колнам во Аллах, јас сум  Пратеник, па макар вие и не ме прознавале.Па дали се сложивме во ова прашање?“Да“-одговорија тие.

Разврската од таа расправа беше дека Абдуллах успеа да ги врати во редовите на Алија р.а. дваесет илјади од дбаесет и четири илјади. Четири илјади противници на Алија р.а останаа упорни од инает и тврдоглавост. Ваков успех во посредувањето успеа да постигне благодарејќи на неговата мудрост и на јасните докази.

Од својата рана младост, уште како дете започна  да се интересира за науката и во тој поглед  не жалеше труд.Ги имаше сите  услови за тоа. Душата ја напојуваше од чист извор се до смртта на Аллаховиот Пратеник. Потоа своето знаење го комлетира од  останатите учени асхаби. Абдуллах ибн Аббас ни ги раскажува доживувања на патото кон стекнувањето на науката и вели:

“Кога че слушнев хадис од некој од асхабите, му одев пред куќната врата за време за пладневниот одмор, и ќе ја ставев мојата наметка под глава пред неговата куќна врата. Ветерот нанесуваше прашина врз мене, а да тропнев на вратата, ќе ме пуштеа да влезем. Тоа го правев така од почит(едеб) кон оној од кого учев.А кога че излезеа од куќата, се чудеа кога ќе ме видеа во таква состојба. Потоа ми се обрачаа со зборовите:“О братучеду на Аллаховиот Пратеник. што те донесе овде? Зашто не ми препорача, па јас ќе дојдев кај тебе! Јас ќе му одговорев: Јас треба да дојдам  кај тебе, бидејќи кон науката се оди(на нозе),а науката сама не доаѓа.“А потоа ќе го прашав за хадисот.

 

Како што Ибн Аббас беше многу скромен во барањето наука, исто така знаеше да ги почитува и учените луѓе,улемата. Дека тоа е така, најдобро може да ни потврди овој пример со зејд ибн Сабит,

писарот на Објавата и најспособниот човек во Медина по прашањата на судската постапка,Фикхот, учењето Кур’ан и наследно право

Во една прилика Зејд ибн Сабит сакаше да ја јавне камилата,а Ибн Аббас, од почитување, го зеде оглавникот од камилата и му помогна да се качи, Ибн Аббас се однесуваше како роб кон својот господар.Зејд му  рече: “Не требаше тоа, О ибн  Аббас!“- на што Ибн Аббас му одговори: “Вака ни е наредено да постапуваме кон учените.“ Зејд повторно му се обрати:“Дај ми ја својата рака.“ Му ја подаде раката, а Зејд ја прифати и ја бакна велејќи:“Вака ни е наредено да постапуваме со семејството на нашиот  Пејгамбер.“

Ибн Аббас беше неуморен во барањето наука така што израснаа во еден врвен експерт и познавач на повече области од исламските науки.Еден од големите табиини Месрук ибн ел-Еџдев за ибн Аббас рече “Кога че го видев Ибн Аббас ќе речев: Најубав човек. А кога нешто ќе прозбореше, ќе речев: Најречит човек! А кога ќе држеше ваз, ќе речев:Најучен човек.“

Кога Ибн  Аббас го потполни своето знаење и остана голем научник, тој тоа свое големо знаење настојуваше да им го пренесе и на другите. Неговата куќа се претвори во вистински универзитет за муслиманите, рамноправен на денешните универзитети имаат десетици и стотици професори. а на “ универзитетот“ кај Ибн Аббас тој беше сам.

Ни раскажува за него еден од неговите другари: “Видов кај Ибн Аббас многу народ.не само куќата, туку и улиците во близина станаа претесни. Влегов кај него и го известив за големата маса луѓе кои беа дојдени кај него. Нареди да му се донеси вода за да се абдести, и откако се абдести.седна и им рече:“Излези и речи им:- кој сака да праша нешто за Кур’анот и начинот на учење нека влезе.Излегов и им го реков тоа. и влегоа луѓе во толкав број,така што ја наполнија куќата.Се што прашаа.тој му одговори.Не само што ги одговори поставените прашања, туку беше и многу поопширен. Потоа Ибн Аббас им рече:“Ослободете место за вашите браќа“,па тие излегоа

Потоа Ибн Аббас мене одново ми се обрати со зборовите:“Излези и речи кој сака да праша за халалот и харамот и воопшто од областа на Фикхот нека влезе!“ Јас излегов и им го реков тоа. Влегоа луѓе во толкав број, така што ја наполнија куќата. Што и да беше прашан, тој им одговори и повече од тоа.Ослободете место за другите, им рече Ибн Аббас.

Излегоа,а мене ми нареди да излезам и да прашам кој сака да праша нешто на наследно право да влезе.Излегов и им реков.И  овој пат куќата беше полна со заинтересирани луѓе за таа област. И овој пат што и да беше прашан одговори и повеќе од тоа. Кога заврши со нив им рече: “Ослободете место за другите“, па тие излегоа

А потоа мене ми нареди на излезам да прашам, и да ги повикам оние луѓе кои имаат прашања од областа на синтаксата,арапска књижевност и туѓите зборови.И овој пат куќата беше полна и им одговори на сите поставени прашања.

Оваа голема толпа луѓе го принуди да ги распореди деновите од неделата по области за повторно да не создаде таква гужва како што беше тој ден.Одреди еден ден само за тефсир,еден ден само за Фикх, еден де само кој ќе разговараше со него од учените.го признаваше неговото големо знаење,а кој нешто ќе го прашаше, Ибн Аббас имаше одговор на тоа прашање.

Ибн Аббас многу рано се пресели како добар алим. Тоа големо знаење кое  го поседуваше го направи да биде советник на четворицата халифи иако беше многу млад. За секое тешко прашање, на Омер р.а  не му беше тешко, иако беше халифа и постар од него, да му се обрати на Ибн  Аббас, или на другите учени

Омер р.а имаше посебен респект кон Ибн Аббас бидејчи многу го почитуваше неговото мислење.Некои дури му забележуваа што толку многу го Форсираше како дете. Ибн Аббас ниту во деновите на изучување и потрагата за наука не го забораваше обичниот свет-обичните луѓе и неговата обврска кон нив, бидејќи имаше обичај да им закажува вазови и дерсови.Често им се обрачаше на Грешниците со зборовите: “О грешници, немојте да бидете сигурни за завршницата на вашиот греб,знајте дека она што произлегува од гревот поголемо е од самиот грев. Твојата бесмртност од оние кои се на твојата десна и лева  страна во моментот на грешењето е поголемо од самиот грев Твојето смеење во моментот на правење е грев. а ти знаеш како Аллах џ.ш, ќе те казни. поголемо е од гревот. Твојето задоволство со гревот кој го правиш, поголемо е од гревот. Твојата безгрижна совест поради направениот грев, поголемо е од  гревот,Твојот страв од ветерот кој ја виори твојата облека, а твојето срце не се возбудува пред погледите на Возвишениот Аллах џ.ш тоа е поголемо од гревот.Знаеш ли  каков беше гревот на Ејјуб а.с поради кој Аллах џ.ш го стави на големо искушење во телесен и материален поглед? Неговиот грев беше одбивањето да му пружи помош на човекот во неволја кој бараше од Ејјуб а.с да го спречи зулумот врз него

Ибн Аббас не беше од оние кои едно зборуваат а друго прават. Тој, дење постеше,а ноќите ги поминуваше во ибадет. Не извести Абдуллах ибн Мулкете:“ Патував со Ибн Аббас р.а., од Мекка во медина.Кога ќе застаневе да преноќеваме.тој половина ноќ ја поминуваше во ибадет, додека другите спиеја од силниот замор. Една ноќ го слушнав како го учи овој ајет:“И ќе дојдад смртните маки навистина, и тоа е она од кое не можеш да побегнеш.“(Каф,19). Постојано го повторуваше овој ајет плачејќи,тоа го правеше се до зората. Честото плачење му направи две црти на лицето.“

За ученоста и популарноста на Ибн Аббас р.а., најдобро ни зборува ова случка.Кога истата година тргнаа на хаџ тој и халифата Муавија ибн  Ебу Суфјан, заедно со халифата тргнаа и неговите соработници и симпатизери.Сепак, дружината на халифата на Ибн Аббас беше поголема од дружината на халифата, иако Ибн Аббас р.с немаше никаква власт.Во дружината на Ибн Аббас се наоѓаа сите оние кои беа желни за наука

Ибн Аббас живеа седумдесет и една година. за тоа време тој ја наполни земјата со наука, мудрост и богоплашливост. Џеназето му го клања Мухаммед ибн Ханефи, еден од синовите на Алија р.а и останатите асхаби и табиини.Додека го закопуваа. слушнаа како некој го учи овој ајет:“О душо смирена врати се кај Господарот свој задоволна, а и Тој со тебе задоволен па влези меѓу робовите Мои,и влези во Џеннетот Мој.“(Ел-Феџр.27-30_

припрема и обработка
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk

од книга-Од животот На Асхабите
автор Др.Абдуррахман Рафат ел-Баша

 

 

 

 

 

Category: АСХАБИ | Added by: tewhid
Views: 384 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube