Main » Files » АКИДА

Врската помеѓу Исламот, Иманот и Ихсанот
06.14.2014, 7:55 PM

 

Ако сите овие термини ги споменеме заедно на едно место тогаш секој од нив има посебно значење:

  • Исламот се однесува на видливите дела.
  • Иманот се однесува на невидливите дела.
  • Ихсанот се однесува на највисокиот степен на верата.

Доколку било кој од овие термини се спомене посебно тогаш ги имаат следниве значења:

  • Спомнувањето на Исламот го подразбира и Иманот.
  • Со спомнувањето на Иманот се подразбира и спомнување на Исламот.
  • Со спомнувањето на Ихсан се опфаќа и Исламот и Иманот.

 

Ибадет - Обожување

 Ибадетот има три столба:

  • Љубовта
  • Стравот
  • Надежта

Условите кои треба да се исполнат за да еден ибадет се прими се:

  • Искреноста, а доказ за овој услов е ајетот„а наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат...“  (Ел Бејјине, 5)< >Следењето на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, а доказ за овој услов е хадисот: „Кој ќе направи дело кое не е од нашата вера, истото ќе му биде одбиено.“ (Бухари и Муслим) 

     

    Видови на покорност/обожување:

     

    • Ибадету кеунијје (обожување кое е дел од Аллаховата универзална волја и одредба). Ова покорување ги опфаќа сите создадени, верниците, неверниците, добрите и непокорните. Доказ е ајетот: „Та, сите тие, и тие на небесата и тие на Земјата, ќе Му дојдат на Семилосниот како робови.“ (Мерјем, 93)
      • Ибадету шер’ијје (покорување на Аллаховата верска волја и наредба). Ова покорување е специфично за верниците кои му се покоруваат на Аллах, џел-ле ше’нуху, и го следат патот на Божјите Пратеници, алејхиму селам. Доказ е ајетот: „А робови на Семилосниот се тие кои по Земјата мирно одат...“  (Ел Фуркан, 63)

        припрема 
        http://www.tewhid.ucoz.org
        http://www.facebook.com/Tewhid.mk

        од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма

        Автор:
        Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил


        Превод:
        М-р. Талха Куртиши

Category: АКИДА | Added by: tewhid
Views: 424 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube