Main » Files » АКИДА

ИСТОРИЈАТ НА ШИРКОТ:
06.14.2014, 7:16 PM

  • Теухидот е основно верување кај Адемовите потомци додека Ширкот се појавил подоцна и станал дел од верувањата на луѓето. Ибн Аббас, радијаллаху анху, вели: Помеѓу Адем, алејхи селам, и Нух, алејхи селам, имало десет генерации. Сите верувале само во Аллах.
  • Првиот ширк се појави кога народот на Нух, алејхи селам, ги надминаа границите во величањето на добрите луѓе. На почетокот направија нивни слики и кипови за да се потсеќаат на нивната побожност, за да на крајот по неколку генерации, кога го снема знаењето, не почнат да ги обожуваат. Тогаш Аллах, субханеху уе те’ала, го прати Нух за да ги повика во Теухид.
  • Ширкот кај народот на Муса, алејхи селам, се случи кога за божество го прогласија златното теле, кое сами го изработија.
  • Ширкот кај христијаните се појави по воздигнувањето на небо на Иса, алејхи селам, од страна на Аллах, џел-ле ше’нуху. Павле кој се декларираше како следбеник на Иса, алејхи селам, преку интриги и измама го воведе тројството, обожувањето на крстот и други идоли кои немаат основа во Инџилот.
  • Ширкот кај арапите се распространи кога Амр ибн Лухеј Ел Хузаи, ја измени верата на Ибрахим, алејхи селам, ги донесе првите идоли во Хиџаз и почна да ги повикува луѓето да ги обожуваат тие идоли.
  • Ширкот во Умметот на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, се појави преку династијата на Фатимидите, во четвртиот век кога почнаат да градат објекти врз гробови, кога почнаа да воведуваат новотарии како мевлудите и кога почнаа претерано да ги величаат добрите луѓе. За ова придонес имаат девијантните форми на суфизмот кои ги глорифицираа своите шејхови и водачи на тарикатите.

 

Опасноста и последиците (казните) од Ширк:

 

  1. Аллах, субханеху уе те’ала, нема да му прости на тој што ќе направи ширк и ќе умре без да се покае за него.

Доказ е ајетот:

 „Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сe освен тоа кому Тој сака!“ (Ен Ниса, 48)

 

  1. Тој што чини ширк излегува од Исламот и се анулира заштитата на неговиот живот и имот.

 

Доказ е ајетот:

 „Кога ќе поминат светите месеци, тогаш убивајте ги многубошците каде и да ги најдете, заробувајте ги, опсадете ги и на секој премин дочекувајте ги!“ (Ет Теубе, 5)

 

  1. Аллах, субханеу уе те’ала, нема да прими дело на мушрик исите негови поранешни дела се поништуваат:

 

Доказ се ајетите:

 „А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.“ (Ез Зумер, 65)

„И Ние ќе пристапиме кон делата нивни кои ги правеле, и во прав и пепел ќе ги претвориме.“ (Ел Фуркан, 23)

 

  1. На мушриците им е забранет влезот во Џеннет и засекогаш ќе останат во Џехеннем.

 

Доказ е ајетот:

 „Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во џеннетот и неговото живеалиште ќе биде џехеннемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“ (Ел Маиде, 72)

Дела со кои се излегува од Исламот

 

Се работи за дела кои го нарушуваат и поништуваат Исламот, и тие се бројни. Од нив најопасни и најчести се следниве.

  1. Ширк, припишување на здруженик на Аллах, кој се обожува како што се обожува Аллах. Во овој вид на ширк припаѓа и курбанот кој се коле во име на некој друг освен Аллах, во име на џин или во име на гроб кој го смета за гроб на побожен човек.

Доказ за опасноста на ова дело е ајетот:

„Аллах, навистина, нема да прости некој да Му се здружува, а кому сака ќе прости сe освен тоа. А далеку заталкал тој што на Аллах Му припишува здруженик.“ (Ен Ниса, 116)

  1. Тој што помеѓу себеси и Аллах ќе постави посредници на кои им се моли, бара да се завземат за него, се потпира врз нив. Тој е неверник со консензус на сите исламски алими
  2. Тој што не ги смета за неверници тие што му чинат ширк на Аллах, тој што се сомнева во нивното неверство или смета дека нивниот правец е исправен.
  3. Тој што смета дека правецот на некој друг е посовршен од правецот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, смета дека нивниот суд/закон е подобар од Неговиот давајќи им предност на тагутските закони и прописи. Тој што така верува е неверник.
  4. Ако мрази нешто од она што ни го доставил Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем, дури и ако работи според него, станува неверник.
  5. Доколку ја исмејува/се потсмева со верата која ја доставил Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, со спомнатите награди и казни, станува неверник.

 

Доказ се зборовите на Возвишениот:

„А ако ги запрашаш, тие сигурно ќе кажат: „Ние само разговаравме и се забавувавме.“ Кажи: „Зарем не Му се потсмевавте на Аллах, и на зборовите Негови, и на Пратеникот Негов? Не извинувајте се! Јасно е дека сте неверници, а тврдевте дека сте верници. Ако на некого од вас му простиме, другите ќе ги казниме затоа што се виновници.“ (Ет Теубе, 65-66)

  1. Сихрот-магијата во која припаѓа раздвојувањето на сопружниците и поврзувањето помеѓу две лица кои не се сакаат. Тој што ќе го направи ова дело или е задоволен да се прави, станува неверник.

 

Доказ е ајетот:

 „Тие двајца никого не поучуваа сe додека не му кажеа: Ние само искушуваме, а ти немој да бидеш неверник!“ (Ел Бекаре, 102)

  1. Помагање и поддршка на неверниците против муслиманите.

Доказ е ајетот:

 „А нивен е и тој меѓу вас кој за заштитници (пријатели) ќе ги прифати; Аллах, навистина, нема да им укаже на Вистинскиот пат на луѓето кои сами на себе неправда си чинат!“ (Ел Маиде, 51)

 

  1. Верувањето дека на некои луѓе им е дозволено да се воздигнат над верозаконот на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.  За ваквите Аллах, субханеху ве те’ала, вели:
  2. „А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.“ (Али Имран, 85)

    < >Запоставувањето на Аллаховата вера, не учи за неа и не работи според неа.Доказ е ајетот:

     

  3.  „А има ли поголем злосторник од тој што е опоменат со знаците на својот Господар, а потоа им врти грб? Ние, навистина, ќе ги казниме злосторниците!“ (Ес Сеџде, 22)

     

    Напомени:

    < >Во делата кои го поништуваат и рушат Исламот нема разлика помеѓу тој што ваквите дела ги работи сериозно, во шега или со страв. Исклучок е лицето кое е присилено на вакви дела.Делата кои ги спомнавме се најчести и најопасни па затоа секој муслиман е должен да се плаши и да стравува од нив.

     

    Ова го потвдува следниот ајет:

  4. „Ние на секој народ Пратеник му испративме: „Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!“ (Ен Нахл, 36)

    Начин на кој се негира Тагутот:

    < >Да бидеш убеден дека обожувањето на било кој освен Аллах е безвредно, да се дистанцираш од истото и да го презираш таквото обожување.Сите кои чинат таков ибадет (обожуваат други покрај Аллах) се сметаат за неверници и непријатели.Иблис, кого Аллах, поради неговата непокорност, го проколнал и го оддалечил од својата милост.
  5. Секој кој е обожуван како што се обожува Аллах, субханеху ве те’ала, и е задоволен со таквото обожување.
  6. Тој што ги повикува луѓето да го обожуваат.
  7. Тој што тврди дека знае нешто од невидливото (гајбот)
  8. Тој што суди со закони кои не ги објавил Аллах, субханеху ве те’ала.
  9. припрема 
    www.tewhid.ucoz.org
    facebook.com/Tewhid.mk

    од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма

    Автор:
    Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил


    Превод:
    М-р. Талха Куртиши

Category: АКИДА | Added by: tewhid
Views: 646 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube