1.Тевба – покајување
Доказ за тоа се ајети кои кажуваат дека оној кој ќе се покае нема да биде казнет со џехеннем, како што се нагласува во 60 ајет на сурата Мерјем „со исклучок на тие што се покајаа...“ и 160. Ајетот на сурата Ел-Бекаре„Исклучок ќе бидат тие што ќе се покајат.“
2.Истигфар – барање простување
Доколку тевбата се спомене посебно во шеријатските текстови тогаш таа опфаќа и истигфар и обратно, а доколку се спомнат двата израза тогаш истигфар значи барање заштита од злото кое се случило, додека тевба значи враќање и барање заштита од лошите постапки од кои личноста се плаши за во иднина.
3. Правење добри дела
Едно добро дело се вреднува десет пати, додека едно лошо дело се брои како едно, па тешко на оној чии што лоши дела се повеќе од добрите.
4. Овосветски неволји
Доказ за ова е хадисот кој го бележат Бухари и Муслим, а во кој се споменува дека на човекот нема да му се случи ниту убод од трн, а да затоа Аллах да не му прости гревови.
5.Кабурски азаб – казната може да биде причина поради која човекот ќе биде поштеден од џехеннем.
6.Довење и барање простување за умрена личност
7.Поклонување севапи за умрена личност како што се севапи од садака, учење Куран, хаџ и на тоа слично.
8.Тешкотиите на Судниот ден
9.Заговарање на оние на кои им биде дозволен шеф’ат
10.Простување од Аллах без било чие заговарање.
subuluselam.wordpress.com
www.islamski-centar.org
припрема
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
|