Main » Files » АКИДА |
06.14.2014, 8:38 PM | |
Сихр – Магија
Со зборот сихр се означува се она чија што причина на случување е непозната и скриена. Терминолошки сихр се сите формули кои се изговараат, нејасни текстови, амајлии, лекови и дроги кои влијаат врз срцето и телото откако тоа ќе го дозволи Аллах, субханеху уе те’ала.
Сихрот има две форми:
1. Сихр кој е голем Ширк и истиот е со посредство на Џинни и шејтани, кои се обожуваат, на кои им се приближуваат маѓепсниците, на кои им се чини сеџда за да се одоброволат и истите да му нанесат штета на маѓепсаниот. 2. Сихр кој е голем грев, развратно дело и неправда. Истиот е со посредство на опојни лекови, треви и дроги. Во оваа група спаѓаат и илузиите кои се резултат на брзите и вешти раце како и оптичките илузии.
Прописот за Сихр
1. Доколку се работи за сихр од првиот вид тогаш сихирбазот е кафир и се казнува со смрт како отпадник од верата. 2. Доколку се работи за сихр од вториот вид, тогаш маѓепсникот е грешник, и за него доколку, тоа го смета за неопходно владетелот, следува смртна казна за да се спречи и созбие неговото насилство.
Доказ кој укажува дека сихрот е неверство се зборовите на Возвишениот Аллах:„Тие двајца никого не поучуваа се додека не му кажеа: Ние само искушуваме, а ти немој да бидеш неверник!“ (Ел Бекаре, 102) Секој оној кој прави сихр, кој учи сихр и кој е задоволен со сихрот прави неверство и излегува од Исламот.
Прописот за Нушре (отстранување на сихр) Постојат два начина да се постигне отстранување на сихрот: 1. Отстранување на сихрот со сихр, и ова е забрането и се смета за шејтанско дело. 2. Отстранување на сихрот со рукје, пропишани дови и дозволени лекови. Ова отстранување е дозволено и нема никакво спорење околу дозволеноста на истото.
Укажување на сихирбазите и алармирање за нивната опасност
Да се укаже и да се информира јавноста за сихирбазите, како и да се алармираат и опоменат луѓето за нивната опасност е пофалено дело затоа што содржи негирање на злото советување на муслиманите.
Знакови со кои се препознаваат сихирбазите
Доколку се соочиме со еден од овие знакови тогаш, без и најмало сомнение, се работи за сихирбази: 1. Прашува за името на болниот и за името на неговата мајка. 2. Бара нешто што му припаѓа на болниот (облека, кошула, шамија, мантил). 3. Пишува талисмани и амајлии. 4. Чита неразбирливи текстови и тнр. молитви 5. Понекогаш бара животно со одредени особини за да го заколе без да го спомне Аллаховото име. Со крвта на животното ги мачка болните делови на телото или пак телото на принесеното животно го фрла на запуштено место. 6. На болниот му дава покривач кој од внатрешната страна содржи квадрати кои во внатрешноста имаат бројки и букви. 7. Зборува брзо и неразбирливо.8. На болниот му дава листови за да ги запали и да се начади со нивниот чад. 9. На болниот му дава нешта и бара од него истите да ги закопа во земја.
Гатањето и пророкувањето
Според дефиницијата кахин (тој што гата) е секој оној што преку џинните и шејтаните информира за она што ќе се случи во иднина. Според дефиницијата арраф (тој што пророкува) е оној кој претендира дека знае работи кои се случуваат во сегашноста, како што е необјаснивото наоѓање на местото каде се наоѓа украденото или загубеното.
Да се претендира познавањето на гајбот[1] е Куфр затоа што е негирање на ајетот: [1] Гајб (ар.) - невидливото, непоимливото. „Кажи: Никој, освен Аллах, ни на небото ни на Земјата, не го знае гајбот…“ (Ен Немл, 65)
Категории на лицата што информираат за невидливото:
1. Тој што дава информации за невидливото преку џинните се нарекува Кахин. 2. Тој што дава информации за невидливото преку цртање на линии во песокот се нарекува Реммал. 3. Тој што дава информации за невидливото преку ѕвездите се нарекува Мунеџџим. 4. Тој што, на необјаснив - мистериозен начин дава информации за нешто што е украдено или загубено се нарекува Арраф.
Прописот за посетување на овие категории на луѓе:
Верскиот пропис за ова дело може да се подели на два дела:
1. Ако се посетат и им се постави прашање без да им се верува. Ваквото дело е голем грев и на тоа лице нема да му се прими намазот четириесет дена. Доказ е хадисот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, во кој стои: „Кој ќе посети некого што гата и ќе го праша за нешто намазот нема да му се прими четириесет дена.“ Т.е. нема да има награда за намазот кој го клањал. 2. Ако се посетат, им се постави прашање и им се верува, тогаш се изразува неверување во она што му е објавено на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем. Доказ е хадисот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, во кој стои: „Кој ќе посети некого што гата (за сегашноста и иднината), ќе го праша за нешто и ќе му поверува тој изразил негирање на она што му е објавено на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем.“ (Ебу Давуд, Несаи, Тирмизи, Ибн Маџе и Хаким. Албани смета дека ги исполнува условите за веродостоен хадис)
Ет Тијере - Претчувство, злокобност
Од јазичен аспект значи очекување на нешто добро или лошо кое ќе се случи во иднина врз основа на некој предзнак. Во Исламската терминологија Тијере е злокобност дека нешто лошо ќе се случи врз основа на нешто што е видено, чуено или сознаено.
Прописот за ова дело:
Тетајурот му се спротивставува на Теухидот од два аспекта 1. Кај него се губи потпирањето врз Аллах, субханеху уе те’ала, и се потпира врз некого друг освен Аллах, Возвишениот. 2. Се врзува за работи кои реално не постојат и кои се илузии и привидувања.
Докази со кои се забранува ова дело се: Ајетот: „...а кога ќе ги снајдеше некаква неволја, тие на Муса и на верниците таа неволја ќе им ја препишеа. Но, не! Нивната неволја беше од Аллах, само што повеќето од нив не знаеја!“ (Ел Араф, 131) Хадисите: „Нема зараза, нема лош предзнак, нема лош предзнак во утот и црвите во цревата на камилата.“ (Муттефекун алејхи) „Верувањето во лош предзнак е Ширк.“ (Ебу Давуд и Тирмизи кој истиот го оценува како хасен)
Состојбата на тој што чини Тијере
Можеме да издвоиме две состојби: 1. Да се воздржи од делото кое сакал да го прави и да му се препушти на Тијерето. Ова е еден од најопасните форми на Тијере и злокобност. 2. Да продолжи со тоа што го правел, но И двете состојби влијаат врз намалување на Теухидот и им нанесуваат штета на луѓето.
Лек за оној што ќе почувствува Тијере во своето срце
Нека ја изговори оваа дова: „Аллахумме ла је’ти бил хасенати ил-ла Енте, ве ла једфе’у ес сејјиати ил-ла Енте Ла хауле ве ла куввете ил-ла Бике.“ Аллаху мој, никој не носи добро освен Тебе и никој не спречува зло освен Тебе. Нема сила и моќ освен со Твоја помош. (Ебу Давуд, Албани вели дека е слаб даиф хадис) „Аллахумме ла тајре ил-ла тајруке ве ла илахе гајруке“ Аллаху мој нема друга неволја освен таа што доаѓа од Тебе и Ти си единствениот вистински Бог. (Ахмед, Албани смета дека е веродостоен)
Потоа негова должност е:
Дефиницијата за забрането тијере ја дал Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, во следниов хадис: „Навистина Тијере е она што те наведува на некое дело или те одвраќа од нешто.“ (Ахмед во неговото дело Муснед. Ахмед Шакир го оценил како слаб даиф хадис) Ел Фе’л-Оптимизам
Значи убав збор кој кога ќе се чуе разведрува и дава оптимизам (надеж). Пример е кога пред да се тргне на пат некој ќе каже некој збор како на пример Ја Салим (о Здрав човеку) и кај патникот предизвикува ведрина и оптимизам Од аспект на пропис, ваквото дело е дозволено. Доказ е хадисот во кој Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: „Ми се допаѓа оптимизмот.“ (Муттефекун алејхи)
Разликата помеѓу Ет Тијете и Ел Фе’л
Ет Тијере е лошо мислење за Аллах, субханеху уе те’ала, и припишување на Нему својствени работи на некој друг, поврзување на срцето со нешто што е создадено што не користи ниту може да наштети. Ел Фе’л е убаво мислење за Аллах кое не го одвраќа човека од неговите потреби.
Ет Тенџим – Астрологија
Етимолошко значење: Инфинитив од глаголот неџ-џеме што значи ја научил науката за ѕвездите или верува во влијанието на ѕвездите. Терминолошко значење: Докажување на одредени работи преку ѕвездите.
Знаењето за ѕвездите може да се класифицира во две групи: 1. Знаење за прописите и влијанието. 2. Знаење за причините и управувањето.
Знаење за прописите и влијанието може да се подели на три вида:
Знаење за причините и управувањето се дели на два вида:
Која е користа од создавањето на ѕвездите? Ѕвездите се украс на небото. Со ѕвездите се „каменуваат“ шејтаните. Знакови кои ги упатуваат луѓето.
Барање на дожд преку положбите на ѕвездите – Ел Истиска бил Енва
Се мисли на барање на дожд преку положбите на ѕвездите кои се дваесет и осум положби.
Ова дело може да се подели во три категории:
а. Да им упати дова на положбите на ѕвездите да му дадат дожд. На пример да рече: О положбо на ѕвездите, таа и таа подари ни дожд, О положбо на ѕвездите, таа и таа, спушти врз нас дожд. б. Појавата на дождот да им ја припише на тие положби на ѕвездите, верувајќи дека тие, сами без дозвола на Аллах, субханеху уе те’ала, го спуштаат дождот, и без да им упатат дова за дожд.2. Мал Ширк: Да се верува дека одредена положба на ѕвездите е причина за дождот. 3. Дозволено: Положбата на ѕвездите да се смета за знак и показател а не како причина или независен предизвикувач на дождот.
Доказ дека барање на дожд преку положбите на ѕвездите е забрането е ајетот: „И наместо благодарност што ви е подарено снабдувањето, вие во него не верувате?“ (Ел Вакиа, 82) Муџахид вели дека нивното неверство е поради зборовите Таа положба на ѕвездите ни спушти дожд. Доказ се и зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем: „Дали знаете што кажа вашиот Господар? Рекоа Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат. Рече: Од моите робови некои осамнаа како верници а некои како неверници. Тој што рече заврна дожд со Аллаховата добрина и милост тој верува во Мене и не верува во ѕвездите. Тој што рече заврна дожд заради таа положба на ѕвездите не верува во мене и верува во ѕвездите.“ (Муттефекун алејхи)
Рија – Кога нешто се прави за да бидеш виден/чуен
Етимолошки Рија е јавно манифестирање на нешто, за другите да го видат. Терминолошки: Јавно исполување на дела на покорност за да го видат други и да го пофалат.
Прописот на Рија
а. Кога во делата има малку Рија тогаш се работи за мал Ширк. б. Кога делата целосно или воглавно се со Рија тогаш се работи за голем Ширк. Ваквото дело не може да го направи верник и е од особините на лицемерите.
Опасноста на Рија
1. Таа е мал Ширк. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, рекол: Она од што најмногу се плашам за вас е Малиот Ширк. Кога го прашале што е мал Ширк одговорил Рија (да исполиш дело за да бидеш виден или пофален). (Ахмед во својот Муснед. Алимот Шуајб Ел Арнаут истиот го оценува како хадис кој има силен синџир на пренесувачи)
2. Нема да биде простен доколку тој што чини Рија не се покае: Аллах, субханеху уе те’ала, вели: „Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сe освен тоа кому Тој сака!“ (Ен Ниса, 48) Со овој пропис се опфатени малиот и големиот Ширк доколку нема покајание од нив. 3. Го поништува делото во кое има Рија. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, рекол: Аллах, субханеху уе те’ала вели: Јас сум тој што најмалку има потреба некој да му се здружува (да му се чини ширк). Кој ќе направи дело во кое Мене ќе ми го здружи некого го оставам и него и неговото дело/неговиот ширк. (Муслим) 4. Тоа е поопасно од искушението со Деџџалот. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: Дали сакате да ве известам за она што за вас повеќе ме плаши од Деџџал? Рекоа: Секако Божји Пратенику. Рече: Скриениот Ширк. Човекот станува да клања намаз и го разубавува истиот затоа што знае дека некој го гледа. (Ахмед. Албани го оценил како хасен/добар)
Прописите за дело кое ќе се помеша со Рија (претворување)
Делото помешано со Рија има три можни форми:
а. Човекот да е бори да ја надвладее оваа состојба, да не и се препушти и да не е задоволен со истата. Во оваа ситуација Ријата која се појавува не влијае врз тоа дело. б. Да биде задоволен со оваа состојба кога чини нешто не само во име на Аллах, да и се препушти на истата и да не ја отстрани. Прописот поврзан со ваквото дело е следниот:
Пример е ситуацијата кога човек на почетокот дава милостина во одредена вредност искрено само за Аллах и потоа повторно дава милостина за да биде виден или пофален. Првата милостина е примена додека втората е ништовна.
Пример е човек кој станал да клања за Аллах два реката и во текот на клањањето се појавила Рија која тој не се обидел да ја прекине или да ја спречи. Во ваква ситуација целиот намаз е ништовен. 3. Ријата да се појави по завршување на ибадетот. Во оваа ситуација Ријата нема никакво влијание врз делото.
Прашање: Човек слуша како го фалат и се радува поради тоа? Ваквото радување не е грев и се смета за „Рана добра вест за верникот“ (Муслим)Прашање: Човекот престанува да работи заради луѓето (целосно престанува со работа а причина се луѓето)? Да се остави некое дело заради луѓето е исто така Рија.
Разликата помеѓу Рија и Сум’а?
Ријата е поврзана со сетилото за вид. Работи за да биде виден од луѓето и да биде пофален. Сум’ата е поврзана со сетилото за слух. Работи нешто за да биде слушнат и за да биде пофален од луѓето.
Како се лечи оваа состојба?
Настојувањето на човекот со својот ибадет да го придобие овој свет
Со ова мислиме на човек кој чини дело кое е исклучиво ибадет за да добие директна овоземна корист. Примери се:
Исламскиот пропис за ова дело: Се дели на два дела: а. Доколку сите дела на човекот или нивното мнозинство се во ваква форма тогаш се работи за голем Ширк. б. Доколку со оваа цел (овоземна корист) работи само одредено дело се работи за мал Ширк и таквото дело е ништовно.
Опасноста од настојувањето овој свет да се заработи преку ибадети кои ги прави
Аллах, субханеху уе те’ала, вели: „На тие што го сакаат животот на овој свет и убавините негови, Ние ќе им ги дадеме плодовите на нивниот труд и на него нема ништо да им се ускрати. Нив на оној свет само оган ќе ги гори; таму нема да имаат никаква награда за тоа што на Земјата го правеле и залудно ќе им биде сè што направиле.“ (Худ, 15-16) Аллаховиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: „Тој што бара знаење, она со кое се бара Аллаховото задоволство, и истото го бара за да заработи некоја овоземна корист, нема да го почувствува мирисот на Џеннетот.“ (Ахмед и Ебу Давуд, Албани истиот го оценил како Сахих) припрема http://www.tewhid.ucoz.org http://www.facebook.com/Tewhid.mk
од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма
Автор: Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил
Превод: М-р. Талха Куртиши | |
Views: 769 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |