Main » Files » АКИДА

Ширк (дефиниции и поделба)
06.14.2014, 5:42 PM

Дефиниција на поимот Ширк:

 

Јазичка: Припишување, изедначување и споредување.

Терминолошка: Изедначување на било кој друг со Аллах, субханеху уе те’ала, во она што му е својствено само Нему.

 

Видови на Ширк:

  1. Голем Ширк е секое дело кое Аллах, субханеху уе те’ала,  и Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, го нарекле ширк и подразбира излегување од верата.
  2.  Мал Ширк е секое говорно или практично дело за кое со шеријатската терминологија е наречено ширк или куфр но за кое постојат верски докази дека извршителот на таквото дело не излегува од верата.

Разликата помеѓу Големиот и малиот ширк ќе се објасни во следнава табела:

 

Голем Ширк

Мал Ширк

Со него се излегува од верата

Со него не се излегува од верата

Се заслужува вечна казна во Џехеннем

Не се останува вечно во Џехеннем

Ги поништува сите дела

Не ги поништува делата освен делото во кое имаме мал ширк како делото кое се прави заради некој друг покрај Аллах (Рија)

Животот и имотот не се заштитени

Животот и имотот се заштитени

Видови на Голем Ширк:

 

Постојат четири вида на Голем Ширк:

  1. Ширк во Дова (молитва)

Доказ е ајетот: „Кога ќе се качат на лаѓите, искрено му се молат на Аллах, а кога ќе ги спаси и доведе до копното, одеднаш Нему еднакви му припишуваат.“ (Ел Анкебут, 65)

  1. Ширк во намерата, желбата и целта

Доказ е ајетот: „На тие што го сакаат животот на овој свет и убавините негови, Ние ќе им ги дадеме плодовите на нивниот труд и на него нема ништо да им се ускрати. Нив на оној свет само оган ќе ги гори; таму нема да имаат никаква награда за тоа што на Земјата го правеле и залудно ќе им биде сe што направиле.“ (Худ, 15-16)

  1. Ширк во покорност

Доказ е ајетот: „Тие, покрај Аллах, за божества ги сметаат свештениците свои, и монасите свои и Месих, синот Мерјемин, а наредено им е само еден Бог да обожуваат - нема друг Бог освен Него. Тој е Возвишен над тие кои Нему за рамни Му ги припишуваат.“ (Ет Теубе, 31)

Значењето на овој ајет е покорноста кон учените и побожните и тогаш кога нé повикуваат на грев. Овде ајетот не зборува за молитва која им се упатува на учените и на побожните. Ова е објаснувањето кое Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, му го даде на Хатим, радијаллаху анху, кој по слушањето на овој ајет рече: Не ги обожувавме. Тогаш Божјиот Пратеник му објасни дека ибадет (обожување) е и кога им се покоруваме чинејќи грев. (Тирмизи, бр. 3094 а познатиот мухадис Албани го оценил како веродостоен хадис)

  1. Ширк во љубов.

Доказ е ајетот: „Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли, ги сакаат како што Аллах се сака! Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах!“ (Ел Бекаре, 165)

 

Примери за Голем и Мал Ширк:

 

Примери за видлив Голем Ширк: Колење и принесување на курбан на некој друг освен Аллах, заветување дека ќе направиме нешто за некој друг освен за Аллах, субханеху уе те’ала, барање на помош од некој друг освен од Аллах.

Примери за скриен Голем ширк: Ширкот на мунафиците и лицемерите, скриениот страв од некој друг освен од Аллах во работите кои само Аллах, џел-ле ше’нуху ги може.

Примери за видлив Мал Ширк: Заклетвата со друг а не со Аллах, изговарање на реченицата: Тоа што го сака Аллах и ти, реченицата: Да не е Аллах и тој човек..

Примери за скриен Мал Ширк: разубавување на некои дела во присуство на луѓе, и оптимизам и песимизам врз основа на предзнаци како што се птиците исл.

 

Корисна дова за заштита од Ширк:

Ебу Муса, радијаллаху анху, пренесува: Еден ден Аллаховиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, ни се обрати и ни рече: Луѓе чувајте се од Ширкот кој е поскриен и од мравјиот од. Некој кого Аллах го одреди да зборува праша: Како да се заштитиме кога е поскриен и од мравјиот од, о Божји Пратенику? Одговори: Кажете Аллахуме инна неузу бике ен нушрике бике шеј’ен не’алемуху ве нестагфируке лима ла не’алему - Аллаху наш од тебе бараме заштита да не ти припишеме еднаков знаејќи и бараме да ни простиш доколку некого ти припишеме како рамен незнаејќи. (Ахмед, Албани го оценил како веродостоен)

припрема 
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk

од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма

Автор:
Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил


Превод:
М-р. Талха Куртиши

 

Category: АКИДА | Added by: tewhid
Views: 499 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube