
Ислам
Етимолошки Ислам значи покорување, предавање и потчинување.
Според терминологијата Ислам е:
- Потчинување на Аллах, субханеху ве те’ала, преку реализирање на Теухидот.
- Да му се предадеш на Аллах, субханеху ве те’ала, покорувајќи му се.
- Одрекнување од Ширкот и тие што прават ширк.
Општо значење на терминот Ислам се однесува на обожувањето на Аллах, онака како што Тој пропишувал откако почнало испраќањето на Божјите Пратеници, алејхиму селам, па се до Судниот Ден.
Посебното значење на терминот Ислам се однесува на она со што дошол последниот Божји Пратеник, Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.
Столбови на Исламот
Исламот се темели врз пет столба:
- Шехадетот: Ла илахе ил-лаллах Мухамедун Ресулуллах
- Извршување на намазот
- Давање на Зекатот
- Постење на месецот Рамазан
- Да се отиде на Хаџ доколку се има можност
Овие столбови можат да се поделат во две групи:
А. Столбови без кои не може да се одржи Исламот а тоа се: Шехадетот и намазот
Б. Столбови без кои не може да се комплетира/допотполни Исламот а тоа се: Зекатот, постот на месецот Рамазан и Хаџот.
Доказот за ова е хадисот: Исламот се гради врз пет столба, шехадетот дека нема друг вистински Бог освен Аллах и дека Мухаммед е Божји пратеник, извршување на намазот, давање на зекатот, хаџот и постењето на месец Рамазан. (Муттефекун алејхи)
Иман
Етимолошки Иман значи: Сведочење и потврдување
Според терминологијата на Ехли Сунне вел Џемаа Иман е:
- Убеденост на (со) срце
- Говор на јазикот
- Дела на екстремитетите/органите
- Расте со покорност
- Се намалува со гревови
Столбови на Иманот
Иманот има шест столба:
- Да веруваш во Аллах, субханеху ве те’ала.
- Во Неговите ангели/мелеци
- Во Неговите Книги
- Во Неговите Пратеници
- Во Судниот Ден
- Во Аллаховото одредување на доброто и злото.
Верувањето во Аллах подразбира:
- Да веруваш во Неговото постоење.
- Да веруваш дека Аллах е вистински Бог кој владее и управува со се (Рубубијет)
- Да веруваш дека Аллах е единствениот кој заслужува да биде обожуван. (Улухијет)
- Да веруваш во неговите имиња и атрибути (Есма вес сифат)
-
Верувањето во Мелеците подразбира:
- Да веруваш во нивното постоење
- Да веруваме во тие чии имиња ги знаеме (како Џебраил) и тие чии имиња не ги знаеме
- Да веруваме во нивните особини за кои сме известени преку објавата
- Да веруваме во она што тие го направиле и го прават со одредба на Аллах.
Верувањето во Божјите книги подразбира:
- Да веруваш дека тие вистински се објавени од Аллах, субханеху ве те’ала.
- Да веруваш во тие книги чии имиња ги знаеме како Тевратот, Зебурот, Инџилот и Куранот.
- Потврдување и прифаќање на се она што е сочувано од тие книги во веродостојна форма и како такво (непроменето) е пренесено, што е потврдено во Куранот или во Суннетот на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.
- Да работиме според прописите на поранешните книги, кои не се дерогирани во нашиот Шеријат, со истите да бидеме задоволни и да им се покориме без оглед дали ја знаеме мудроста на тој пропис или не ја знаеме. Општо правило е дека Куранот ги дерогирал сите поранешни објавени книги.
Верувањето во Божјите пратеници подразбира:
- Да веруваш дека сите вистински се пратени од Аллах. Негирањето на еден Божји пратеник значи негирање на сите Божји пратеници.
- Да веруваме во тие Божји Пратеници кои ги знаеме со нивните имиња како Мухаммед, Ибрахим, Муса, Иса, Нух и други, алејхиму селам.
- Потврдување и прифаќање на сите информации кои се пренесуваат од нив и кои на веродостоен начин стигнале до нас.
- Да работиме според шеријатот на оној Пратеник кој ни е пратен а тој е Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем. Тој е и последниот Божји Пратеник пратен на сите луѓе.
Верувањето во Судниот Ден подразбира:
- Верување во повторното проживување.· Верување во одговарање за делата и добивање на заслужената награда, односно казна.
- Верување во Џеннет и Џехеннем
Верувањето во Судниот Ден подразбира и верување во се она што се случува по смртта, искушението во гроб, наградата и казната во гроб.
Верување во Аллаховото одредување на доброто и злото подразбира:
- Верување дека Аллах, субханеху ве те’ала, знае се, воопштено и во детали.
- Верување дека сето тоа Аллах, субханеху ве те’ала, го запишал во Леухи Махфуз (Заштитената Плоча)
- Верувањето дека се она што се случува бива со волјата на Аллах, Возвишениот.
- Верувањето дека се она што постои е создадено од Аллах, битијата, особините и делата.
Докази за шесте столба на иманот се:
- Ајетот:„Не е добродетелство во тоа да ги вртите вашите лица кон исток и запад, туку добродетели се тие кои веруваат во Аллах, во оној свет, во мелеците, во книгите, во веровесниците...“ (Ел Бекаре, 177)
- Ајетот: „ Ние навистина сe со мерка создаваме...“ (Ел Камер, 49)< >Хадисот во кој Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем, на прашањето на Џебраил, алејхи селам, Што е Иман? Одговара: Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите веровесници, во Судниот ден и во одредбата на се што се случува, доброто и злото. (Муслим)Степен кој е еднаков на убедувањето кое го има тој што го гледа Аллах-Обожувај го Аллах како да го гледаш- и тоа е највисокиот степен.Степен на убеденост дека Аллах Нè гледа и Нè набљудува - Доколку ти не можеш да Го видиш знај дека Тој те гледа.
Доказ за Ихсан е ајетот:„Аллах е навистина со тие што се плашат од Аллах и што се воздржуваат од гревовите и што прават добри дела.“ (Ен Нахл, 128)
Одговорот кој Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, кога Џебраил, алејхи селам го прашал за Ихсан: Да го обожуваш Аллах како да го гледаш, Доколку ти не можеш да Го видиш знај дека Тој те гледа. (Муслим)
припрема
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk
од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма
Автор:
Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил
Превод:
М-р. Талха Куртиши
|