Main » Files » АКИДА |
06.14.2014, 8:28 PM | |
Овој инфинитив произлегува од глаголот шефе’а јешфе’у што значи непарното да го направиш парно. Зборот Еш Шеф’у значи парен а не непарен број. Терминолошки шефаат е користење на посредник за да се придобие корист или да се спречи/отстрани некоја штета.
Видови на Шефаат: Шефаат кој не се прифаќа. Тоа е оној шефаат со кој се бара од Аллах она што му е својствено само на Аллах, џел-ле ше’нуху. Истиот е спомнат во ајетот: „О, верници, дајте дел од тоа со што Ние ве снабдуваме, пред да дојде Денот кога нема да има ни откупи, ниту пријателства, ниту посредништва! А неверниците се навистина неправедни!“ (Ел Бекаре, 254) Шефаат кој се прифаќа. Тоа е посредувањето/завземањето кое се бара само од Аллах и истиот треба да ги исполни следниве услови:
Доказ се ајетите:„Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?!“ (Ел Бекаре, 255)„А колку мелеци има на небесата чиешто посредување никому нема да му биде од корист, сe додека Аллах тоа не го дозволи на оној кому Тој сака и во корист на оној од кого е задоволен.“ (Ен Неџм, 26)Пропис за барање на шефаат од некој кој е жив и е во можност бараното да го направи
Посетување на гробиштата
Посетувањето на гробиштата може да се подели во три категории: А. Посетување кое е верски пропишано за да се - Потсетиме на другиот свет - Ги поздравиме со селам жителите на тие гробишта - Да упатиме дова за мртвите Б. Посетување на гробиштата за кое важи прописот Бидат – воведена новина во верата - Да му чиниш ибадет на Аллах кај некој гроб - Да бараш бериќет од Аллах кај тие гробишта - Да му подариш себапи на умрениот кај неговиот гроб - Посебно да се подготвиш за патување со цел да се посети некој гроб и сл.
В. Посетување на гробиштата кое е Ширк и рушење на Теухидот - Да му упатиш дова на некој друг (не на Аллах) кај некој гроб - Да побараш помош и спас од некого - Да заколеш курбан во негово име или да се заветуваш за некој гроб и сл.
припрема од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма Автор:
| |
Views: 462 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |