Main » Files » АКИДА |
07.08.2014, 4:17 AM | |
Аллах, аззе ве џелле, не ги создал луѓето затоа што има потреба од нив или од разонода и
забава, ниту ги создал без причина и залудно, за да се насладуваат и забавуваат. Напротив,
Возвишениот Аллах, џелле ше'нух, ги создал сите луѓе и џини само со една и еднинствена
возвишена цел, а тоа е само Него да Го обожуваат и само Нему да Му робуваат.
Па, откако си спознал дека Аллах, џелле ше'нух, те створил само за ибадет,
тогаш мора да знаеш дека ибадет не е ибадет, ако не е втемелен врз сведочење
на ТЕВХИДОТ
, исто како што намазот не се смета исправен без претходната
чистота.
Кога ШИРКОТ
ќе се измеша со ТЕВХИДОТ, го расипува, исто како што
губењето на абдестот ја расипува чистотата за намаз.
Откако си спознал дека
Возвишениот Аллах рекол:“Зарем човекот мисли дека без одговорност оставен ќе биде?“
(Превод на значење, Ел-Кијаме, 36) Се пренесува од познатите учењаци Муџахид, Шафија и
други, дека го протолкувале овој ајет со зборовите:“Т.е. мисли ли дека ќе биде оставен без
наредби и забрани.“ (“Тефсир Ибн Кесир“ 7/441)
2
Под тевхид се мисли на искажување единственост на Аллах, џелле ше'нух, во сите видови
на покорност. Да не се обожува, ниту велича ништо друго, освен Него, Возвишениот, Кој
нема здруженик. Исто така, тевхидот опфаќа и убедување дека Аллах, Возвишениот, е
единствениот господар на сè што постои и дека Нему Му припаѓаат најубавите имиња и
највозвишените својства и атрибути.
Тевхид е искрено величење на Возвишениот Аллах со љубов, страв, желба, вистинско
потпирање, надеж и упатување дова само Нему, џелле ше'нух. Тевхид е почетокот на верата
и нејзиниот крај, внатрешност на верата и нејзина надворешност, и тоа е првото и
последното во што повикувале сите Аллахови пратеници и веровесници. Поради овој тевхид
се создадени суштествата, испратени веровесниците, спуштени книгите. Поради него луѓето
се разделени на верници и неверници, среќници-кои се жители на Џеннетот и несреќници-кои се жители на Огнот. Како резултат на неговите важности и вредности, Возвишениот
Аллах ја забранил и ја направил света крвта, имотот и честа на оној кој вистински ќе го
воспостави и добие. Возвишениот му загарантирал на оној кој ќе умре на тевхид влез во
Џеннетот и забранил да го пржи Огнот, што јасно упатува на величествената корист од
тевхидот.
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве
селлем, дека рекол:“Аллах, навистина, нема да го прими намазот на ниту еден од вас ,
после што ќе изврши нужда, се додека не земе абдест.“ Хадисот го забележиле Бухари
(6954) и Муслим (225).
4
Прв: Голем Ширк, кој е претходно дефиниран и со себе повлекува четири особености:
1.) дека никому нема да му биде простено без покајување,
2.) дека оној кој го прави вечно ќе биде во Огнот и никогаш нема да влезе во Џеннет,
3.) дека на оној кој прави ширк му се поништуваат сите добри дела кои претходно ги
направил,
ШИРКОТ ја расипува исправноста на ибадетот, ако се измеша со него, ги
уништува делата и станува причина за вечното престојување во Огнот, тогаш со сигурност веќе си сфатил дека најважната обврска ти е да спознаеш што е ширк. Се надевам дека Возвишениот Аллах ќе те спаси и извлече од таа заплеткана мрежа, која се нарекува ШИРК, а за која Тој, џелле ше'нух, вели:“Аллах, навистина, нема да прости некој да Му се здружува (да му здружи ортак во влаадењето), а кому сака ќе му прости сè освен тоа!“ (Превод на значење, Ен-Ниса, 116) - ако ги спознаеш Четирите правила кои Возвишениот Аллах ги спомнал во Својата книга. 4.) дека се големиот ширк се излегува од рамките на исламот. Втор: Мал (помалиот) ширк, кој е делумно украсување на ибадетите поради нечиј поглед, претварање, заколнување во нешто освен Аллах, џелле ше'нух, и секој нецелосен говор кој во себе содржи намалување на Аллаховите, аззе ве џелле, величествености, на пример, кога се вели:“Што Аллах и ти сакате“ или “Да не беше Аллах и тој, ние не би се спасиле“ и сл. Со малиот ширк не се излегува од рамките на верата, но е еден од најголемите гревови кај Возвишениот Аллах, џелле ше'нух. Аллаховата Благородна книга е преполна со ајети кои укажуваат на тоа но, за жал, повеќето од денешните муслимани се немарни.Аллах, џелле ше'нух, рекол:“Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во џеннетот и негово живеалиште ќе биде џехеннемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“ (Превод на значење, Ел Маида 72). Аллах, џелле ше'нух, рекол:“А тебе, и на тие пред тебе, им било објавено:'Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.'“ (Превод на значење, Ез Зумер, 65). ПРВО ПРАВИЛО
Обврска е да знаеш дека неверниците, против кои се бореше Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, признаваа дека Возвишениот Аллах е Тој кој создава, снабдува и во чии раце е сета одредба, но тоа убедување не ги однело во ислам. Доказ за тоа се Аллаховите зборови: “Запрашај: 'Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во неживо, и кој управува со сè? - 'Аллах'! – ќе кажат тие, а ти кажи:'Па зошто тогаш не се плашите од Него?'“ (Превод на значење, Јунус, 31). ВТОРО ПРАВИЛО Неверниците зборуваа: “Ние не се молевме на киповите, ниту ги довикувавме, освен што од нив баравме да нè приближат кон Аллах и да се заземаат за нас кај Него.“ Доказ дека барале од нив да ги приближат кон Аллах, џелле ше'нух, се Неговите зборови: Т.е. не е доволно човек да верува дека постои Аллах, џелле ше'нух, дека Тој е бог, дека Тој усмртува и оживува, дека Тој снабдува и слично, за да влезе во исламот и да биде муслиман. Напротив, мора, врз основа на тоа убедување, да се одѕива на Аллаховите, аззе ве џелле, наредби, да се чува од тоа што Тој го забранил и да го следи Пратеникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем. Најголема Аллахова наредба е воспоставување на тевхидот, т.е. само Аллах да се обожува, а најголема забрана е чинењето ширк. Истото го говорат и тие кои обожуваат кабури (гробови), евлии, шејхови, турбиња и сл. во денешно време. Возвишениот Аллах да нè сочува од тоа.“Искрено практикување на верата е долг кон Аллах! А на тие што покрај Него земаат други за заштитници и говорат:'Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах' - Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник.“ (Превод на значење. Ез Зумер, 3) Доказ дека од нив бараа ШЕФА'АТ - ЗАЗЕМАЊЕ (заговарање, посредништво) се Аллаховите зборови: “Тие, покрај Аллах, ги обожуваат оние кои не можат да им наштетат ниту пак можат каква било корист да им донесат, и велат: 'Ова се нашите заземачи кај Аллах.'“ (Превод на значење. Јунус, 18) А шефа'атот се дели на два вида: Прв: Верски непотврден и забранет ШЕФА'АТ, а тоа е секој ШЕФА'АТ што се бара од некој друг покрај Аллах, џелле ше'нух, а тоа не е во состојба да го исполни никој друг, освен Аллах, Единствениот. Во споменатово спаѓа барањето шефа'ат од Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, со зборовите: “Шефа'ат ја Ресулуллах!“ или од шејховите, евлиите и други, што е присутно кај голем број неук народ, кој се поведува по своите заблудени предводници. Шефа'атот е само Аллахово, џелле ше'нух, право и не е дозволено да се бара, освен од Него, Единствениот. Аллах, аззе ве џелле, рекол: Кажи: “Никој не може без Негова дозвола да посредува, власта на небесата и Земјата е Негова, а потоа Нему ќе Му се вратите. “ (Превод на значење, Ез Зумер, 44). И рекол: “И опоменувај ги со Куранот тие што стравуваат што пред Господарот свој собрани ќе бидат, кога освен Него ни заштитник ниту посредник (шефаатчија) нема да имаат - за да се плашат од Аллах.“ (Превод на значење, Ел Енам, 51). Што се однесува до шефа'атот на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, на Судниот ден, тоа е еден вид почест која Аллах, џелле ше'нух, сака да ја укаже на Својот најодбран роб пред останатите созданија, поради високиот степен кој го има кај Него, Возвишениот. Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, не е во состојба да се заземе за некого кај Аллах, џелле ше'нух, сè додека Тој не му дозволи и додека не биде задоволен со тие за кои се зазема.Доказ за тоа се зборовите од Возвишениот Аллах: “О верници, дајте дел од тоа со што Ние ве снабдуваме, пред да дојде Денот кога нема да има ни откупи, ниту пријателства, ни посредништва! А неверниците се навистина неправедни.“ (Превод на значење Ел Бекаре, 254). Втор: Верски потврден и дозволен ШЕФА'АТ, а тоа е секој ШЕФА'АТ кој се бара од Возвишениот Аллах, џелле ше'нух. Секој шефаатчија е почестен со тоа заземање. А оној за кого тој ќе се зазема мора да биде од оние со чиишто зборови и дела е задоволен Аллах, аззе ве џелле. Исто така, нема да може да се зазема за него сè додека Тој, Возвишениот, не го дозволи тоа. Возвишениот Аллах рекол: “Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?!“ (Превод на значење Ел Бекаре, 255) ТРЕТО ПРАВИЛО Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, кога започнал со веровесничката мисија затекнал луѓе како прават разни видови ибадет. Некои Оној кој сака да заслужи шефа'ат од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, нека се покорува на Возвишениот Аллах и Неговиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и нека директно Го моли Аллах да направи Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, да биде шефа'атчија за него на Судниот ден. т.е. оној кој ќе се зазема за друг на Судниот ден.од нив обожувале мелеци, некои веровесници и добри луѓе, некои дрвја и карпи, а некои Сонцето и Месечината. Тој, саллаллаху алејхи ве селлем, им објавил борба, се борел против сите нив и меѓу нив не правел никакви разлики. Доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах: “И борете се против нив сè додека многубоштвото не исчезне и сè додека Аллаховата вера не остане.“ (Превод на значење Ел Енфал, 39). Доказ дека е забрането да се обожуваат Сонцето и Месечината се зборовите на Возвишениот Аллах: “Меѓу доказите Негови се ноќта и денот, и Сонцето и Месечината. Не паѓајте со лицето на тло ниту на Сонцето ниту на Месечината, туку паѓајте со лицето на тло пред Аллах, Кој ги создаде, ако сакате само Него да го обожувате.“ (Превод на значење Фусилет, 37). Доказ дека е забрането да се обожуваат мелеците се зборовите на Возвишениот Аллах: “Тој не ви наредува мелеците и веровесниците за господари да ги сметате! Зарем да ви нареди неверство откако веќе сте станале муслимани?“ (Превод на значење Али Имран, 80). Доказ дека е забрането да се обожуваат веровесниците се зборовите на Возвишениот Аллах: Т.е. нема разлика помеѓу тие кои обожуваат камења, дрва, кипови и сл. и тие кои го обожуваат Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, евлиите, шејховите, турбињата, добрите луѓе и сл. За сите се однесува истиот пропис- дека се многубошци и дека вечно ќе останат во Огнот, освен ако пред смртта не се покајат и сите видови ибадет да бидат упатени само кон Возвишениот Аллах, џелле ше’нух.А кога Аллах ќе рече: “О Иса, сине Мерјемин, ти ли им говореше на луѓето: ‘Прифатете ме мене и мајката моја како две божества покрај Бог!’ – тој ќе рече: ‘Чист си Ти од тоа! Мене не ми доликува да зборувам за тоа што немам право. Ако тоа јас сум го говорел, Ти тоа веќе знаеш; Ти знаеш што знам јас, а јас не знам што знаеш Ти; Само Ти, Единиот, знаеш сè што е скриено. Јас им го велев само тоа што Ти им го нареди: ‘Обожувајте Го Бога, и мојот и вашиот Господар!’“ (Превод на значење Ел Маида, 116-117). Доказ дека е забрането да се обожуваат добри луѓе се зборовите на Возвишениот Аллах: “Тие на коишто овие им се молат, самите бараат начин како што повеќе да Му се приближат на својот Господар, и се надеваат на милоста Негова и се плашат од казната Негова. А од казната на Господарот твој секој треба да се чува.“ (Превод на значење Ел Исра, 57). Доказ дека е забрането да се обожуваат дрва и камења се зборовите на Возвишениот Аллах: “Што велите за Лат и Узат, и за Менат, третата најмалку ценета?“ (Превод на значење Ен Неџм, 19-20) Исто така, доказ за тоа е и хадисот на Ебу Вакида Ел Лејсија, радијаллаху анху, кој вели: “Лат“ била бела карпа во Таиф на која била издлабена куќа (обработена во камен), а околу неа било населено племето Секиф, кое ја обожувало и се фалело со неа кај другите Арапи. Узат било палмино дрво, кое се наоѓало помеѓу Мекка и Таиф. Околу неа била подигната градба врз која биле обесени прекривки. Било обожувано од племето Курејш. Менат бил кип во населбата Кудејд, помеѓу Мекка и Медина, кој го обожувале племињата Хуза’а, Евс и Хазреџ, Околу него кружеле (таваф) и му пренесувале жртви.Тргнавме со Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, низ Хунејн , а тукушто го напуштивме куфрот (неверувањето). Мушриците имаа лотосово дрво пред кое се поклонуваа и на него го закачуваа своето оружје . Се викаше “Зату-енват“ . Додека одевме со Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, поминавме покрај едно лотосово дрво, па рековме: “О Аллахов Пратенику, дај ни и ние да имаме дрво ‘Зату-енват’ како што имаат мушриците ‘Зату-енват’?!“ Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, на тоа одговорил: “Аллаху екбер – Аллах е најголем! Навистина тоа се обичаи! Рековте, се колнам во Оној во Чии раце е мојата душа, исто онака како што му рекоа Израелците на Муса: ‘....направи ни и ти нам бог како што тие имаат богови!’ – ‘Вие сте, навистина, народ кој нема памет!’ – рече тој.’ (Превод на значење Ел Араф, 138). Хунејн е долина која се наоѓа десетина милји источно од Мекка. Т.е. престојуваа кај него обожувајќи го, величајќи го и бараа од него берекет, да им донесе полза и отстранување на штетата бидејќи имаа такво верување. Исто така, поради истите причини на него го закачуваа своето оружје. Што во слободен превод би значело “ Она на што нешто се закачува“. Иако тие не бараа божество, кое би го обожувале покрај Аллах, џелле ше’нух, Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, ги известил дека барањето берекет од дрвја, прави тоа дрво да има статус на божество, кое се обожува покрај Аллах, аззе ве џелле, иако тие не ги нарекуваа божества. Хадисот јасно упатува дека врзувањето на срцата за дрвја, камења и слично, поради барање берекет, е ширк кон Возвишениот Аллах, џелле ше’нух. Ако се смета дека тие дрвја и камења сами по себе даваат берекет, отстрануваат неволји и сл.,тогаш тоа е голем ширк, со кој сторителот излегува од рамките на верата . Додека, ако се смета дека Аллах, аззе ве џелле, е Единствениот Кој дава берекет, но тоа дрво и камен е само пат да се дојде до Аллаховиот берекет, или Аллах во тоа дал берекет и сл. – тогаш тоа е мал ширк, кој е еден од најголемите гревови, но со чинењето на тој грев не се излегува од верата. Вие, навистина, ќе ги следите обичаите на оние кои беа пред вас.“ ЧЕТВОРТО ПРАВИЛО Ширкот што го прават мушриците во денешно време е поголем и поопасен отколку ширкот кој го правеле мушриците на почетокот. Мушриците во прво време правеле ширк кога биле во изобилство и благодати, а кога се наоѓале во потешкотии искрено го обожувале само Аллах, Единствениот. Додека мушриците во денешно време непрестајно прават ширк, било да се наоѓаат во леснотија или потешкотија. Доказ за споменатото се зборовите на Возвишениот Аллах: “Кога ќе се качат во чамецот, искрено се молат на Аллах, а кога Тој до копното ќе ги донесе, одеднаш ширк Му прават. (други рамни му препишуваат)“ (Превод на значење Ел Анкебут, 65). Аллах, џелле ше’нух, најдобро знае и нека е салават и селам на Мухаммед, неговото семејство и сите асхаби. го забележиле Тирмизи (2180), Неса’и во “Кубра“ (11185), Ахмед (21897), Ибн Иббан (6702) и други со веродостоен ланец на пренесување (сенед). Т.е. тие кои обожуваат турбиња, кабури (гробови), евлии, добри луѓе, пратеници, мелеци и др. припрема и обработка
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk
од книга-четири важни правила
Автор:
Мухаммед ибн АбдулВехаб
коментар-имам мухаммед б.сулејман ет.темими
Превод од Босански:
Емел Зекири
| |
Views: 1042 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |