
Текстот на ова правило: Секое дело за кое ќе се утврди дека е ибадет, упатувањето на истото на Аллах се смета за Теухид, додека упатувањето на друг (не на Аллах) се смета за Ширк и негирање на Теухидот.
Доказ за ова правило се многу ајети од кои ќе ги издвоиме:
„И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте...“ (Ен Ниса, 36)
„Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате...“ (Ел Исра, 23)„Кажи: Дојдете да ви кажам што ви пропишува Господарот ваш: ништо да не Му здружувате...“ (Ел Ен’ам, 151)
Примери:
Довата (молитвата) е ибадет и доколку истата му се упати на некој друг станува Ширк.
Стравот е ибадет и доколку од некого друг се плашиме онака како што треба да се плашиме од Бога, таквото дело станува Ширк.
Курбанот е ибадет и доколку истиот му го принесеме на некој друг а не на Аллах станува Ширк.
Заветувањето е ибадет и доколку некој се заветува во нечие друго име освен на Аллах, таквиот завет станува Ширк.
Видови на Љубов
Љубовта можеме да ја поделиме на четири вида:
- Љубов која е ибадет, да го сакаш Аллах и сето она што Возвишениот го сака. Доказ за овој вид на љубов е ајетот:
-
„Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах!“ (Ел Бекаре, 165)
< >Љубов која е Ширк кога некој се сака на начин како што се сака само Аллах со потчинување и величање кое му доликува само на Аллах, џел-ле ше’нуху. Доказ за овој вид на љубов е ајетот:
„Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли ги сакаат како што Аллах се сака!“ (Ел Бекаре, 165)
Љубов која е грев, да се сакаат гревовите, бидатите и забранетите работи. Доказ дека ваквата љубов е грев е ајетот:
„Тие што сакаат за верниците да се шират бесрамни гласини, ги чека тешка казна и на овој и на оној свет, Аллах знае сe, а вие не знаете.“ (Ен Нур, 19)
Природната љубов, каква што е љубовта кон децата, сопругата, себеси и истата е дозволена. Доказ е ајетот:
„На луѓето им е разубавен копнежот кон страстите, жените, синовите, куповите од злато и сребро, расните коњи, добитокот и посевите. Тоа се насладувањата од овосветскиот живот; а најубавото место за враќање е кај Аллах!“ (Али Имран, 14)
Ел Хауф – Страв
Стравот е состојба на возбуденост предизвикана од претчувство (очекување) на пропаст, нанесување на штета или вознемирување.
Видови на страв:
Страв кој е Голем Ширк. Тоа е скриениот страв од некој друг а не од Аллах, субханеху уе те’ала, за работи кои може само Аллах да ги направи. Доказ се зборовите на Возвишениот:Вид на страв кој е забранет (харам). Таков е оставањето на верска должност или чинењето на грев заради страв од луѓето. Доказ се зборовите на Возвишениот: „…не плашете се од луѓето, туку плашете се од Мене...“ (Ел Маиде, 44)
- Вид на страв кој е дозволен (џаиз). Во овој вид на страв спаѓа природниот страв како на пример страв од лав, од непријател, од неправеден владетел и сл. Доказ за дозволеноста на овој вид на страв е ајетот:
-
„И Муса во градот осамна исплашен, очекувајќи што ќе се случи...“ (Ел Касас 18)
- Страв кој е ибадет. Во овој вид на страв спаѓа стравот единствено од Аллах, Единствениот, субханеху уе те’ала, на Кој не му се здружува никој. Доказ е ајетот:
-
„А на тој што од стоењето пред Господарот свој се плашел, ќе му припаднат две градини (два џенета)“ (Ер Рахман, 46)
Видови на страв од Аллах, субханеху уе те’ала
< >Страв кој е пофален и кој те спречува од гревовите и те поттикнува да ги извршуваш своите должности кон Аллах, џел-ле ше’нуху.Страв кој е покуден за тоа што предизвикува бесперспективност и губење на надеж во Аллаховата милост.
Ер Реџа - Надежта
Јазичното значење е очекување, надевање и исчекување на посакуваното.
Надежта можеме да ја класифицираме во три групи:
< >Надеж која е ибадет и која е поврзана само со Аллах, Единствениот. Истата се дели на два подвида:Надеж која е пофалена и која освен надевањето во Аллаховата милост подразбира и чинење на добри дела и покорност кон Аллах.Надеж која е покудена и која не е попратена со дела на покорност кон Бога и се работи за пуста желба и надежНадеж која е Ширк. Да се надеваш во некого друг а не во Аллах, за работи кои ги поседува само Аллах, џел-ле ше’нуху.Надеж која е природна/вродена. Да се надеваш од личност за работи кои може да ги направи и кои ги поседува. Пример е реченицата: Се надевам дека ќе присуствуваш.
„Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик.“ (Ел Кехф, 110)
припрема
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk
од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма
Автор:
Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил
Превод:
М-р. Талха Куртиши
|