
Бидатот – Новотаријата
Според етимологијата Бидат е нов пронајдок на кој не му претходело нешто слично.
Според Шеријатската терминологија Бидат е она што се внесува (нешто ново) во верата без (верски прифатлив) доказ.
Форми на иновација на нови работи
- Иновации во обичаите како што се модерните изуми за секојдневна потреба и истото е дозволено затоа што основниот пропис за адетите е дека иновациите се дозволени.
- Воведување на нови работи во верата, што е строго забрането затоа што основниот пропис за иновации во верата е забрана.
Видови на бидатите внесени во верата
Истите можеме да ги поделиме во три групи:
- Бидати кои се однесуваат на прашањата на верувањето (акидето). Пример е да се верува во нешто што е спротивно на она што го објавил Аллах, субханеху уе те’ала, и што го доставил Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем. Во оваа група спаѓаат негирањето на Божјата одредба кадерот, поистоветувањето на Аллаховите атрибути со човечките атрибути, негирањето на Аллаховите атрибути исл.
- Бидати кои се однесуваат на праксата. Тука спаѓаат обожувањата на Аллах, џел-ле ше’нуху, на начини кои не ги пропишал како што се:
- Воведување на ибадет кој не е пропишан
- Додавање и одземање во ибадет кој е пропишан
- Извршување на ибадет кој е верски пропишан на начин кој е иновација
- Одредување на време за ибадет кој е пропишан, а за кое со Шеријат не е одредено тоа време.
Пример се градбите врз гробишта, празниците и воведените прослави.
- Бидати кои подразбираат апстиненција, како што е апстинирањето од работи кои се дозволени или апстинирање од нешто што е верски барано, велејќи дека тоа се работи заради побожност. Пример е апстиненцијата од месото со цел да се биде по побожен како и апстинирањето од бракот со таа цел.
Поделба на Бидатите од аспект на верскиот пропис за нив
Тие се делат во две групи:
- Бидати со кои се излегува од верата како што се бидатите на Рафидиите[1] и ставот дека Куранот е создаден.
- Бидати со кои се станува грешник но не се излегува од верата. Такви се заедничките зикрови, одредувањето на посебни ибадети за ноќта на половината нa месец Шабан.
Опасноста на Бидатите и должноста истите да се отфрлат
Доволен доказ за големата опасност се еден ајет и два хадиса на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем.
- Зборовите на Возвишениот
[1] Како на пример тврдењето дека имамите се на повисок степен од Божјите Пратеници
„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодатта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3)
- Хадисот: „Кој во нашата работа (вера) ќе воведе нешто што не е од неа, па тоа е одбиено.“ (Муттефекун алејхи) во преданието на имам Муслим стои: „Кој ќе направи дело кое не е од нашата ствар истото е одбиено.“
- хадисот: „Најлошите од сите работи се воведените, (а секое воведено дело е бидат), а секој бидат е заблуда, (а секоја заблуда води во Оган). (Муслим а додатоците помеѓу двете загради се во преданието на имам Несаи).
Дали има добар и лош бидат?Кој го дели Бидатот на добар и лош греши и им се спротивставува на зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, кој вели „Навистина секој бидат е заблуда“. Со овие зборови Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, дава пресуда дека сите бидати се заблуда додека пак тој што бидатите ги дели на добри и лоши како да вели дека не секој бидат е заблуда.
Причини кои доведоа до појавата на Бидати
Меѓу нив се:
- Непознавањето на прописите на верата.
- Следењето на страстите.
- Фанатизмот и пристрасноста во следењето на одредени мислења на одредени луѓе
- Поистоветувањето со неверниците.
- Потпирање врз апокрифни хадиси кои немаат основа.
- Традиции и празноверија на кои не укажува верата ниту пак ги потврдува здравиот разум.
Две правила кои се корисни за препознавање на Бидатите и за нивно отфрлање
Прво: основниот пропис за ибадетите е дека е забрането нешто да се смета за ибадет, се додека не се донесе доказ со кој се потврдува дека тоа дело е ибадет.
Второ: Секој ибадет за кој постоела потреба и причина истиот да се чини во времето на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, а истиот не го правел ниту Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, ниту неговите асхаби, укажува на верска не пропишаност на тој ибадет.
Важни напомени:
- Имам Малик, рахимехуллах, рекол: „Кој во Исламот ќе воведе Бидат и истиот ќе го смета за добар, тој тврди дека Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, го изневерил пратеништвото, затоа што Аллах, џел-ле ше’нуху вели: „Денес верата ваша ви ја усовршив“. Тоа што во времето на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, не било вера ни денес не е вера.
- Шејх Албани, рахимехуллах, рекол:Неопходно е да знаеме дека и најмалата новотарија која ја прави човек е забранета (харам). Кај бидатите нема, како што некои мислат, бидати кои се само покудени (мекрух).
Некои од бидатите кои се распространети во Уметот
- Славењето на роденденот на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, и на други родендени.
- Славењето на Ноќта на Исра и Мираџ.
- Славењето на ноќта на половина на месецот Шабан.
- Славењето на роденден.
- Барањето на бериќет на одредени места и од остатоци на личности кои се живи или мртви.
- Заедничкиот зикр.
- Барањето да се проучи фатиха за душите на умрените при одредени поводи.
- Одредување на месецот Реџеб за Умре но и за други посебни ибадети.
- Гласното изговарање на нијетот при влегување во намаз.
- Ет тевесул Приближување до Аллах преку одредени личности и нивната положба кај Аллах.
припрема
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk
од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма
Автор:
Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил
Превод:
М-р. Талха Куртиши
|