Main » Files » АКИДА

СЛЕГУВАЊЕТО НА ИСА, А.С., КАКО ПРЕДЗНАК НА СУДНИОТ ДЕН
06.21.2014, 1:30 AM

Откако ќе му дозволи Аллах џ.ш. на Деџџал да се појави на земја и сее неред на неа, тогаш ќе се спушти Иса а.с. на земјата - со дозвола на Аллах џ.ш.- кај белото минаре ви источен Дамаск во Шам, ќе биде облечен во два дела од мирисна облека, со положени раце на крилата на два мелеки. Кога ќе ја наведне главата ќе потече капка, а кога ќе ја подигне ќе сјае како бисер. Секој неверник кој само ќе го почувствува неговиот здив ќе умре. Неговото спуштање ќе биде меѓу спасената група која ќе се бори со него, собрана во борба против Деџџал, ќе се спушти во време на почетокот на намазот и ќе клања со имамот на таа дружина.
Ибн Кесир вели: “Ова е најпознато мислење кај научниците дека местото кај кое ќе се спушти ќе биде белото минаре источно во Дамаск”
Ибн Кесир спомнува дека во неговото време во 741 година по Хиџрет, муслиманите го обновиле минарето со бели камења, додека неговата изградба била од христијански имот кои го запалиле минарето кое било на тоа место. Можеби ова е доказ за пејгамберлукот на Мухаммед а.с. каде Аллах џ.ш. одредил дека изградабата на минарето ќе биде од христијански имот, за да би се спуштил Иса а.с. на тоа минаре, да ја убие свињата, да не прима од нив никакво џизје освен Ислам или пак да биде убиен, така и другите од неверниците. (Е-Нихаје / 145) 

Докази за спуштањето на Иса а.с.

од Кур’ан и Суннет
Спуштањето на Иса а.с.во последното време е востановено со Кур’ан и Суннет, И тој е еден од предзнаците на Судниот ден.

Докази од Кур’ан-Керим:

1- Аллах џ. ш. вели: “И бидејќи им беше изнесен примерот со синот на Мерјем, наро-дот твој веднаш помина на разговор.. се до зборовите.. и навистина тој е знак за Судниот ден.” ( Ез-Зухруф, 58-61) Односно: спуштањето на Иса а.с. пред крај на светот е предзнак за приближување на Судниот ден. Кон ова алудира и следново читање (Ве иннеху ле алемун лиссаати) “Навистина тој е предзнак за Часот” Зборот: Алем значи - знак и најава за крајот на светот. Ова читање (кирает) се пренесува од Ибн Аббас, Муџахид и други коментатори на Куранот. (Тефсир Куртуби и Табери)
Се пренесува од Ибн Аббас во толкувањето на овој курански ајет (Навистина тој е предзнак за Судниот ден) рекол: “Тој знак е спуштањето на Иса а.с. син на Мерјем пред крајот на светот.” (Ахмед)
2- Аллаховите зборови: “И нивните зборови: Ние го убивме Месих Иса син на Мерјем Аллахов пратеник. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини.. па сé до зборовите..и никој од следбениците на книгата нема сигурно да не поверува во тоа пред смртта своја; на денот Суден ќе биде сведок против нив.” (Ен-Ниса, 158-159) 
Овие ајети како што алудираат на тоа дека евреите не го убиле ниту распнале Иса а.с. туку Аллах џ.ш. го воздигнал кај него, како што вели: “Кога Аллах рече: О Иса, навистина, ќе те земам и ќе те воздигнам кон Мене..”( Али Имран, 55)
Исто така тие алудираат на тоа дека некои од следбениците на книгата (христијани) ќе поверуваат во Иса а.с. во последното време, а тоа ќе биде откако ќе се спушти и пред да умре, како што на тоа алудираат бројни веродостојни хадиси.

Докази од Суннет за спуштањето на Иса а.с.

Хадисите околу ова прашање се многубројни, но ние ќе се ограничиме само на два хадиси:
Пренесува Ебу Хурејре р.а. дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Се колнам во оној во чии раце е мојата душа, наскоро ќе слезе меѓу вас Иса син на Мерјем како праведен владар; ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата, ќе ја прекине војната. Богатството толку ќе се зголеми што ќе нема да има кој да го прима, дури едно сеџде ќе биде повредно од дуњалукот и с# што е на него.” ( Бухари, Муслим) Потоа Ебу Хурејре вели: Читајте ако сакате: “И нема никој од следбениците на книгата кој кога ќе умре нема во него како што треба да поверува, а на Судниот ден тој против нив ќе сведочи.” (Ен-Ниса, 157-159)
Џабир р.а. вели: го слушнав Аллаховиот Пејгамбер како вели: “Секогаш една група од мојот уммет ќе војува на страна на вистината, победници до Судниот ден;Тогаш, ќе слезе Иса син на Мерјем, а нивниот Имам ќе рече: Клањај со нас како имам! Тој ќе рече: Не;вие едни на други сте водачи, поради Аллаховата милост спрема вас.” (Муслим)

Што е смислата во спуштањето на Иса а.с.
во последното време?

Ова прашање му паѓа на памет на секој верник кој верува во Аллах и Судниот ден.

Научниците одговориле на следниов начин:

1- Демант на евреите поради нивното тврдење дека тие го убиле Иса а.с. Со неговото спуштање Аллах џ.ш. ќе ја разоткрие правата вистина, како и дека тој ќе ги убие нив и нивниот водач Деџџал. Ибн Хаџер му дава предност на ова мислење во однос на преостанатите;
2- Иса а.с. ја највил во Инџил вредноста на умметот на Мухммед а.с.. за ова Аллах џ.ш. вели: “Мухаммед е Аллахов Пејгамбер. А оние кои се со него се строги кон неверенците, а милостиви меѓусебе. Ги гледаш на руку‘ и на сеџде, како ја бараат добрината и задоволството Аллахово. Има белези на лицата нивни од трагите на сеџдето, Ете, таков беше примерот нивни во Теврат и таков беше примерот нивни во Инџил: како семе што ќе ја исфрли кората негова, ќе се зајакне, а потоа ќе затврди врз стеблото, вчудоневидувајќи го сејачот за да се разлутат со тоа неверниците. А Аллах им вети на оние кои веруваат и кои добри дела работат прошка и награда голема.” (Ел-Фетх, 29) 
Затоа Иса а.с. го замолил Аллах џ.ш. да го направи да биде еден од тие следбеници на умметот Мухаммедов и Аллах му ја удоволил таа молба, го задржил кај него сé додека не го спушти во последно време да го обнови Исламот.
Имам Зехеби во биографијата за Иса а.с. во книгата “Теџриду Есмаус-Сахабе” вели: “Иса син на Мерјем е асхаб, пејгамбер, го видел на Мухаммед а.с. во ноќта на Исра, и го поздравил. Тој е последен асхаб по умирање.” 
3- Иса а.с. ќе слезе од небото поради приближување на неговиот смртен час, за да биде закопан во земја, бидејќи секое створение од земја умира на земја и се закопува во земја. Неговото спуштање се совпаѓа со појавата на Деџџал, и него ќе го убие Иса а.с.
4- Тој ќе слезе да ги обвини христијаните за лага, и да им ги открие нивните кривоверства и заблуди. Аллах џ.ш. во неговото време ќе ги уништи сите верувања освен исламското верување. Иса а.с. ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја прекине војната.

Иса а.с. ќе биде праведен владар од
исламскиот уммет

Кога ќе се спушти Иса а.с. на земјата, тој нема да донесе нов божји верозакон, туку ќе се спушти како еден од владарите на исламскиот уммет, на кои ќе им суди според Аллаховиот шеријат, и ќе биде обновувач на Исламот за да стане еден од следбениците на Мухаммед а.с.

Иса а.с. ќе обави Хаџ во Бејтул-Харам

Спомнавме дека Иса а.с. е последен асхаб кој ќе умре од асхабите на Аллаховиот Пејгамбер. Тој ќе обави хаџџ после спуштањето на земја во последното време. Ханзала Ел-Еслеми го слуш- нал Ебу Хурејре кој пренесува хадис од Аллаховиот Пејгамбер: “Се колнам во оној во чии раце е мојот живот, синот на Мерјем ќе занијети за Хаџ или Умра или обете во местото Реуха.” (Муслим)

Појава на сигурност и береќет на 
небото и земјата

Сето тоа ќе се пјави поради покорноста и преданоста на створенијата во вселената на својот господар Аллах џ.ш. Човекот колку ја зголемува својата послушност и покорност кон Аллах џ.ш. толку Аллах џ.ш. му ја покорува вселената и с# што е на неа во негова служба.
Кога ќе се спушти Иса а.с. на земјата, луѓето ќе знаат дека неговото спуштање е предзнак на Судниот ден, тогаш ќе се оддадат на ибадет и покорност. Затоа Аллах џ.ш. ќе и нареди на земјата да ги даде своите плодови, а на небото да го спушти својот берекет; и толку ќе се зголеми богатството на луѓето што нема да можат најдат кој да им ги прима нивните садаки. Тогаш ќе се изгуби меѓу луѓето злобата, завидливоста и омразата. Во подолгиот хадис на Навас ибн Семан во кој се спомннува Деџџал, спуштањето на Иса а.с., појавата на Је’ џуџ и Ме’џуџ, и молбата на Иса а.с. за нивно уништување и пропаѓање. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Потоа Аллах ќе прати дожд пред која ќе се сруши секоја куќа од дрво и глина. Земјата ќе ја измие дури ќе биде како огледало. Потоа ќе и рече на земјата: Никни ги своите плодови и врати ги благодетите. Луѓето ќе јадат од едно дрво и сите ќе седат во сенката на тоа дрво. Млекото ќе биде благословено. Камилата ќе дава доволно млеко за голем број на луѓе. Млекото на една крава ќе биде доволно за цело племе, а млекото на едно овца за една фамилија.” (Муслим)

Ебу Хурејре пренесува од Аллаховиот Пејгамбер а.с. дека рекол: “Пејгамберите се браќа со различни мајки а со ист татко. Мајките им се различни а верата им е една. Јас сум најблизок до Иса а.с., затоа што меѓу мене и него не бил друг пејгамбер. Навистина тој ќе слезе.. па Аллах во негово време ќе го уништи Месиха Деџџал. На земјата ќе завладее мир, дури лавовите ќе пасат со камили, тигарите со крави, волците со овци, а децата ќе играат со змији кои нема да им наштетат.” (Ахмед) 

Исто така се пренесува од Ебу Хурејре дека Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Се колнам во Аллах, навистина Иса син на Мерјем ќе слезе, како владар праведен..и нема да прима џизје. Навистина безгрижните ќе ја остават младата камила без овчар. Ќе снема злоба, завидливост и омраза, ќе бидат повикани да примат колку сакаат богатство, а никој нема да го прими.” (Ахмед)

Имам Невеви вели: “Тоа значи дека на луѓето нема да им требаат камили, ниту ќе посакуваат да ги поседуваат, бидејќи ќе има премногу богатство, а многу малку желба за него. Нема да им треба поради свесноста дека се наближува кијаметот.” 
Во хадисот се спомнуваат Млади камили “Кал-ас”, бидејќи тие се најблагородни камили, кои се сметале за најскапоцено богатство кај арапите. Тоа е слично на Аллаховите зборови: “И кога стелна камила без овчар ќе остане”. (Ет-Теквир, 4) 

Значи, никој нема да ја бара ниту да се интересира за неа.

Колку ќе се задржи Иса а.с. на Земјата?

Што се однесува до престојувањето на Иса а.с. на Земјата после неговото спуштање на неа, во некои преданија се пренесува дека ќе се задржи на замјата седум а во други четириесет години.
Во преданието на Муслим од Абдуллах ибн Амр стои: “Потоа Аллах ќе го испрати Иса син на Мерјем.. и тој ќе остане меѓу луѓето седум години, во кои нема да има непријателство меѓу двајца. Тогаш, Аллах ќе испрати студен ветер од страна на Сирија. Нема да остане жив никој во чие срце има трунка добро или иман.” 

Во преданието на Ахмед и Ебу Давуд стои: “Ќе се задржи на земјата четириесет години, потоа ќе умре, а муслиманите ќе му клањаат џеназе.”

Овие две преданија се веродостојни, меѓутоа постои меѓу нив видлива нејаснотија, освен ако преданието од седум години се однесува на периодот после спуштање. Тогаш, кога би се додало тоа време од седум години со времето проведено на земја пред неговото воздигнување на небо а тоа било триесет и три години, заедно тоа би сочинувало честириесет години. Периодот од триесест и три години се спомнува како најчеста старосна возраст на Иса а.с.

http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk

 

Category: АКИДА | Added by: tewhid
Views: 816 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube