Main » Files » АКИДА

10 ПРАШАНЊА И ОДГОВОРИ-5 ДЕЛ
07.05.2014, 4:03 AM

Што треба да сторам кога Аллах, џелле ша’нуху

, ќе ме за­до­лжи со некоја наредба?

 

Обврзан си да постапиш според Аллаховата наредба по следниот редослед: треба да на­учиш сè за тоа, да го засакаш, да имаш нијет (намера во срцето) да го извршиш, да го извр­шиш прописно (во согласност со Кур’анот и Су­ннетот), избе­г­ну­ва­ј­ќи сè што може да го пони­шти, и да го пра­кти­куваш засекогаш.

 

Прашање 42.

Ако муслиманот знае де­ка Аллах е задоволен со тевхидот, а го забранува ширкот, дали горенаведените чекори  ќе му бидат во прилог?

 

Прво: повеќето луѓе знаат дека тев­хидот е апсолутна вистина, а ширкот не­ви­стина, но тие и понатаму го игнорираат тој факт. Тие исто така знаат дека Аллах ја за­бра­нил ка­матата, но тие и понатаму тргуваат не грижејќи се и не прашувајќи се за законитоста и дозволеноста на тран­са­кци­и­те. Впрочем, тие знаат дека е харам[1] да ги трошат и про­не­ве­ру­ваат сре­дства­та на јетимите[2] кои што им биле до­ве­ре­ни, но тие неретко ги трошат и не им е грижа за тоа.

Второ: сакање на она што Аллах го објавил, а оној кој не го сака или го мрази она што е обја­вено од Возвишениот Господар станува ќа­фир. Многумина од луѓето не го сакаат Пра­те­никот Мухаммед, салла­лла­ху але­јхи ве се­ллем, (и го мразат она со кое што тој дошол – Упа­тството), иако знаат дека Милостивиот Аллах им го испратил.

Трето: волјата за практикување (на она што е објавено и наредено - Исла­мот), затоа што многу луѓе се мошне свесни за висти­ната, но тие немаат ни најмала намера да ја пра­кти­ку­ваат (својата вера) плашејќи се де­ка животот може да им се измени кон по­ло­шо.

Четврто: дејствување, затоа што многу луѓе се стрематда ги практикуваат добрите дела кои веќе ги започнале, кога ќе сфатат дека оние кои тие ги величаат (нивните прет­по­ста­вени и лидери) веќе ги напуштиле.

Петто: многумина од оние што дејствуваат не го прават тоа искрено, а ако пак се искрени (со Аллах), нивните дела не се доследно из­вршени.

Шесто: некои „побожни“ луѓе стравуваат дека ни­вните добри дела нема да бидат при­фатени од Аллах и дека ќе бидат залудни. Семоќниот Аллах, во превод на значењето на Кур’а­нот, вели:

 „…зашто ќе се поништат делата ваши, а тоа да не го усетите…“

(Кур’ан, 49:2)

Во денешно време овој страв е речиси от­су­тен, и тоа оправдано.[3]

Седмо: цврсто држење до вистината (ви­сти­нскиот пат) и плашење од смртта пред мо­жно­ста да се заврши со лошото однесување.

Прашање 43.

Што значи куф­р и кои се неговите видови?

 

Куфр значи неверување во Аллах и порекну­вање на вистината која што Тој Возвишениот ја објавил на човештвото преку Својот последен пратеник Мухаммед, алејхис-селам. Постојат два вида куфр:

1. Куфр кој што е востановен на отпа­дни­штво од верата, а поделен е на пет дела:

- куфр од порекнување (одбивање): Аллах во Кур’анот, во превод на значењето, вели:

 „И кој е поголем насилник од оној што измислува лага за Аллах или ја смета лажна Вистината, а таа веќе им е дојдена? Во џе­хе­ннемот е престојувалиштето за невер­ни­ци­те!“

(Кур’ан, 29:68).

- куфр од кибр (ароганција): Аллах во Кур'а­н­от, во превод на значењето, вели:

„И намаз извршувајте и зеќат давајте; И би­дете со оние што намазот го клањаат!“

(Кур’ан, 2:43)

- сомнежот како облик на куфр: Аллах во Кур'а­нот, во превод на значењето, вели:

 „И влезе во бавчата своја. Меѓутоа, на­пра­ви грешка, говорејќи: ‚Мислам дека ова ќе остане за навек. Не мислам дека ќе се оства­ри Часот. Ако бидам вратен кај Го­спо­дарот мој ќе најдам подобро место во за­ме­на за ова.‘ И му рече другарот негов, ра­зго­варајќи со него: ‚Не веруваш ли во Оној кој те соз­да­де од земја, потоа од семе, а по­тоа те созда­де како човек?‘ Но, Тој, Аллах, е Господарот мој. На Господарот мој не Му здружувам никого.“

(Кур’ан, 18: 35-38)

 - куфр предизвикан од аверзија кон Аллах­о­вата вера: Возвишениот Аллах во Кур'анот, во превод на значењето, вели:

 „Ние ги создадовме и небесата и Земјата и она што е меѓу нив само со вистина и до рок определен. А оние кои што не веруваат се ра­мно­душни кон она со што се опо­ме­ну­ваат.“

(Кур’ан, 46:3)

- куфр од лицемерство: Возвишениот Аллах во Кур'анот, во превод на значењето, вели:

„Ете, тоа е заради тоа што веруваа, а по­тоа не веруваа (порекнаа), па се запечатија срцата нивни и не сфаќаа.“

(Кур’ан, 63:3)

 2. Куфру-ни'ме којшто не содржи отпа­дни­штво, туку е изразување неблагодарност кон Аллахо­вата добрина и милост. Аллах во Ку­р’а­нот, во превод на значењето, вели:

 „Аллах наведува пример за градот, без­бе­ден и мирен. Од секоја страна му доаѓаше скрб во изобилство. И ете, жителите не ги признаваа благодетите Аллахови, па Аллах определи да вкуси и глад и страв, токму, за­ради она што го работеа…“

(Кур’ан, 16:112);

и:

„И ви даде од сето она што Му баравте. И ако ги набројувате благодетите Аллахови не ќе мо­жете да ја наброите. Човекот, нави­сти­на, е голем насилник и голем неверник!“

(Кур’ан, 14:34)

Прашање 44.

Што значи ширк и кои се неговите видови?

 

Ширк значи многубоштво, политеизам, пага­нство. Треба да се знае дека тевхидот е спро­тивен од ширкот, а постојат три вида на ширк: голем, мал и скриен ширк.

1. Големиот ширк е поделен на четири дела:

 -Ширк во молењето: Аллах во Кур’анот, во превод на значењето, вели:

 „А кога се веќе качени на брод, го по­ви­ку­ваат Аллах, искрено исповедувајќи Му ја ве­рата, а кога ќе ги избави на копно, ете, здру­женик Му припишуваат…“

(Кур’ан, 29:65)

-Ширк во намерата: Аллах вели во Кур’а­нот, во превод на значењето:

 „Оние кои го сакаат животот на овој свет и украсот негов, Ние ќе им ги исполниме ни­вните дела и тоа нема да им се ускрати; тоа се тие за коишто на идниот свет нема да има друго освен оган. Таму ќе им пропадне она што го правеа и ќе им биде ништожно она што го ра­ботеа.“

(Кур’ан, 11:15-16)

-Ширк во послушноста: Аллах, во превод на значењето на Кур’а­нот, вели:

 „Нивните свештеници и калуѓери, а и Ме­сихот, синот Мерјемин ги прифатија за бого­ви, а не Аллах. Им беше наредено да обо­жу­ваат само еден Бог; нема Бог освен Него. Славен нека е Тој, над она што Му го здру­жу­ваат.“

(Кур’ан, 9:31)

-Ширк во искажување на љубов: Аллах во Кур’анот, во превод на значењето, вели:

 „Меѓу луѓето има и такви кои што покрај Аллах, други божества прифатија и за рамни Му ги при­пи­шаа; ги сакаат како што се сака Аллах! А вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах. И кога многубошците би знаеле, а си­гурно ќе ја осетат казната, како це­лата моќ и сила Му припаѓаат само на Аллах, и дека Аллах строго казнува.“

(Кур’ан, 2:165)

 2. Малиот ширк, како што е ријалукот (де­лување со намера да се покажат делата пред луѓето и да се стекне нивната пофалба). Аллах во Кур’а­нот, во превод на значење, вели:

 „Па, оној што се надева на средбата со Го­сподарот свој, нека работи добро, и во обо­жу­вањето нека не Му здружува на Го­спо­дарот свој никого!“

(Кур’ан, 18:110)

3. Скриениот ширк, за кој што се пренесува дека Прате­ни­кот, саллаллаху алејхи ве се­ллем, рекол: Ши­ркот во овој уммет е поскриен од мравка која оди на црн камен во темнината на ноќта.

 

 

Прашање 45.

Што е разликата помеѓу кадер и кадаа?

 

Кадер во оригинал е изворот на предо­дре­де­ние, па потоа е употребен за по­дредување на деталите, па е искористен и за Аллаховото предодредение за созданијата уште пред тие да бидат создадени. А кадаа е употребена за сеопфатното управување кое што е запишано во Лехвул-махфуз[4]. Исто така када’а може да се упо­треби за дефинирање на исламската над­ле­жност која што е базирана на шеријатот. Аллах вели во Кур’анот, во превод на значење:

 „Но, не! Се колнам во Господарот твој! Тие нема да веруваат сè додека во своите несо­гласувања за судија не те повикаат и потоа да не почувствуваат тешкотија поради твојот суд и сè додека потполно не се по­ко­рат.“

(Кур’ан, 4:65)

Исто така зборот када’а може да се упо­тре­би за да го дефинира употполнувањето на до­лж­но­ста, должноста сама по себе, обја­ва­та, смртта, постоењето на казната, судењето и со­зда­ва­ње­то.

Прашање 46.

Дали сè што се случува според Божјата одрдба, добро или лошо, е од Аллах, џелле ша’нуху?

 

Божјата одредба содржи добро и лошо. Се пренесува од Али ибн Ебу Талиб, ра­дијаллаху анху[5]: „Придружувавме една по­гре­бна пово­рка во Баки'ал Гаркад, кога Пра­те­ни­кот, са­ллаллаху алејхи ве селлем, ни се при­ближи и седна, а и ние седнавме околу него. Во рацете имаше мало стапче, ја наведна гла­вата и по­чна да ја гребе земјата со него. Тогаш тој рече: Ни­кој од вас, па ниту еден од луѓето не е создаден, а за него да не е одредено (запи­ша­но) ме­сто во џеннетот и џехеннемот, запишана е одрдбатаза среќен и несреќен. Еден човек праша: ‚О Аллахов Прате­ни­ку, зошто да не се потпреме на она што ни било пишано ид а ги оставиме делата, па ако е благословен ќе чи­ни благословени де­ла, а ако било кој од нас е одреден како лош и делата ќе му бидат лоши?‘ Пра­те­ни­кот, саллаллаху алејхи ве селлем, ре­че: До­брите дела се олеснети за до­бриот, а и ло­ши­те дела се олеснети за лошиот‘. Потоа тој го изрецитирал следниов ајет, во пре­вод на зна­чењето:Па, што се однесува до оној кој што дели, и кој што е богобојазен и кој што на­ју­ба­во­то го смета за вистинско, тогаш Ние не­му нај­ле­с­ното ќе му го олесниме, а што се од­не­сува, пак, до оној кој што е скржав и кој што тежнее кон изобилие и кој што нају­бавото го смета за лаж­но, тогаш Ние нему патот на злото ќе му го олесниме...“ (Кур’ан, 92:5-10).“ Бележи Бу­ха­ри во неговата позната и веродостојна зби­рка на хадиси.

Прашање 47.

Што е значењето на Ла илахе иллаллах“?

 

Тоа значи: Нема друго обо­же­ство достојно за обожување освен Аллах“. Аллах вели во Ку­р’анот, во превод на значење:

„И Господарот твој одреди: ‚Само Него да Го обожувате...‘“

(Кур’ан, 17:23)

Ла илахе“ значи нема друго божество до­сто­ј­но за обожување“, а иллаллах“ значи освен Аллах“.

 

 

Прашање 48.

Кој вид на тевхид Аллах им го наредил на Неговите робови пред намазот и постот?

 

Тоа е тевхидот на ибадетот (обожувањето), па да не повикуваш други освен Аллах, а Аллах вели во Кур анот, во пре­вод на зна­че­ње:

 „Џамиите, навистина се за Аллах, а по­крај Аллах на никој друг да не му се мо­лиш...“

(Кур’ан, 72:18)

Прашање 49.

Кој е подобар, сиро­мавиот кој што трпеливо ја толерира сво­јата мизерија или богатиот кој што Му е благо­дарен на Аллах за својата бла­го­состо­јба?

 

Без разлика на богатството или сирома­штвото, богатиот и сиромавиот мо­жат да бидат меѓу најдобрите верници, а нај­до­бри од нив ќе бидат оние со поголема бо­го­бо­јазност. Аллах во Кур’анот, во пре­вод на значењето, вели:

„О луѓе, Ние ве создадовме, навистина, од еден маж и од една жена, и Ние одре­ди­вме да бидете народи и племиња за да се запо­знавате. Најблагородниот кај Аллах, се­како, е најбогобојазниот. Аллах, навистина сè знае и за сè е известен!“

(Кур’ан, 49:13)

Како граница на трпението и благодарноста, најпогоден избор меѓу алимите[6] е дека трпе­ливост значи да не се жа­лиш, а благодарност значи да бидеш покорен кон Аллах поради бла­го­детите кои што ти ги дарил.

Прашање 50.

Што ме советуваш?

 

Те советувам да го учиш и сту­дираш тевхи­дот (чистиот исламски монотеизам – едно­штвото на Аллах) и да читаш книги за те­вхи­дот, би­дејќи тие ќе ти ја разјаснат вистинита за те­вхи­дот со кој Аллах го испратил Својот пра­те­ник Мухаммед, алејхис-селам. Научи ја и ви­стината за ширкот, кој што Аллах го за­бранил и ни објавил дека нема да му про­сти на оној кој што не се покајал и умрел пра­кти­ку­вајќи го го­лемиот ширк, и џе­ннетот нема до­ста­пен да му го стори, и сите негови дела ќе бидат без­вре­дни, а со цел да се сочуваш од тоа да починиш ширк, како и да се сочуваш од неговите катастрофални после­дици. Мно­гу ва­жна работа е да се знае ви­сти­на­та за те­вхи­дот, со кој Аллах го испра­тил Сво­јот пратеник и со чиешто знаење и пра­кти­кување чо­ве­кот може да се на­рече мусли­ман, а во спро­тивно, без знаење и практикува­ње на истиот, човекот не може да се нарече мусли­ман.

А нашата последна дова е:

Благодарноста Му припаѓа на Аллах, џелле шануху ве џелле џелалуху!

припрема 
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk

од книга-50 Прашања и одговори
од областа на исламското верување


Автор:
Имам Темими

Преведе од англиски
Јасмин Реџепи

 

[1] Харам – забрането (заб. на прев.).

[2] Јетим – сираче (заб. на прев.).

[3] Зошто? Затоа што се знае дека постојат два услова за едно дело да биде примено кај Аллах – искреноста и исправноста. Доколку ги употполнат овие два услова, тогаш немаат оправданаие со ниваната лажна скромност и голема „побожност“.Објаснето во петтата точка (заб. на прев.).

[4] Лехвул-махфуз - божествената чу­вана книга во која што се чуваат запишани работите на сеопфатното управување и предодредение (заб. на прев.).

[5] Ра­дијаллаху анху – нека е Аллах задовелен од него (заб. на прев.).

[6] Алим – исламски научник, зналец (заб. на прев.).

Category: АКИДА | Added by: tewhid
Views: 552 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube