Main » Files » АКИДА

ГОЛЕМИ ГРЕВОВИ, ОД ИМАМ ЗЕХЕБИ..
10.31.2014, 2:56 AM

1.Голем грев - Припишување соучесник на Аллах џ.ш. (Ширк)

Ширкот се дели на два видови:

1) Голем ширк - Тоа е правење ибадет (обожување) на некој друг освен Аллах (бараме заштита од Аллах од тоа), или упатување било кој вид на ибадет на некој друг покрај Него (на пр. принесување жртва, правење дова и други ибадети). Ако човекот верува во Аллах џ.ш. и во исто време прави ибадет на некој друг покрај него станува мушрик. Доказ за тоа се зборовите на возвишениот Аллах џ.ш.: 'Аллах нема да опрости некој друг да Му се смета за рамен (ширк), а ќе ги опрости помалите гревови од тоа, на кого Тој сака.” (Ен - Ниса 48)

Исто така Аллах џ.ш. вели: „Оној кој му припишува придружник на Аллах, нему Аллах ќе му го забрани џеннет, а негово престојувалиште ќе биде Огнот.” (Ел-Маиде, 72)

2) Мал ширк (рија)- Тоа е претварање и неискреност во делата, а доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах џ.ш.: 'А тешко на клањачите кои се несериозни и молитвата своја навреме не ја извршуваат, кои само се преправаат и никому ништо не делат.” (Ел-Ма’ун, 4:

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели дека Аллах џ.ш. рекол: 'Јас немам никаква потреба други да Ми се припишуваат рамни, па кој ќе направи дело и во него Ми придружи уште некој, го оставам него и неговото дело (ширк).” (Муслим, Ибн Маџџе)



2. Голем грев - Бесправно убивање


Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'И оние кои покрај Аллах на друг бог не се клањаат, и оние кои Аллах забранил не ги убиваат, освен кога правдата тоа го бара и кои не блудничат: - а кој тоа го прави ќе вкуси казна, страдањето на овој свет ќе му биде дуплирано и вечно во тоа понижен ќе биде, освен оние кои ќе се покајат и поверуваат и добри дела прават.” (Ел Фуркан, 68:70)

Убиство на муслиман се третира за голем грев, но во три случаи е дозволено одземање на животот на муслиманот. Пренесува Ибн Месуд р.а. дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: „Не е дозволена крвта на муслиманот освен во еден од трите случаи: оженет човек кој ќе направи блуд, човек кој ќе убие друг човек и човек кој ќе ја смени својата верата, растурач на заедницата.” (Бухари, Муслим) 

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Убиството на еден муслиман е поголемо кај Аллах од пропаста на целиот свет.” (Ибн Маџе) 

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Секој грев можеби Аллах ќе го прости освен човек кој умре како неверник или човек кој убие намерно друг муслиман.” (Несаи) 

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Кој помогне во убиство на еден муслиман дури и со половина збор, ќе го сретне Аллах со напишано меѓу двете очи: Лишен од Аллаховата надеж.” (Ахмед)
3. Голем грев - Магија (Сихр)

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'А шејтаните се неверници, ги поучуваат луѓето на магии.” (Ел-Бекаре, 102)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Чувајте се од седум работи кои водат во пропаст: правење ширк на Аллах, магија, убиства на оние на кои Аллах забранил да се убиваат, освен тогаш кога тоа правдата го бара..” (Бухари, Муслим) 

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Казната за оној кој прави магии е удар со сабја (убиство).” (Тирмизи, 3/10) Поточно е дека тоа е збор на Џундуб. 

Беџале ибн Абде вели: „Ни дошло писмо од халифата Омер една година пред неговата смрт да го убиеме секој сихирбаз и сихирбаска.” 

Што се однесува до Рукја (учење на дови и потоа дување во болниот)не спаѓа од видот на сихр. Имам Хаттаби вели: „Ако рукјата биде со Куран или со Аллахови имиња тогаш таа е дозволена. Поради тоа што Аллаховиот Пратеник а.с. им учел рукја на неговите внуци Хасан и Хусејн со следниве зборови: Еузукума бикелиматил-лахи-тамме мин кулли шејтанин ве хамметин ве мин кулли ајнин ламметин.” (Бухари, 2/239) 

4. Голем грев - Изоставање на намаз

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'По нив дојдоа поколенија кои намазот го оставаа и страстите ги следеа; тие сигурно лошо ќе пројдат освен оние кои ќе се покајат и веруваат, и добро чинат.” (Мерјем, 59:60)

Пратеникот а.с. вели: 'Помеѓу човекот, ширкот и неверството е оставање на намазот.” (Муслим, Невеви 2/432)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.вели: 'Она што е помеѓу нас и нив (неверниците) е намазот, па кој го остава постанува неверник.” (Ахмед и други, Сахихул џами„ 4143)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.вели: 'Прво за што ќе биде прашан човекот на Судниот ден од неговите дела е намазот, па, ако тој му е примен, ќе биде спасен, а ако не му биде примен, ќе пропадне.” (Ебу Давуд) 

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.вели: „Не се наградува намазот во кој човекот не го исправува својот грб во руку и сеџде.” (Ахмед, Ебу Давуд, Тирмизи)


Кога халифата Омер ибн ел-Хаттаб бил прободен со нож, му било речено: Намаз, Владару на правоверните! Одговорил: Да! нема дел во Исламот оној кој го изостава намазот.”

Кога детето се наредува на Намаз?


Пренесува Ебу Давуд дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Наредете им на вашите деца да клањаат намаз кога ќе наполнат седум години, а кога ќе наполнат десет години, удрете ги за него.”



5. Голем грев - Недавање на Зекат



Аллах џ.ш. вели: 'Нека оние кои скржават во она што Аллах од Своето изобилство им го дава никако не мислат дека тоа е добро за нив, Не! тоа е зло за нив. На Судниот ден ќе им биде на вратот обесено она со што скржавеле.” (Али Имран, 180)

Аллаховиот Пратеник а.с. вели: 'Први тројца кои ќе влезат во Оган се: суров владар, човек кому Аллах му дал, а не го извршува Аллаховото право (зекат) и горделив сиромав.” (Ахмед)

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: „Кому Аллах даде богатство и тој не дели зекат, неговото богатство на Судниот ден ќе се претвори во змија која ќе има две црнки во очи, ќе му се обеси на неговиот врат и ќе го каса за образ. Потоа ќе му рече: Јас сум твоето богатство, јас сум твојата ризница. После го читал горе наведениот ајет.” (Бухари)

Ибн Аббас р.а. рекол: 'Кој ќе биде обврзан да дава зекат и не го дава ќе моли за повторно враќање на дуњалук (реџ„а) при умирање. Еден човек му рече: Плаши се од Аллах, неве-рниците ќе бараат повторно враќање! Ибн Аббас му одговорил: За тоа ќе ти прочитам ајет од Кур„ан каде Возвишениот Аллах вели: 'И делете од ризкот што Ние вие го дадовме пред да му дојде некому смрт, па да рече: Господаре мој, кога би ме задржал малку, па да давам садака (зекат) и да бидам меѓу добрите.” (Мунафикун, 10)
. Голем грев - Да не се пости Рамазан без оправдана причина




Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'О, верници, ви се пропишува пост како што бил пропишан и на оние пред вас за да бидете богојазливи.” (Ел-Бекаре, 183)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Исламот се темели на пет работи: со сведочење дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, со клањање на намаз, давање зекат, обавување хаџџ и со постење на Рамазан.” (Бухари, Фетхул - бари 1/49)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: ' Кој расипе еден ден од Рамазан без оправдание, нема да го надомести па дури и да пости цел живот.” (Тирмизи) 

Ибн Аббас р.а. рекол: „Стожери на Исламот и негови темели се: сведочење дека нема друг бог освен Аллах, намаз и постење на Рамазан. Кој ќе пропушти една од нив постанува неверник.”




7. Голем грев - Неизвршување на Хаџот од оној кој има можност 



Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Поради Аллах луѓето се должни да ја посетат Аллаховата куќа: кој ќе има можност од нив за тоа.” (Али Имран, 97)

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Кој ќе има можност (опскрба, здравје, превозно средство) да обави хаџџ на Аллаховата куќа и не обави, тогаш нека умре ако сака како евреин или како христијанин.” (Тирмизи, 2/113) 

Омер ибн ел-Хаттаб вели: 'Ми доаѓа да одлучам да пратам луѓе до блиските места (градови и села) да видат секој оној што има можност да обави хаџџ и не обави хаџџ да му одредат џизје (данок што го плаќаат штитениците во исламска држава)Тие не се муслимани.” 



8. Голем грев - Непослушност спрема родители


Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Кога еден од нив двајца или пак двајцата кај тебе ќе доживеат старост не вели им ни: Уф! - и не подвикнувај им на нив, и обраќај им се со зборови полни со почитување. Биди спрема нив внимателен и понизен и речи: Господару мој, смилувај им се, тие мене кога бев дете ме негуваа.” (Ел-Исра, 23:24)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Сакате ли да ве известам кои се најголеми гревови? -Да се прави ширк на Аллах, непослушност кон родители и лажен говор.” (Бухари)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Аллах е задоволен (од човекот) ако се задоволни неговите родителите и Аллах е гневен на него ако се гневни неговите родителите.” (Тирмизи, 3/208) 

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Казната за се секој грев можеби Аллах ќе ја одложи за Судниот ден, освен за непослушност кон родители ќе ја забрза (значи на овој свет).” (Хаким, 4/103)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Аллах го проколнува оној што ги навредува (пцуе) своите родители, Аллах го проколнува оној што ја навредува својата мајка.” (Ахмед)
__________________

„Сплетката на Шејтанот, навистина, е слаба!“ (Ен-Ниса, 76) 

9. Голем грев - Непосетување на блиската фамилија и кинење на роднински врски

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Зар и вие не би, кога на власт стасале, неред на земјата чинеле и роднински врски кинеле! Тоа се оние кои Аллах ги проколнал и глуви и слепи ги направил.” (Мухаммед, 22:23)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Не е поврзувач на роднинската врска оној кој ја одржува кога таа е непрекината, туку нејзин поврзувач е оној што ја воспоставува кога таа е прекината.” (Имам Ахмед и други, Сахихил-џами„ 5385)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Нема да влезе во Џеннет оној кој ги кине роднинските врски.” (Бухари)

Па брате настојувај да ги чуваш роднинските врски така што ќе искажуваш љубов и ќе ги посетуваш, ќе им помагаш во она во што имаат потреба и биди стрплив на нивните нелагодности. Драги брате нека Аллах не направи од оние кои го слушаат Неговиот збор и го следат и Неговото добро.


10. Голем грев - Блуд (зиналук)

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'И не приближувајте се на блудот, зошто тоа е разврат, колку е тоа лош пат!?” (Ел-Исра, 32)

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: „На блудницата и блудникот удрете им по сто корбачи. Во верата Аллахова, доколку верувате во Аллах и Денот суден.” (Ен-Нур, 2)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Кога човекот прави блуд од него излегува иманот и стои над неговата глава како сенка, па кога ќе се покае и престане се враќа во него.” (Ебу Давуд и Хаким, Сахихул- џами„ 586)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Блуд за очите е погледот, блуд за јазикот е говорот, блуд за рацете е допирот, блуд за нозете е одот, блуд за ушите е слушање, душата сака и посакува а половиот орган тоа го потврдува или изневерува.” (Бухари)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'О, муслимани плашете се од блудот, бидејќи тој носи шест својства; три на овој свет и три на идниот свет. Оние три на овој свет се: губење на ведрина од лицето, краток живот и постојана сиромаштија; додека на идниот свет: Аллахов гнев, лоша пресметка и казна со Оган.” (Кензул-Умал)

Барам заштита од Аллах, и Аллах да не сочува и нас и вас од ова беља и да не зацврсти во верата со својата добрина и милост, а Тој с# слуша и се одзвива на довата.
__________________11. Голем грев - Хомосексуализам и полово општење со жената во нејзиниот заден отвор (анус)

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Вашите жени се ваши ниви, затоа пријдете им на вашите жени како посакувате (во местото на оплодување).” (Ел-Бекаре, 223)

Аллаховиот Пратеник а.с.вели: 'Аллах нема да погледне во човекот кој полово општи со маж или со жена во нејзиниот заден отвор (анус).” (Тирмизи, Сахихул - џами„ 7801)

Аллаховиот Пратеник а.с.вели: 'Најповеќе од што се плашим за вас е делото на народот на Лут а.с., значи хомосексуалност.” (Ибн Маџе) 

Аллаховиот Пратеник а.с.вели: 'Кога ќе најдете некого да го прави делото на народот Лут, убијте го чинителот и оној над кого се чини.” (Ибн Маџе) 

Аллаховиот Пратеник а.с.вели: 'Избегнувајте однос во задниот отвор и во време на менструации.” (Тирмизи) Во друго предание стои: 'Проклет е оној што врши однос со жената во време на менструации или во задниот дел (анус).” (Ебу Давуд)



12. Голем грев - Камата


Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Оние кои јадат камата ќе се дигнат како што ќе се дигне оној кого шејтанот со допир го избезумил.” (Ел Бекаре, 275)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Каматата има седум-десет и три видови. Најлесна од нив е како човек да се оженил со неговата мајка, а најголема камата на муслиманот е кога ја сквернави честа на друг муслиман.” (Хаким- Сахих)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'За четворица Аллах има потполно право да не ги смести во џеннет ниту да го вкусат неговиот благодет: ноторен пијаница, оној што јаде камата, оној што го јаде имотот на сиракот и непослушниот на своите родители освен ако претходно се покајат.” (Хаким)


Катаде рекол: „Оној кој се хранел со камата на Судниот ден ќе биде проживеан како ненормален, а тоа ќе биде знак за тие кои се хранеле со камата за да ги препознаваат луѓето Тој ден.

Ибн Мес'уд р.а. вели: „Кога ќе се појави блуд и камата во едно место, Аллах ќе дозволи да се уништат.”


13. Голем грев - Јадење имот од сирак

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Оние кои неправедно јадат имоти на сираци, навистина јадат она што ќе ги одведе во оган и тие во оган ќе горат.” (Ен-Ниса, 10)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Кога бев на мира„џ поминав покрај луѓе кои на други луѓе им ги кинеа брадите, а пак други доаѓаа со огнени камења и им ги фрлаа во нивните усти кои им излегуваа од оздола. Прашав: О Џебраил, кои се овие? Рече: 'Оние кои јадат неправедно имот на сираци, тие всушност јадат оган во нивните стомаци.” (Муслим)


Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK

OD KNIGA> Големи гревови, од Имам Зехеби.

 

Category: АКИДА | Added by: tewhid | Tags: AKIDA
Views: 791 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube