Main » Files » АКИДА

АЛЛАХ, ЏЕЛЛЕ ЏЕЛАЛУХУ
06.14.2014, 4:53 PM

Аллах е Оној со чие спомнување срцата се смируваат,Оној на чие спознание се радуваат човечките срца, бидејќи единствено Тој е совршен,  Тој е Оној од кого робот се плаши кај кого бара засолниште, бидејќи никој не може да го заштити покрај Него. Робот нема вистински помагач покрај Него. Муминските срца Него го сакаат, со Него се задоволни, кон Него копнеат. Тој е Возвишен и совршен во сите својства.

Тој е Оној Кому робовите му се покоруваат, кого Го обожуваат, кому Му робуваат, пред Кого се потполно понизни . Таквото срце дава предност на задоволството на Аллах, џелле ве `ала над сопственото задоволство во сите ситуации, тоа ја избегнува Неговата лутина на сите можни начини. Сите овие видови обожувања ги заслужува Аллах, единиот Господар кој вистински се обожува. Ова е највредното значење  на ова возвишено Аллахово име. Аллах, тебареке ве те`ала, ни луѓето ни џинните не ги создал ниту поради било што друго освен за остварување на оваа голема цел – вистинско обожување.

Возвишениот Аллах вели: „Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез-Заријат, 56)

„О, верници, нека не ве занесат богатствата ваши и децата ваши од сеќавањето на Аллах. А тие што ќе го сторат тоа, ќе бидат изгубени.“ (Ел-Мунафикун, 9)

Имам Куртуби, рахимехуллах, во својот Тефсир, го наведува Хасановото толкување на ајетот: „...од сеќавање на Аллах...“, во кој тој вели дека тоа се однесува на сите фарзови, т.е., на сите строги Аллахови наредби. Значи, значењето на овој ајет е: „Нека вашите богатства и децата ваши нека не ве забават од покорноста кон Аллах. А оние кои нивните имоти и деца ги забават од покорноста кон Аллах – таквите се изгубени.“

Највозвишената реченица која го содржи името Аллах е „ла илахе иллаллах“. Тоа се зборови кои водат до потполна среќа и задоволства и на дуњалукот и на ахирет, зборови поради кои Аллах праќал  пратеници, спуштал Книги, го создал дуњалукот и ахиретот, Џеннетот и Џехенеммот, зборови кои човекот го прават среќен или несреќен и кои ќе бидат причина за земање на книгата со десната или со левата рака на Судниот ден. Овие зборови ќе го отежнат или олеснат тасот на вагата на добрите дела, ќе го избават оној кој некое време ќе биде во  Оган поради своите лоши дела и ќе го сочуваат од вечниот престој во Џехеннемот.

Ла илахе иллаллах се зборови на успехот, зборови поради кои луѓето ќе бидат наградувани и казнувани на Денот на пресметката. Најголема Аллахова благодет кон созданијата е Тој да ги упати на овие благородни и големи зборови на вистина. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, го слушнал муезинот како изговара  „Ешхеду ен ла илахе иллаллах!“, па рекол: „Излезе од Огнот.“(Муслим) Во друг хадис се пренесува од Убаде б. Самит дека чул од Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, како вели: „Кој ќе посведочи дека нема вистинско божество освен Аллах и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, Аллах му го забрани влезот во Огнот.“ (Муслим)

Најдобар зикр со кој се велича и слави Аллах, тебареке ве те`ала, се зборовите ла илахе иллаллах. Овие зборови се најтешки на вагата на добри дела, како што се пренесува во хадисот од Абдуллах б. Амр, дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Нух пред смртта му рекол на својот син: ,Ти ги наредувам зборовите ла илахе иллаллах! Кога седум небеса и седум земји би се ставиле на еден тас од вага, а на другиот тас зборовите ла илахе иллаллах, ќе натежнат зборовите ла илахе иллаллах. Кога седум небеса и седум земји и сите созданија кои се наоѓаат на нив би се ставиле на еден тас, зборовите ла илахе иллаллах ќе натежнат.`“ (Ахмед, а хадисот е сахих)

Спознанието на Возвишениот Аллах остава трага како на срцето на верникот, така и на неговите дела. Срцето исполнето со спознание ја сватило суштината на неговото постоење, а тоа е дека Тој, Аллах е единствен, заслужува да Му се прави ибадет и да се обожува, а сите други божества се лажни и безвредни. Сходно на тоа, животот на ваквиот човек ќе биде исполнет со обожување на Аллах, субханеху ве те`ала, неговата цел ќе биде задоволство на Возвишениот Аллах, ќе стравува само од Него, и ќе се надева само од Него, ќе биде сигурен само во Него и ќе го моли и ќе бара само од Него, тебареке ве те`ала. Оваа величенствено спознание води кон патот на напуштање на робување на страстите и разните идоли, на пат кон напуштање на шејтанот и неговите заблуди, води на пат кон приближување на Возвишениот Господар – Аллах, џелле џелалуху.

Го молиме Аллах, џелле ве те`ала, да не направи од оние чии срца се смируваат и омекнуваат кога се споменува Неговото име Ел-`Алијјул-Екбер – Величенствениот, Најголем Аллах.

 

Минбер.ба

Category: АКИДА | Added by: tewhid
Views: 461 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube