Изразот Деџџал: постанал познат назив за слепиот (ќорав) лажлив Месих. Затоа кога ќе се рече Деџџал веднаш разумот не упатува на него.
Деџџал се нарекува со ова име поради неколку значења: Затоа што тој ја покрива вистината со заблуда; или затоа што го покрива неговото неверство пред луѓето со неговите прикажув- ања и залажувања или затоа што самиот се прикрива со бројноста на својата дружина. (Лисанул-Араби)
Описот на Деџџал
Се наведуваат бројни хадиси околу описот на Деџџал. Ибн Омер пренесува дека Аллаховиот Пеј гамбер а.с. го спомнал Деџџал, па рекол: “Навистина Аллах не е слеп, додека Месих Деџџал е слеп во десното око ..” (Бухари, Муслим)
Во друг хадис на Убадете ибн Самит се вели дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Навистина Месих Деџџал е низок човек, ќелав, слеп, со око запечатено, кое ниту е истурено ниту е вдлабочено. Ако ви се помеша вам, знајте дека вашиот Господар не е слеп.” (Ебу Давуд, Ахмед)
Во хадисот на Енес р.а., Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Помеѓу неговите очи е напишано Кафир.” (Бухари)
Во друго предание стои: “Буквите ќе бидат прав-илно подредени: Ка, Фа, Ра, ќе ги чита секој муслиман.” (Бухари)
Во преданието на Хузејфе стои: “Ќе ги прочита секој муслиман писмен бил или неписмен. (Муслим)
Се наведува во некои хадиси дека Деџџал е слеп во левото око, во други хадиси се спомнува дека е слеп во десното око, сите преданија се веродостојни.
Верникот ќе го чита, препознава Деџџал со помош на Аллах џ.ш. иако е неписмен, додека неверникот нема да го гледа ниту препознава, дури и да е писмен. Како што верникот ги гледа божјите докази со очи на спознание. А неверникот не ги гледа. Така Аллах џ.ш. ќе го поучи верникот без да учи, бидејќи тоа време ќе биде време на чуда и необичности.
Од особините на Деџџал исто така се наведува дека тој е голем човек, црвен, со високо чело, широки гради. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Помеѓу Адем и Судниот ден не е создаден поголем човек од Деџџал.” (Муслим)
Каде ќе се појави Деџџал?
Деџџал ќе се појави од страната на Исток, од Хоросан, од исфаханските евреи, и потоа ќе шета по земјата. Нема да остави место без да го посети и влезе во него, освен во Мекка и Медина во кои не ќе може да влезе, бидејќи тие два града ќе ги штитат мелеките.
Ебу Бекр р.а. пренесува дека: Аллаховиот Пејгамбер а.с. ни раскажал дека Деџџал ќе се појави на Исток, од местото наречено Хоросан. (Тирмизи)
Енес р.а. вели: Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Деџџал ќе излезе од исфаханските евреи, и со него ќе бидат седумдесет илјади евреи.” (Ахмед)
Аллаховите мелеки ќе ги штитат
Мекка и Медина од Деџџал
Во хадисот на Фатима бинт Кајс се наведува дека Деџџал рекол: “Ќе излезам, ќе одам по земјата, нема да оставам ниедно место без да влезам во него за четириесет ноќи освен Мекка и Тајјибе (Медина). Тие се забранети за мене. Кога и да посакам да влезам во еден од нив, ќе ме дочека мелек со остра сабја и ќе ме спречи. На секој приод до нив стои мелек кој ги чува.” (Муслим)
Исто така потвредено е дека Деџџал нема да има пристап во четири џамии: Месџидул-Харам (Мекка), Месџидул-Медиине (Медина), Месџиду-Тур и Месџидул-Акса (Ерусалим).
Се пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Тој ќе се задржи на земја четириесет сабахи, ќе дојде на секој извор, а нема да се приближи кај четири џамии: Месџуд-ел-Харам, Месџид ел-Медиине, Месџид ет-Тур и Месџид-ел- Акса.” (Ахмед)
Најбројни следбеници на Деџџал ќе бидат: евреите, неарапите, татарите, жените, бедуините и неучените т.е. простата маса на луѓе.
Деџџаловото искушение се смета за најголемо искушение
Искушението на Деџџал се смета за најголемо искушение откако го создал Аллах џ. ш. Адема а.с. па се до Судниот ден, поради тоа што Аллах џ.ш. ќе му даде натприродна моќ со која ќе прави чуда од кои разумот ќе остане вџашен.
Се наведува дека со него ќе биде Џеннет и Џехенем, но неговиот Џеннет ќе биде Џехенем а неговиот Џехенем ќе биде Џеннет, со него ќе бидат големи реки, брда со леб, ќе му нареди на небото да врне дожд и тоа ќе заврне, на земјата да никне и таа ќе никне, ќе го следат богатствата на земјата, ќе ја поминува земјата со голема брзина; како облак кој го тера ветрот.. и други необични нешта.
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Од неговото искушение - (на Деџџал) - ќе му рече на некој бедуин:Што мислиш ако ти ги проживеам твоите родители, дали ќе посведочиш дека сум твој господар? Бедуинот ќе рече: Да. Тогаш, двајца шејтани ќе се претворат во неговите родители и ќе му речат: О синко! Следи го него,бидејќи тој е твојот господар.” (Ибн Маџџе)
Исто така рекол: “Деџџал е ќор со левото око, со разбушавена коса, со него ќе бидат Џеннет и Џехенем, но неговиот Џеннет е Џехенем а неговиот Џехенем е Џеннет.” (Муслим)
Во хадисот на Наввас ибн Сем‘аан р.а. се наведува дека асхабите го прашале Пејгамберот: “О Аллахов пратенику! Колку ќе се задржи (Деџџал) на земјата? Рекол: Четириесет дена: ден како година, ден како месец, ден како недела, и преостанатите дена како вашите денови. Прашале: Со каква брзина ќе се движи на земјата? Рекол: ‘Како облак кога ветер го тера.’ Потоа ќе дојде кај луѓето и ќе ги повика, и тие ќе поверуваат во него, и ќе се одзвијат на неговиот повик, ќе му нареди на небото да врне и ќе врне, на земјата да никне и таа ќе никне, стоката ќе им се врати на крајот на ден сита и со полно млеко. Потоа ќе дојде кај луѓето и ќе ги повика, а тие ќе го одбијат неговиот повик,па ќе ги напушти нив. Ќе останат сиромашни без да имат нешто, ќе помине покрај урнатини па ќе и рече: ‘Исфрли ги ризниците на твоите богатства’, па богатството ќе го следи како рој од пчели (машки). Потоа ќе го повика еден крупен младич, ќе го удри со сабја и ќе го преполови на два дела. Тогаш, повторно ќе го повика, а тој ќе дојде со ведро и насмеано лице.” (Муслим)
Во преданието на Имам Бухари се наведува дека човекот кој Деџџал ќе го убие е еден од најдобрите луѓе., ќе дојде пред Деџџал од Медина (градот на Пејгамберот) и ќе му рече на Деџџал: “Сведочам дека ти си Деџџал за кого ни раскажувал Аллаховиот Пејгамбер . Деџџал ќе рече: Што мислите ако го убијам, и потоа го проживеам, дали ќе се посомневате во мене? Тие ќе речат: Не. Па ќе го убие, потоа ќе го проживее. Тогаш, човекот ќе рече: ‘Се колнам во Аллах, сега ми е појасно кој си ти. Деџџал ќе посака да го убие, но не ќе може тоа да го стори.”
Ибн Ареби рекол: “Сето она што ќе го прави Деџџал од разни чуда и необичности: од спуштање на дожд, благосостојба за оној кој поверува во него, мака за оној кој ќе го одбие, следење на земјините богатаства, Џеннет, Џехенем, реки, кои ќе бидат со него; сето тоа е искушение и испит од страна на Аллах џ.ш. да го уништи лицемерот и слабиот, а да го спаси цврстиот верник. Сето тоа е страшно, затоа Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Нема поголемо искушение од искушението на Деџџал.” (Фетхул-Бари)
Како да се заштитиме од Деџџал?
Како што секој божји пратеник го предупредил и известил својот народ од искушението на Деџџал, така и Мухаммед а.с. го предупредил својот уммет од тоа страшно искушение, бидејќи Деџџал ќе се појави во овој уммет со сигурност, зошто овој уммет е последен од сите народи и нашиот Пејгамбер е печат на сите пејгамбери.
А сега да укажеме на некои начини со кои ќе се заштитиме со помош на Аллах џ.ш.од сплетките на Деџџал:
Прво: Цврсто придржување за Аллаховата вера, продлабочување на нашето верување, спознавање на божјите добри имиња и убави својства, и да знаеме дека: “Ништо не му е слично нему” додека Деџџал е ќор, а Аллах џ.ш. не е , и дека ние нема да го видиме Аллаха освен после смртта, додека Деџџал ќе го видат сите луѓе кога ќе се појави; верник и неверник.
Второ: Барање на заштита и прибежиште од сплетките на Месих Деџџал, а посебно во намаз после тешехуд пред селам.
Аиша р.а. жената на Мухаммед а.с.вели дека Аллаховиот Пејгамбер се молел во намаз со зборовите: “О боже, барам заштита кај тебе од казната во гробот, и барам заштита од фитнето на месих Деџџал..” (Бухари, Муслим)
Трето: Учење напамет првите и последни ајети од суретул-Кехф. Аллаховиот Пејгамбер а.с. наредил да се учат првите ајети од суретул-Кехф поради заштита од сплетките на Деџџал, додока во некои други преданија последните ајети, и тоа десетте нејзини први или последни ајети. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Кој ќе ги научи напамет десетте први ајети од суретул-Кехф ќе биде заштитен од Деџџал.” (Муслим)
Исто така рекол: “Кој од вас ќе го доживее Деџџал, нека ги учи првите ајети од суретул-Кехф.” (Муслим)
Четврто: Оддалечување и бегање од Деџџал; а најдобар спас од него е населување во градовите Мекка и Медина. Порано споменавме дека Деџџал нема да влезе во овие два града, затоа треба муслиманот кога ќе се појави Деџџал да се оддалечи од него, поради неговите големи спле- тки и необични чуда кои ќе им ги нанесува на луѓето. Ќе дојде кај човек кој мисли дека е верник, па ќе го натера да го следи и ќе го следи. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Кој ќе слушне за Деџџал нека бега од него. Се колнам во Аллах, човекот ќе мисли за себе дека е верник, а ќе почне да го следи Деџџала, поради сплетките кои тој ќе ги нафрлува.” (Ахмед, Ебу Давуд)
Уништување на Деџџал
Иса а.с. ќе биде оној кој ќе го убие Деџџал, на тоа упатуваат многу веродостојни хадиси. Деџџал како што споменавме ќе завладее со целата земја освен што нема да влезе во Мекка и Медина. Голема маса на луѓе ќе бидат негови следбеници, и ќе биде сеопфатно неговото искушение, од него ќе се сочуваат само мал број на верници. Тогаш ќе се појави Иса а.с. кај источното минаре во Дамаск. Ќе го следат Аллаховите робови, кои ќе ги води кон лажливиот Деџџал, тој ќе се упати кон Бејтул-Макдис, Иса а.с. ќе го сретне на влезот на местото наречено ‘Лудд’. Кога ќе го види Деџџал ќе се стопи како што се топи сол. Тогаш, Иса а.с. ќе му рече: “За тебе имам еден удар кој нема да го избегнеш.” Потоа ќе го стигне и ќе го убие со копје и побие неговите следбеници, ќе му се придружат и верниците во борба против неверниците, па дури дрвото и каменот ќе прозборат: Муслиману, Аллахов робу, еве зад мене има евреин дојди и убиј го; освен дрвото ‘Гаркад’, зошто тоа е еверејско дрво. (Ешрату-Саат)
Со неговото убиство ќе престане најголемото фитне кое ќе се најде на земјиното лице откако го создал Аллах џ.ш. Адема па с# додека ја наследи Аллах земјата и с# што е на неа.
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk
|