Main » Files » АКИДА |
06.14.2014, 8:45 PM | |
Етимолошки заколнувањето значи обврзување со нешто. Во Исламската терминологија тоа значи потврдување на некое тврдење, пропис преку спомнување на некој што е величан по некоја од буквите за заклетва (во арапскиот јазик тие букви се و вав, како во Валлахи, ب ба како во Бил-лахи и ت та како во Таллахи) Ова заколнување се нарекува и Јемин или Касем. Верски пропишано заколнување е:
Прописот за заколнување со некој друг освен Аллах
И тука имаме двоен пропис:
а. Доколку тој во чие име се колне се велича до степен на обожување, се велича како што се велича само Аллах, тогаш се работи за голем Ширк. б. Доколку тој во чие име се колне се велича но не до степен на изедначување со Аллах тогаш прописот за ова дело е мал Ширк.
Доказ за заколнување со некој друг освен Аллах е хадисот:„Тој што ќе се заколне во некој друг освен Аллах направил дело на неверство (куфр) или многубоштво (ширк).“ (Ебу Давуд и Тирмизи, Албани го оценил како веродостоен - Сахих)
Примери за заколнување со некој друг освен Аллах
Кратко сиже на прописите поврзани со заколнувањето
Откупнина за тој што се заколнува со некој друг освен Аллах
Тој треба да каже: Ла илахе ил-лаллах. Доказ се зборовите на Божјиот Пратеник, Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, кој вели: „Кој ќе се заколне и во својата заклетва ќе каже се колнам во Лат и Узза (предисламски идоли) нека каже: Ла илахе ил-лаллах.“ (Муттефекун алејхи)
Спомнување на Аллах и некое негово создание со употреба на сврзникот „и“
Тука мислиме на спојување на Аллах и на некој кого Аллах го создал со сврзникот „и“ за дело во чие што случување има удел и создадениот.
Примери се следниве реченици:
И реченици слични на овие.
Исламскиот пропис за ова дело
И тука имаме двоен пропис:
а. Доколку е убеден во еднаквоста помеѓу Создателот и создадениот, тогаш се работи за голем Ширк па дури наместо сврзникот „и“ да рече „па“. б. Доколку не е убеден во еднаквоста тогаш се работи за мал Ширк.
Како е исправно да се каже?
Разликата помеѓу „и“ и „па потоа“ во вие формулации
Сврзникот „и “ упатува на споредба и изедначување. Зборовите „па потоа“ укажуваат на редослед.
Зборчето „Да“
Од аспект на Исламската акида користењето на ова зборче има три прописа:
Доказ е хадисот: „Да го знаев она што сега го знам со себе (на Хаџ) немаше да го земам курбанот (за Киран) и ќе направев Теметту’ хаџ[1].“ (Муттефекун алејхи)
Пример: Да имав богатство ќе им поделев на сиромашните. Доказ се зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, во приказната за четворицата во која едниот од нив рече: Да имав имот ќе направев како што направи тој и тој (изразил желба за добро дело). За истиот Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, рече: „Тој е со својата намера и нивната награда е иста.“ (Ахмед и Тирмизи, Албани вели дека хадисот е Сахих)
[1] При овој вид на Хаџ не е услов да се донесе курбанот со себе како кај видот на Хаџ кој се нарекува Киран - Да го употреби за да му се спротивстави на шеријатски пропис. Доказ е ајетот: „На тие што не се бореа, а за браќата свои говореа: „Да нè послушаа, немаше да загинат.“, кажи им: „Па вие смртта избегнете ја, ако вистината ја зборувате!“ (Али Имран, 168)
Кудење на времето
Се мисли на зборови со кои се куди и псуе времето.
Прописите за кудење на времето се делат на три вида:
Кудењето на времето е навреда за Аллах, субханеху уе те’ала
Божјиот Пратеник, Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: „Аллах, Возвишениот вели: Синот Адемов ме навредува. Го псуе времето а времето сум Јас, ги менувам дните и ноќите.“ (Муттефекун алејхи) Зборовите Јас сум времето значат: Управувам со времето и го уредувам времето.Напомена: Ед Дехр не е од Аллаховите имиња.
Две правила поврзани со говорот
| |
Views: 531 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |