Main » Files » АКИДА

ТЕУХИДОТ Е НАЈВАЖНИОТ СТОЛБ НА ИСЛАМОТ
06.14.2014, 5:32 PM

  1. и неможно е човек да стане муслиман Теухидот е најважниот столб на Исламот доколку не го потврди единството на Аллах и доколку не биде убеден дека Аллах е единствениот кого требаме да го обожуваме, негирајќи ги истовремено лажните божества.

Божјиот Пратеник, алејхи селам, рекол: Исламот се издигнува врз пет (столба):

  • Сведочењето дека нема друг  Бог (кој што заслужува да се обожава) освен Аллах и дека Мухамед е негов пратеник,
  • Клањањето на намазот
  • Давањето на Зекатот
  • Постењето на месецот Рамазан
  • и обавувањето на Хаџот. (Муттефекун алејхи)

 

  1. Теухидот е прва и најважна должност на луѓето. Тој е пред сите останати должности заради високата позиција и големата важност. Впрочем Теухидот е првата работа кон која се повикуваат луѓето.

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, испраќајќи го својот другар Муаз, Аллах нека е задоволен со него, во Јемен му рекол: „Пратен си кај народ од следбениците на Книгата. Првата работа кон која треба да ги повикаш е сведочењето дека нема друг Бог освен Аллах..“ Во едно друго предание стои да го реализираат Теухидот. (Муттефекун алејхи)

 

  1. Ниедно дело нема да се прими без Теухид. Теухидот е услов за валидноста на секое дело и основа за прифаќање на делата. Делата не се сметаат за ибадети доколку од нив е изоставен Теухидот, како што намазот е невалиден без условот на чистотата (абдест). Со Ширк делата стануваат безвредни како што и намазот станува невалиден доколку се расипе абдестот. Делата кои наликуваат на ибадети стануваат безвредни и се ништавни доколку истите не се извршени исполнувајќи го условот на Теухидот. Ширкот е причина човекот да ја заслужи вечната казна во Џехеннем.

 

  1. Теухидот дава сигурност на овој и на оној свет и е гаранција за останување на правиот пат. Доказ за ова тврдење е ајетот во кој Возвишениот вели:

 „Ќе бидат сигурни само тие што веруваат и верувањето свое со многубоштвото не го мешаат: Тие ќе бидат на Вистинскиот пат!“ (Ел Енам, 82)

Во дадениот ајет за многубоштвото е употребен зборот неправда, а истиот Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, го прокоментирал како многубоштво.[1] Ибн Кесир во тефсирот на овој ајет напишал: „Тие што ја заслужиле сигурноста и што се на Вистинскиот пат се верниците кои биле искрени во своите ибадети и кои верувањето свое не го помешале со многубоштво. Тие ја заслужуваат сигурноста на оној свет и тие се на Вистинскиот пат на овој и на оној свет.

Ширкот е најголема неправда додека Теухидот е кулминација на правдата.

 

  1. Теухидот е причина за влез во Џеннет и причина за спас од Џехенемскиот оган.

Божјиот Пратеник, Мухамед, сал-лаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе посведочи дека нема друг Бог освен Аллах, кој е еден и единствен, и дека Мухамед е негов роб и пратеник и дека Иса е Аллахов роб и пратеник и Зборот кој Аллах и го пратил на Мерјем и душа од Него дадена, и дека Џенетот е вистина и Огнот е вистина, Аллах ќе го внесе во Џенет со неговите дела какви и да се.“  (Муттефекун алејхи)

Во еден друг хадис стои: „Аллах му забранил на џехенемскиот оган да го казни тој што ќе го изговори Ла илахе ил-лаллах, барајќи го Аллаховото задоволство.“ (Муттефекун алејхи)

 

  1. Теухидот е спас од овоземските и оноземските потешкотии

Познатиот алим Ибн Кајјим, Аллах му се смилувал, напишал: „Теухидот е уточиште, на Неговите одбрани робови како и и на непријатели на Теухидот  .

Што се однесува за непријателите на Теухидот тој им е спас од тешкотиите и маките на овосветскиот живот:

 

[1] Ел Бухари 2/484 а хадисот го пренесува Ибн Месуд, нека Аллах е задоволен со него

 „Кога ќе се качат на лаѓите, искрено му се молат на Аллах, а кога ќе ги спаси и доведе до копното, одеднаш Нему еднакви му припишуваат.“ (Ел Анкебут, 65)

За одбраните Аллахови робови тој е спас од потешкотиите и маките на овој и на оној свет. Тоа е Аллаховиот закон за верниците. Ништо како Теухидот не може да ги олесни и да ги одалечи потешкотиите на овоземниот живот. Затои и молитвата која се чита во тешки ситуации е составено од Теухидот! Таква е и довата на Јунус, алејхи селам која ја проучи во внатрешноста на китот и по која Аллах го спаси а која започнува со зборовите: „Ла илахе ил-ла Енте-Нема друг Бог освен Тебе...“

Нема поголема причина за проблеми од  Ширкот (многубоштвото), додека пак Теухидот е клуч на секое добро и на секое олеснување.

 

  1. Теухидот е мудроста и целта заради која Аллах ги создал Џинните и луѓето.

 

 

Аллах, Возвишениот, вели: Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат. (Ез Заријат, 56) Сите пратеници се пратени, сите книги се објавени, сите верозакони се пропишани за да луѓето (и џинните) на исправен начин му робуваат на Аллах, Едниот и Единствениот.

 Ла илахе ил-лаллах

 

Доказите за ова сведочење се:

Аллах сведочи дека нема друг бог освен Него, а и мелеците (ангелите) и учените, постапувајќи праведно. Нема друг бог освен Него, Силниот и Мудриот!“  (Али Имран, 18)

 

„Знај дека нема друг бог освен Аллах!“ (Мухаммед, 19)

 

Ова тврдење во превод значи: Нема друг вистински Бог освен Аллах.

 

Други преводи кои се неточни:

Нема бог освен Аллах. Овој превод е непрецизен затоа што има и други кои луѓето ги сметаат за богови и ги обожуваат. Вака искажаниот превод би можел да се сфати дека сите божества кои се обожуваат се Аллах што е погрешно.

Нема Створител освен Аллах.  Ова е само дел од значењето на ова тврдење и не е единственото. Доколку ова беше исправен превод тогаш и неверниците од времето на Мухаммед, алејхи селам, ќе беа верници и судирот помеѓу Божјиот Пратеник и нив ќе немаше смисла.

 

Нема друг владетел освен Аллах. И ова значење е непотполно и е само дел од целосното значење на шехадетот. Доколку некој верува дека Аллах е единствениот Владетел а во исто време обожува други божества тој не го реализирал Теухидот.

 

Столбови на шехадетот Ла илахе Негацијата (Нема вистински Бог)

Негаирање на сите видови на ибадет кои му се упатуваат на било кој освен на Аллах.

Потврда (Освен Аллах) ил-ле ллах

Да потврдиш дека единствен достоен за нашите ибадети е Аллах, џел-ле ше’нуху.

Доказ за ова е ајетот:

 

„Тој што не верува во тагутот[1]...“ ова е негација на верувањето во лажните божества

„а верува во Аллах“ е потврда на верувањето во Бога

 

„се држи за најцврстата врска, којашто нема да се прекине!“ (Ел Бекаре, 256)

Друг доказ е и ајетот:

 

„А кога Ибрахим му рече на таткото свој и на народот свој: „Јас се одрекувам од тие коишто вие ги обожувате...“ е делот во кој се негираат лажните божества.

 

„јас Го обожувам само Тој што ме создаде, бидејќи Тој, навистина, на Вистинскиот пат ќе ме упати.“ (Ез Зухруф, 26-27)

 

Кога на човека му користи сведочењето Ла илахе ил-лаллах

 

  1. Кога го знае значењето на тоа тврдење.
  2. Кога работи во склад со значењето на шехадетот, обожувајќи го само Аллах и дистанцирајќи се од сите лажни божества.

 

Условите за валидноста на шехадетот Ла илахе ил-лаллах

 

Изговарањето на шехадетот не му користи на оној што ќе го изговори доколку не ги исполни осумте услови за валидност на шехадетот:

  1. Знаењето кое е спротивност на незнаењето
  2. Убеденоста која е спротивност на сомнежот
  3. Искреното исповедање на верувањето кое е спротивност на многубоштвото
  4. Вистинитоста која е спротивна на лагата.
  5. Љубовта која е спротивна на омразата.
  6. Покорувањето кое го негира спротивставувањето.
  7. Прифаќањето кое е спротивно на отфрлањето
  8. Негирањето на сите лажни божества кои се обожуваат.

 

Првиот услов: Знаењето кое е спротивност на незнаењето

Подразбира познавање на значењето на шехадетот со двата столба негацијата и потврдувањето.

Доказ е ајетот:

 

„Знај дека нема друг бог освен Аллах!“ (Мухаммед, 19)

 

Вториот услов: Убеденоста која е спротивност на сомнежот

Тој што го изговара шехадетот треба да биде убеден дека Аллах е едниствениот кој заслужува да биде обожуван.

Доказ е ајетот:

 

 „Вистински верници се само тие што веруваат во Аллах и во Пратеникот Негов и потоа веќе не се сомневаат, и се борат на Аллаховиот пат со имотите свои и со животите свои. Тие се искрените!“ (Ел Хуџурат, 15)

 

Третиот услов: Искреното исповедање на верувањето кое е спротивност на многубоштвото

Секој верник треба искрено да му ги посвети своите дела само на Аллах и ништо од своите дела да не му посвети на некое лажно божество.

Доказ е ајетот:

 

 „а наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат...“  (Ел Бејјине, 5)

 

Четвртиот услов: Вистинитоста која е спротивна на лагата

Да бидеш искрен при изговарањето на сведочењето на Теухидот. Твоите зборови да се во согласност со тоа што е во твоето срце.

Доказ е ајетот:

 

 „Елиф-лам-мим. Зарем луѓето мислат дека ќе бидат оставени на мира ако кажат: „Ние веруваме!“ и нема да бидат искушувани. А ние во искушение ги стававме и оние што беа пред нив, па Аллах, навистина ги знае тие кои вистината ја говорат и тие кои лажат.“ (Ел Анкебут, 1-3)

 

Петтиот услов: Љубовта која е спротивна на омразата.

Значењето на овој услов е да го изговараме шехадетот со љубов кон Аллах и Неговиот Пратеник, да го сакаш шехадетот и сето она што ова сведочење го подразбира.

Доказ е ајетот:

 „Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли, ги сакаат како што Аллах се сака! Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах!“ (Ел Бекаре, 165)

Шестиот услов: Покорувањето кое го негира спротивставувањето

Ова значи да се обожува само Аллах, субханеху уе те’ала,  спроведувајќи го Неговиот верозакон (Шеријатот) и да веруваме дека Шеријатот е вистина објавена од Аллах, џел-ле ше’нуху.

Доказ е ајетот:

 

 „И вратете Му се на Господарот свој и покорете Му се...“ (Ез Зумер, 54)

 

Седмиот услов: Прифаќањето кое е спротивно на отфрлањето

Ова значи да се прифати ова сведочење, да се прифати тоа што тоа го подразбира а посебно искреното исповедање на верата и дистанцирање од обожувањето на лажните божества и идолопоклонството.

Доказ е ајетот:

 

 „Кога им се велеше: „Само Аллах е Бог!“ – тие беа вообразени, и говореа: „Зарем да ги напуштиме божествата наши поради еден луд поет?!“  (Ес Сафат, 35-36)

 

Осмиот услов: Негирањето на сите лажни божества кои се обожуваат.

 

Ова значи дистанцирање од сите форми на многубоштво и идолопоклонство и убеденост дека обожувањето на лажните идоли е ништовно.

Доказ е ајетот:

 „Тој што не верува во тагутот (го негира), а верува во Аллах, се држи за најцврстата врска, којашто нема да се прекине!“ (Ел Бекаре, 256)

 

Сведочењето дека Мухаммед е Аллахов Пратеник

 

Докази за ова сведочење се ајетите:

„Ви дојде Пратеник, еден од вас, тешко му е што на маки ќе паднете, едвај чека по Вистинскиот пат да тргнете, а кон верниците е благ и милостив!“ (Ет Теубе, 128)

 

„Аллах знае дека ти навистина си Негов Пратеник...“ (Ел Мунафикун, 1)

 

Значењето на ова сведочење:

Цврсто убедување на срцето кое е во потполна согласност со она што го изговара јазикот, дека Мухаммед навистина е Аллахов роб и Пратеник, кој е пратен кај сите луѓе и сите џинни.

Столбовите на ова сведочење се:

  1. Признавањето дека тој,сал-лаллаху алејхи уе селем, е пратен со објава од Аллах, субханеху уе те’ала. Доказ е ајетот:

 

 „Мухаммед е Аллахов Пратеник...“ (Ел Фетх, 29)

  1. Убеденоста дека и тој, сал-лаллаху алејхи уе селем, е Аллахов роб. Доказ е ајетот во кој Аллах, субханеху уе те’ала го опишува Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, со епитетите Аллахов роб и повикувач кон Аллаховата вера.

 

 

„А кога Аллаховиот роб стана да Му се помоли, тие во групи околку него збиени застанаа. Кажи: „Јас само на Господарот свој Му се клањам, и никого Нему рамен не Му сметам.“ (Ел Џинн, 19-20)

Тој е Божји Пратеник во кој треба да веруваме но е и Аллахов роб кого не смееме да го обожуваме.

Условите за валидноста на ова сведочење и на што упатува истото:

  1. Верување во сè она за што не информирал
  2. Покорност во сè она што ни го наредил.
  3. Неприближување  кон она што го забранил или за што не опоменал
  4. Обожување на Аллах, субханеху уе те’ала, на начин кој тој ни го пропишал

 

 

[1] Шејтан, ѓавол, сотона, тој што е обожуван покрај Аллах и е задоволен со тоа обожување, тој што ги повикува луѓето да го обожуваат него, тој што тврди (претендира) дека го знае гајбот (невидливото), тој што суди спротивно на исламските закони. Оваа дефиниција е дадена од го лемиот исламски научник Салих ел Феузан.

припрема 
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk

 

Category: АКИДА | Added by: tewhid
Views: 542 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube