Main » Files » АКИДА |
07.05.2014, 3:53 AM | |
Која е одлуката[1] за оној што коле курбан за нешто или некој друг освен за Аллах?
Тој сигурно е ќафир[2] и се смета за муртед[3], а месото кое што е заклано не е дозволено да се јаде поради две причини: - Прво: тоа е курбан од муртед, а неговиот курбан не е прифатен кај Аллах, џелле ша’нуху; - Второ: тоа е заклано во туѓо, а не во Аллаховото име, при што Аллах ни забранил да јадеме било кој дел од месото, за што во Кур’анот, во превод на значење, вели: „Кажи: ‚Во она што ми се објавува јас ништо не наоѓам забрането за никого, освен пцовисано животно или крв што тече или свинско месо, - ова, навистина е гнасно и одвратно, - или нешто при чиешто колење не е спомнато името Аллахово. Освен оној што е присилен, не сакајќи и не поминувајќи преку потребното - а, Господарот твој, навистина е Простувач и Сомилосен!‘.“ (Кур’ан, 6:145) Прашање 31. Кои видови на ширк[4] постојат?
Постојот разни видови политеизам или ширк, како што е: барање на нешто од мртвите – барање нивна помош и обраќање кон нив во тешкотии. Ова е најчесто практикуваниот ширк меѓу луѓето. Делата на мртвите се завршени со нивната смрт и тие немаат моќ ниту да наштетат, ниту добро да направат некому, а ни себеси. Не можат ниту да им одговорат на оние кои што ги повикуваат да посредуваат помеѓу нив и Аллах, џелле ша’нуху. Таквите дела содржат негирање на Бога при барањето за посредништво кое што не е дозволено никому без Аллахова дозвола. Постојат два вида ширк: голем ширк, чие што практикување доведува до куфр[5] или отпадништво од Исламот; и мал ширк, чие што практикување не доведува до куфр, како што е на пример рија[6]. Прашање 32. Кои видови на нифак[7] постојат и што значат?
Постојат два вида на нифак – доктринарен и практичен. Доктринараниот нифак е спомнат во Кур’анот во поинакво значење. Аллах ги подготвил најниските делови на џехеннемот за оние кои што умреле придржувајќи се силно кон доктринарниот нифак. А за практичниот нифак, за кој Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Мунафик е оној што ги поседува следниве четири својства, а кој поседува едно од нив, ќе има карактеристика на мунафик сè додека не го оттргне и тоа, а тоа се: - кога и да зборува, лаже; - кога и да вети нешто, го прекршува ветувањето; - кога и да се кара, претерува, се однесува неразумно, пакосно и навредливо; - кога и да му се повери нешто, изневерува.“ Истото значење се потврдува и во друг хадис во кој се вели: „Знаците на мунафикот се: - кога и да зборува, лаже; - кога и да вети нешто, го крши ветувањето; - кога и да му се повери нешто, изневерува.“ Некои познати исламски научници рекле: „Овој вид на нифак (практичниот) може да биде особина кај муслиманот, но ако не знае како да ја контролира, може да излезе од Исламот, иако клања намаз, пости и тврди дека е муслиман, бидејќи вистинскиот иман не дозволува вакви дела.“
Прашање 33. Кој е вториот степен на Исламот?
Вториот степен на Исламот е иманот. Прашање 34. Колку делови од иманот постојат?
Постојат седумдесет и неколку делови од иманот, од кои најголемиот е кажувањето на зборовите „Ла илахе иллаллах“, а најмалиот поместување пречка (камен, дрво и сл.) од патот. А и скромноста е дел од Иманот. Прашање 35. Колку имански шартови[8]постојат?
Постојат шест имански шартови: верувње во едноштвото на Аллах, џелле ша’нуху, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот Ден и во кадерот. Прашање 36. Кој е третиот степен од Исламот?
Третиот степен од Исламот е ихсанот. Тој се состои од еден шарт, кој се дефинира вака: „Да Го обожуваш Аллах како да Го гледаш, бидејќи иако ти не Го гледаш, Тој тебе те гледа.“ Прашање 37. Дали луѓето ќе полагаат сметка за своите дела по нивното повторно проживување на Судниот Ден?
Да, тие ќе полагаат сметка за своите дела на Судниот Ден и нема да им биде сторена неправда, а доказот за тоа се наоѓа во Аллаховите зборови чиешто значење гласи: „Сè што е на небесата и на Земјата е – Аллахово! Тој ќе ги казни тие што со своите дела само лошо прават, а доброчинителите со убава награда ќе ги награди.“ (Кур’ан, 53:31). Прашање 38. Која е одлуката за оној што не верува во проживувањето на Судниот Ден?
Оној што не верува во проживувањето на Судниот Ден е ќафир. Доказот за тоа се наоѓа во Аллаховите зборови чиешто значење гласи: „Оние коишто не веруваат мислат дека нема да бидат проживеани. Кажи: ‚Да, се колнам дека Господарот мој ќе ве оживее и ќе ве извести за она што го работевте, сигурно! Тоа за Аллах, секако е лесно!‘“ (Кур’ан, 64:7) Прашање 39. Дали постоел некој народ, а да не им бил испратен Божји пратеник?
Не, не постоела ни една заедница, општество, систем или уммет, а да не им бил испратен пратеник од Аллах, џелле ша’нуху, да ги повикува во обожување на Аллах и во одрекување од тагутот. Доказ за ова се Аллаховите зборови чиешто значење гласи: „И Ние за секој народ, секако, испративме пратеник: ‚Обожувајте Го Аллах и оттргнете се од тагутот!‘ Од нив има и такви кои што Аллах ги упати, а и такви кои што, токму заслужија да заталкаат. Па, патувајте по Земјата и гледајте каква беше казната за лажговците!“ (Кур’ан, 16:36) Прашање 40. Какви сè видови тевхид постојат?
Постојат три видови тевхид, и тоа: - Тевхидур–рубубијје значи признавање на Аллах за Господар и дека Тој создал сè, а во што веруваат и мушриците (многубошците). Аллах во Кур’анот вели, во превод на значењето: „Кажи: ‚Кој ве снабдува од небо и од земја? И во чија сопственост се и слухот и видот? И кој го вади живото од мртвото, и кој го вади мртвото од живото, и кој управува со наредбата?‘ Ќе речат: ‚Аллах!‘ Па, кажи: ‚Нема ли да бидете богобојазливи?‘“ (Кур’ан, 10:31). -Тевхидул–улухијје значи дека сите ибадети (секаков начин на обожување) од луѓето и џинните Му припаѓаат само на Аллах, џелле ша’нуху. Арапите во предисламското време имале обичај да кажат „Аллах е Господарот на сите богови“, а во исто време придружувајќи Му други божества од секаков вид, како на пример: побожни луѓе, свештеници, мелеци, разни кипови, слики и сл., со изговор дека се посредници меѓу Аллах и нив, тврдејќи дека Аллах тоа го дозволува. - Тевхидул–есмау вес-сифат значи верувањето во Аллаховите убави имиња и совршени својства, и дека тие Му припаѓаат само Нему, и дека со нив треба да Го повикуваме во довите. Со верувањето во овој дел се комплетира вистинското верување во Едноштвото на Аллах, џелле ша’нуху, се комплетира монотеизмот. припрема од книга-50 Прашања и одговори
Преведе од англиски [1] Прописот, пресудата (заб. на прев.). [2] Ќафир – неверник, оној којшто ја негира и крие Вистината (заб. на прев.). [3] Муртед – отпадник од Исламот, одметник (заб. на прев.). [4] Ширк – многубоштво, паганство, политеизам (заб. на прев.). [5] Куфр – неверство, негирање и криење на Вистината (заб. на прев.). [6] Рија - делување со намера да се покажат делата пред луѓето и да се стекне нивната пофалба, а не Аллаховото задоволство (заб. на прев.). [7] Нифак – лицемерство (заб. на прев.). [8] Шарт – столб или услов (заб. на прев.). | |
Views: 584 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |