
Јазичко значење: Според јазичното значење нифак е криење, засолнување на нешто.
Терминолошко значење: Исполување на Ислам со истовремено криење на неверувањето и злото.
Видови на Лицемерството
Големо лицемерство поврзано со верувањето.
Мало лицемерство поврзано со делата.
За лицемерството поврзано со верувањето важно е да се знаат следниве работи:
- Дефиницијата: Големо лицемерство е кога човекот јавно исполува Ислам додека во внатрешноста крие неверство.
- Исламскиот пропис за овој вид на лицемерство: Со овој вид на лицемерство целосно се излегува од верата и казната е најдолниот слој на џехенемскиот оган.
- Видови лицемерство во верувањето:
- Порекнување на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем.
- Негирање на нешто од она што го доставил Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем.
- Презирање на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем.
- Презирање на нешто од она што го доставил Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем.
- Радувањето со назадувањето на Исламот
- Омразата кон победата и напредувањето на Исламот.
За лицемерството поврзано со делата важно е да се знаат следниве работи:
- Дефиницијата: Правење на дела на лицемерите при што иманот останува во срцето.
- Исламскиот пропис за овој вид на лицемерство: Со овој вид на лицемерство не се излегува од верата. Се работи за голем грев и лицето со овој вид на лицемерство има и иман и лицемерие. Доколку се зголеми лицемерството, лицето станува вистински мунафик.
- Неколку примери:
- Лагата при говор: Кога зборува лаже.
- Неисполнување на ветеното: Кога ветува не го исполнува ветеното.
- Изневерување на довереното. Кога нешто во доверба ќе му се довери изневерува.
- Бесрамност при расправање. Кога се расправа тоа го прави бесрамно.
- Прекршување на договореното. Кога прави договор истиот го прекршува.
- Мрзеливост при извршување на намазот во џемат во џамија.
„Кога стануваат на намаз (молитвата), да го извршат, мрзеливо стануваат и тоа само за да се прикажат пред светот...“ (Ен Ниса, 142)
7. Правење на добри дела за да бидат видени или слушнати.
„да се прикажат пред светот...“ (Ен Ниса, 142)
Солидарноста (Љубовта) и непријателствувањето (Ел Вела Вел Бера)
Според етимолошкото значење Ел Вела значи заштита и љубов.
Ел Бера е инфинитив од глаголот бере’е и значи да се пресече да се прекине.
Терминолошко значење:
Ел Вела: Искажување на љубов кон муслиманите, нивно помагање, почитување, уважување и блискост до нив.
Ел Бера: Искажување на омраза кон неверниците, дистанцирање од нив и нивно непомагање.
Важноста на солидарноста и непријателствувањето (во име на Аллах):
- Овој принцип е еден од столбовите на Ислмаското верување.
- Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем, го нарекол најцврста иманска врска.
- Овој принцип е дел од Ибрахимовата, алејхи селам, и верата на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.
Љубовта кон неверниците може да се манифестира во две форми:
- Ет Тевели
- Ел Мувала
За првата Ет Тевели форма неопходно е да се знае следново:
|