Main » Files » АКИДА |
06.14.2014, 9:15 PM | |
Прашање 21. Што значи да Го обожуваш Аллах?
Да Го обожувам Аллах, субханеху ве те’ала, значи да верувам во Неговото едноштво – тевхидот, да се покорувам на Неговите наредби, и да го ускладам својот живот во согласност со Неговиот закон – шеријатот. Прашање 22. Кој е доказот за претходното прашање?
Доказ за тоа се Аллаховите зборови, чие што значење гласи: „Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Кур’ан, 51:56) Прашање 23. Која е првата работа што Аллах ни ја наредил?
Неверувањето во тагутот (сè она што е предмет на обожување и покорување, освен Вистинитиот Бог, како што се делата, зборовите, законите, погрешните религии, учења, филозофии, системи и идеологии, предметите, луѓето, животните, и тн.), а верување во едноштвото на Аллах. Доказ за тоа се Аллаховите зборови чие што значење гласи: „Во верата нема присилување, зашто патот вистински јасно се одделува од заблудата. Оној што не верува во тагутот, а верува во Аллах, веќе се дофатил до најцврстата врска која што нема да се прекине. Аллах сè слуша и сè знае!“ (Кур’ан, 2:256) Прашање 24. Која е најцврстата врска која нема да се прекине?
Тоа е „Ла илахе иллаллах”, или во превод: не постои друго обожество достојно за обожување освен Аллах. Под „Ла илахе” се подразбира негацијата, а под „иллаллах” потврдувањето. Прашање 25. Што се значењата на „негацијата“ и „потврдувањето”?
Под „негација” се подразбира одбивање и негирање на сè и сешто што се обожува освен Аллах, џелле ша’нуху, а под „потврдување” се подразбира предано, искрено и целосно обожување само на Аллах, џелле ша’нуху. Прашање 26. Кој е доказот за претходното прашање?
Доказ за тоа се Аллаховите зборови чие што значење гласи: „И кога Ибрахим му рече на татко му и на народот свој: ‚Јас немам ништо со она што го обожувате.‘“ (Кур’ан, 43:26); и: „Јас Го обожувам Оној што ме создаде, затоа што Тој ќе ме упати.“
(Кур’ан, 43:27) Прашање 27. Колку видови на тагути постојат?
Најпознати и најголеми видови на тагути се: Иблис,[1] нека е Аллаховото проклетство над него, оној што одобрува да биде обожуван, оној што ги повикува луѓето да го обожуваат, оној што тврди дека го знае гајбот[2] и оној кој што владее според закони што не се на Законодавецот и Праведнот Судија - Аллах, субханеху ве те’ала.
[1] Иблис – Луцифер, сатаната. [2] Гајб – невидливите нешта кои што само Аллах ги знае (заб. на прев.). Прашање 28. Кој е најголемиот акт на обожување после шехадетот?
Најголемиот ибадет, после шехадетот, се петте облигативни дневни намази, кои што содржат свои предуслови, должности и обврски. Предуслови за намазот се: - Личноста да биде муслиман, да биде душевно здрава, полнолетна, чиста (да не биде џунуб[1], туку да има гусул[2] и абдест[3]), соодветно облечена[4], да се насочи кон кибла[5] (во насока кон Мека), да настапи пропишаното време и нијетот (намера во срцето за извршување на дадениот намаз). Фарзови[6] во намазот се: - Исправено и стабилно стоење, текбиретул ихрам[7], рецитирање на суретул Фатиха (првото поглавје од Кур’анот), руку, враќање од руку, спуштање на сеџда[8], исправање од сеџда и кратко седење меѓу двете сеџди, смиреност, последователност во движењата, учењето на последниот тешехуд[9], задолжителното седење на последниот тешехуд, учење салавати[10] на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, и теслим[11]. Ваџиби[12] во намазот се: - Сите текбири освен почетниот, изговарање „Субхане Раббијел Азим“[13] на руку, изговарање „Семи Аллаху лимен хамидех“[14] при враќање од руку ако е имам или ако клања сам, изговарање „Раббена ве лекел хамд“[15] при стоењето после руку како за имамот така и за џематот и за оној што клања самостојно, изговарање „Субхане Раббијел е’Ала“[16] на сеџда, изговарање „Рабби гфирли, гфирли“[17] помеѓу две сеџди, учење на првиот тешехуд и седење на првиот тешехуд. Сите други дела се суннети (доброволни).
[1] Џунуб – состојба на телесна нечистотија по ејакулација, полов однос, кај жените менструација и постпородилното крварење (заб. на прев.). [2] Гусул - ритуално капење на целото тело џунублук (заб. на прев.). [3] Абдест - ритуално миење на одредени делови на телото (лицето, рацете до над лактовите, нозете до над глуждовите, потирање на косата со мокра рака) потребно пред пред молитва (заб. на прев.). [4] За мажите најмалку да биде покриен делот од папокот до колената, а за жените сè освен лицето и дланките (заб. на прев.). [5] Кибла – правецот во насока кон Мека, каде што се насочуваат муслиманите за време на молитвата (заб. на прев.). [6] Фарз - обврзувачка и строга должност, за која што следи награда ако се изврши, а казна ако не се изврши (заб. на прев.). [7] Текбиретул ихрам - кревање на рацете во висина на ушите или рамењата со дланките свртени кон кибла и изговарање „Аллаху екбер” (заб. на прев.). [8] Сеџда – положба во која што се спуштаат челото и носот, дланките, колената и врвовите на ножните прсти на подот, во текот на намазот (заб. на прев.). [9] Тешехуд – посебна положба на седење и кажување одредени дови или молитви во намазот, како што е „Ет-Техијјату“ (заб. на прев.). [10] Салавати – одредени молитви или дови кои што Му се упатуваат на Возвишениот Аллах за благослов на Неговиот последен пратеник Мухаммед, за благослов на неговото семејство и неговите следбеници (заб. на прев.). [11] Теслим - предавање на селамот (ес селаму алејкум ве рахметуллах) вртејќи ја главата кон десното и левото раме (заб. на прев.). [12] Ваџиб - обврска, не толку строга должност, за која што следи награда ако се изврши, а казна ако не се изврши (заб. на прев.). [13] Во превод на значење: Славен е Господарот мој Голем (заб. на прев.). [14] Во превод на значење: Аллах го слуша оној кој што Му заблагодарува (заб. на прев.). [15] Во превод на значење: Господару наш, благодарноста Тебе Ти припаѓа (заб. на прев.). [16] Во превод на значење: Славен е Господарот мој Возвишен (заб. на прев.). [17] Во превод на значење: Господару прости ми, прости ми (заб. на прев.). Прашање 29. Дали Аллах ќе ги оживее суштествата по нивната смрт, дали ќе им пресуди за нивните добри и лоши дела и дали ќе ги смести покорните во џеннет, а неверниците и многубошците во џехеннем?
Заедничкиот одговор на овие прашања е ДА, а доказот за тоа се наоѓа во Аллаховите зборови чиешто значење гласи: „Неверниците тврдат дека нема да бидат проживеани. Кажи: ‚Да, се колнам во Господарот мој, сигурно е дека ќе бидете оживеани, а за она што го работевте, сигурно ќе бидете известени!‘ - Тоа за Аллах е лесно!“ (Кур’ан, 64:7); и: „Од земја Ние ве создадовме и во неа ќе ве вратиме, и од неа по втор пат ќе ве изведеме.“ (Кур’ан, 20:55)
Истава порака се повторува неколку пати во Кур’анот. Прашање 30. Која е одлуката[1] за оној што коле курбан за нешто или некој друг освен за Аллах?
Тој сигурно е ќафир[2] и се смета за муртед[3], а месото кое што е заклано не е дозволено да се јаде поради две причини: - Прво: тоа е курбан од муртед, а неговиот курбан не е прифатен кај Аллах, џелле ша’нуху; - Второ: тоа е заклано во туѓо, а не во Аллаховото име, при што Аллах ни забранил да јадеме било кој дел од месото, за што во Кур’анот, во превод на значење, вели: „Кажи: ‚Во она што ми се објавува јас ништо не наоѓам забрането за никого, освен пцовисано животно или крв што тече или свинско месо, - ова, навистина е гнасно и одвратно, - или нешто при чиешто колење не е спомнато името Аллахово. Освен оној што е присилен, не сакајќи и не поминувајќи преку потребното - а, Господарот твој, навистина е Простувач и Сомилосен!‘.“ (Кур’ан, 6:145)
[1] Прописот, пресудата (заб. на прев.). [2] Ќафир – неверник, оној којшто ја негира и крие Вистината (заб. на прев.). [3] Муртед – отпадник од Исламот, одметник (заб. на прев.). припрема од книга-50 Прашања и одговори
Преведе од англиски | |
Views: 418 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |