Main » Files » АКИДА

Ет Тевесул - Посредништво
06.14.2014, 8:21 PM

 Ет Тевесул - Посредништво

 

Етимолошко значење: Она кое го користиме за да се реализира некоја цел или да се приближиме до нешто/некого.

Верското значење е да се искористи верски дозволена причина за да му се приближиме на Аллах, џел-ле ше’нуху.

 

Тевесулот се дели на две основни категории:

Дозволен и недозволен.

Во категоријата дозволен Тевесул спаѓаат:

  • Тевесулот (Посредништвото) со некои од Аллаховите имиња и атрибути.
  • Посредништвото со некое добро дело кое го направил молителот. 
  • Посредништвото преку довата која за нас ја чини некој добар верник кој е сеуште жив.

Забранет Тевесул е секој оној кој што е во спротивност со спомнатите форми на дозволен Тевесул.

Како примери ќе ги наведам:

  • Посредувањето со цел приближување кон Аллах преку правото (хакк) и положбата која ја има некоја личност.
  • Довата и заветот со кои им се обраќаме на тнр. евлии и добри луѓе.
  • Принесување на жртви (курбани) за евлиите и често престојување околу нивните гробишта.

    Принесувањето на жртва на некој друг освен Аллах

     

    Зборот зебх од етимолошка гледна точка значи колење.

    Терминолошки значи колење и пуштање на крв на посебен начин со цел величање и приближување кон Бога.

    Колењето на курбани може да се категоризира во три категории:

  • Верски пропишано
  • Верски дозволено
  • Принесување на Курбани кои се Ширк
  • Примери на верски пропишани курбани се:

  • Курбаните кои се колат за Курбан Бајрам.
  • Курбаните кои се колат за да се исполни завет даден на Аллах, џел-ле ше’нуху.
  • Курбанот за време на Хаџ.
  • Курбан кој се коле како откуп за грешки во тек на Хаџ и Умре.
  • Акиката која се коле во знак на благодарност за новороденото дете.
  • Курбан кој се дели на сиромашните со цел да се придобие Аллахоото задоволство.
  • Курбанот кој се коле за да се почестат гости.
  • Во групата верски дозволено колење спаѓаат:

  • Колењето на животни за да се тргува со нивното месо.
  • Колење на животно чие месо ќе се користи за исхрана.
  • Во групата колење кое е од Ширк спаѓа:

  • Колење и принесување на жртви на кипови/идоли.
  • Курбани кои им се принесуваат на џинни.
  • Принесување на жртви за турбиња, гробишта и места каде се чини Ширк.
  • Колење на курбан при вселување во куќа со цел да се заштити од џинни/демони.
  • Курбан кој се коле пред да влезат младоженците во нивната куќа и преминување преку крвта на принесената жртва. 
  • Курбан кој се коле за Аллах но се спомнува друго име а не Аллаховото име, субханеху уе те’ала.
  •  

    Сиже:

    1. Колењето и принесувањето на жртва е ибадет кој му се упатува само на Аллах и не е дозволено истиот да му се упати на некој друг освен на Аллах, субханеху уе те’ала. Доказ се зборовите на Возвишениот:Кажи: Клањањето мое, и обредите (курбаните) мои, и животот мој, и смртта моја, навистина Му се посветени само на Аллах, Господарот на световите.“ (Ел Енам, 162)

    2. Колењето и принесувањето на жртва на некој друг а не на Аллах е Голем Ширк и тој што тоа го прави е проколнат од Бога. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: Проколнат е тој што ќе заколе курбан за некој друг освен за Аллах. (Муслим)

     

    Завет (Незр) даден на некој друг освен Аллах  

     

    Етимолошки незр значи цврста одлука.

    Терминолошки незр е кога верски одговорно лице (мукеллеф) ќе се обврзе со ибадет кој не му е должност за да го велича тој во чие име се заветувал.

     

    Дадениот завет е ибадет

    Не е дозволено да се заветуваш дека ќе направиш некое дело кое не ти е должност освен во име на Аллах, џел-ле ше’нуху. Доколку тоа се направи со цел да се велича некој друг (не Аллах) тогаш  се прави голем Ширк. Аллах, субханеху уе те’ала, вели: Тие заветот го исполнуваат...“ (Ел Инсан, 7)

    Оној што ќе се заветува во некого друг а не во Аллахово име, не му се дозволено да го изврши тоа за што се заветувал.

     

    Кога заветот станува Ширк

     

    Кога човекот ќе се обврзе со нешто во име на некој друг а не Аллах величајќи го и барајќи блискост до него како на пример:

  • Да каже: Доколку Аллах, субханеху уе те’ала, го излечи овој болен за гробот на евлијата ќе заколам „толку“ овци и ќе дадам „толку“  пари.
  • Да каже. Доколку ми се роди дете за евлијата ќе заколам курбан на неговиот гтоб.
  • Да каже: Се заветувам да заколам три курбана за „тој“ евлија и за „тој“ џинн.
  • Да даде завет за некој кип/идол.
  • Да даде завет за сонцето или месечината.
  •  

    Ел Исти’анету, Ел Истигасету, Ел Исти’азету- барање на помош, излез и заштита

     

    Ел Исти’анету: барање на помош

    Ел Истигасету: барање на спас/излез од тешка ситуација.

    Ел Исти’азету: барање на заштита

     

    Доказ дека овие три дејства се ибадет се ајетите:

    За првото: Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!“ (Ел Фатиха, 5)За второто:И кога од Господарот свој помош (излез) побаравте...“ (Ел Енфал, 9)За третото: Кажи: Барам заштита кај Господарот на луѓето.“ (Ен Нас, 1)

     

    Прописи за овие три работи доколку истите се бараат од некој друг а не од Аллах, субханеху уе те’ала.

     

    Истите можеме да ги поделиме во две категории:

  • Дозволено кога ќе се исполнат следниве четири услови:
  • Два услова кои се поврзани со тоа што се бара со овие три дела (Ел Исти’нету, Ел Истигасету, Ел Исти’азету):

    1. Она што се бара да не му е својствено единствено на Аллах.

    2. Тој од кого се бара да е во можност истото да го исполни.

    Другите два услова се поврзани со тој од кого се бара помош, излез и заштита:

    1. Човекот од кого спомнатото се бара да е жив

    2. Истиот да е присутен.

  • Ширк доколку изостане еден од спомнатите услови.
  •  

    припрема 
    http://www.tewhid.ucoz.org
    http://www.facebook.com/Tewhid.mk

    од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма

    Автор:
    Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил


    Превод:
    М-р. Талха Куртиши

Category: АКИДА | Added by: tewhid
Views: 351 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube