
Од јазичен аспект зборот Тевек-кул значи препуштање и потпирање.
Во Шеријатската терминологија Ет Тевк-кул е потпирање на срцето само врз Аллах, Возвишениот.
Верски прифатлив Тевек-кул е тој што ги исполнува следниве три услови:
- Искрено и вистинско потпирање само врз Аллах, субханеху уе те’ала.
- Цврстата убеденост и верување дека сè е во Аллаховите раце.
- Чинењето на верски дозволените причини.
Поделба на Тевек-кулот:
Истиот можеме да го поделиме на три вида:
- Тевк-кул кој е Ибадет и истиот е потпирање само врз Аллах, Единствениот.
- Тевек-кул кој е Ширк. Да се потпреш врз некој друг а не врз Аллах во работите кои се само во Аллахова власт/поседување. Тука спаѓа и потполното, но и делумното потпирање врз превземените причини.
- Тевкил – ополномоштување. Да ополномоштиш некого да изврши некое дело во твое име и истиот да е во можност тоа да го направи. Ополномоштувањето е дозволено.
- Разликата помеѓу Ет Тевек-кул и ополномоштување
Тевек-кулот е скриено дело на срцето
Ополномоштувањето е видливо надворешно дело.
Доказ за Тевек-кул е ајетот:
-
„... а на Аллаха!? потпрете се, ако сте верници!“ (Ел Маиде, 23)
Довата – молитвата
Довата е Ибадет, поточно сржта и еден од најважните ибадети. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, рекол: „Довата, таа е ибадет.“ (Тирмизи и Ибн Маџе. Албани вели дека хадисот ги исполнува условите на веродостојност)
Аллах, субханеху уе те’ала, вели:
-
„Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!“ (Ел Џинн, 18)
Молитвата (довата) се дели на два вида:
< >Дова која е ибадет и се однесува на се она со што човек го обожува Аллах. Пример за овој вид на дова се намазот, хаџот, милостината, постот и сл. Причината за именувањето со зборот дова е фактот дека содржи значење на „барање“, т.е. преку овие дела човекот бара од Аллах да му се смилува и да го внесе во Рајот. Довата со која се бара одредено нешто и истата содржи барање и молба. Пример е довата: Господару мој смилувај ми се и прости ми ги гревовите.
„А тој што, покрај Аллах, му се моли на друг бог, без никаков доказ за него, пред Господарот свој сметка ќе полага, и неверниците нема да се спасат.“ (Ел Му’минун, 117)
припрема
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk
од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма
Автор:
Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил
Превод:
М-р. Талха Куртиши
|