
- Познавање на Господарот, Аллах, џел-леше’нуху.
- Познавање на Исламот
- Познавање на Божјиот Пратеник, Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.
Овие се воедно и трите прашања кои ќе ни бидат поставени во гробот/кабурот.
Првото начело: Познавање на Господарот, Аллах, џел-леше’нуху
Кај ова начело важни се следниве работи:
- Аллах е нашиот Господар кој нé создал и не одржува во живот нас и сите светови.
- Само Аллах го обожуваме и никого друг не обожуваме освен Аллах.
- Аллаха, го осознаваме преку Неговите ајети (знаци) и сето она што го создал. Од Неговите знаци се ноќта, денот,сонцето и месечината и од она што тој го создал се и седумте неба, седумте земји, тоа што е во нив и помеѓу нив.
Второто начело: Познавање на Исламот
Треба да знаеме дека:
- Единствената вера која е примена кај Аллах, субханеху ве те’ала, е Исламот.
- Ислам е да му се предадеш на Аллах, искажувајќи го Теухидот (верувањето дека Аллах е единствениот вистински Бог), да му се покоруваш Нему спроведувајќи ги Неговите прописи, и да се одрекнеш од Ширкот и тие што чинат ширк.
- Исламот има три степена: Ислам, Иман и Ихсан
Третото начело: Познавање на Божјиот Пратеник, Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.
Треба да го знаеме следново:
- Неговото име и потекло: Тој е Мухаммед б. Абдуллах б. Абдул Муталиб б. Хашим. Хашим е од племето Курејш кои се Арапи, а Арапите се потомци на Исмаил, алејхи селам, кој е син на Ибрахим, алејхи селам.
- Живеел 63 години, 40 години пред да стане Божји пратеник и 23 години како Божји пратеник.
- Објавата (нубувет) му почнала со ајетот Икре-Читај додека неговото посланство (рисале) почнало со поглавјето (Ел Муддесир).
- Роден е во Мекка додека местото на Неговото преселување Хиџрет е Медина.
- Целта на Неговото, сал-лаллаху алејхи ве селем, праќање како Божји Пратеник било да ги опомене луѓето да не чинат Ширк и да ги повика да го реализираат Теухидот.
КУФР
Јазичкото значење на зборот куфр е прекривање и засолнување.
Шеријатското значење е Спротивност на Исламот
Постојат два вида на Куфр:
Голем Куфр
Мал Куфр
Кај големиот Куфр значајни се следниве работи:
- Според дефиницијата Куфр е неверување во Аллах и Неговите пратеници без оглед дали истото е пропратено со негирање или не.
- Исламскиот пропис за Куфрот е дека тој што ќе направи Куфр излегува од верата.
- Има пет вида на голем Куфр:
- Неверување со негирање, а доказ е ајетот:
„Има ли понеправеден од оној кој што за Аллах измислува лаги и ја порекнува вистината која му дошла. И зарем на неверниците не им е местото во Џехеннем.“ (Ел Анкебут, 68)
- Куфр на непокорување, вообразеност и надменост со истовремено потврдување.
Доказ се зборовите на Возвишениот:
„И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“, тие сите се поклонија освен Иблис, кој одби, се вообрази и стана неверник.“ (Ел Бекаре, 34)
- Куфр на сомнеж - неубеденост
Аллах, субханеху ве те’ала, вели: „И влезе во градината своја, правејќи си насилство на себе си, велејќи: „Не мислам дека ова некогаш ќе пропадне, и не мислам дека Крајот на светот некогаш ќе дојде; а ако Му бидам вратен на Господарот свој, сигурно нешто подобро од ова ќе најдам.“ И другарот негов му рече, додека со него разговараше: „Зарем не веруваш во Тој што од земја те создал, потоа од капка семе, и на крајот потполн човек те направил? Што се однесува до мене, Тој, Аллах, е мој Господар и јас на Господарот свој не Му здружувам никого.“ (Ел Кехф, 35-38)
- Куфр на дистанцирање/оддалечување од верата
Доказ е ајетот: „…но неверниците ги вртат главите од тоа со што се опоменуваат.“ (Ел Ахкаф, 3)
- Куфр на дволичноста/лицемерието
Доказ е ајетот:
„Тоа е затоа што беа верници, па станаа неверници, и тогаш срцата им се запечатија, па не сфаќаат.“ (Ел Мунафикун,3)
Мал Куфр
Неопходно е да се обрати внимание на следниве прашања:
- Значењето на кованицата мал Куфр. Тоа е секој грев кој во Куранот и во Суннетот се нарекува куфр но не го достигнал степенот на голем Куфр.
- Прописот поврзан со малиот Куфр, е дека тој е строго забранет и е еден од големите гревови со кој не се излегува од верата.
- Примери на мал Куфр
- Негирање на Аллаховите благодети:
„Аллах како пример наведува град, сигурен и спокоен, на кој во изобилство му доаѓала храна од сите страни, но кој бил неблагодарен на Аллаховите благодати, па поради тоа што го правел, Аллах му дал да искуси и глад и страв.“ (Ен Нахл, 112)
- Судир на муслиманот со друг муслиман. Доказ е хадисот: „Псуењето/навредувањето на верник е грев додека војната против него е куфр.“ (Муттефекун алејхи)
- Навредување на потеклото на други луѓе.
- Оплакување на мртвите. Доказ е хадисот: Две присутни работи кај луѓето се сметаат за куфр, навредување на потеклото на други луѓе и гласно оплакување на мртовец.“ (Муслим)
припрема
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма
Автор:
Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил
Превод:
М-р. Талха Куртиши
|