Main » Files » АКИДА |
06.14.2014, 4:53 PM | |
Прашање 1. Кои се трите основи кои еден муслиман мора да ги познава?
Муслиманот мора да Го познава својот Господар Аллах,[1] џелле ша’нуху,[2] својата вера Исламот и својот пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем.[3] Прашање 2. Кој е твојот Господар?
Мојот Господар е Аллах, џелле ша’нуху. Тој се грижи за мене и ме снабува од Неговите благодети, како што ги снабдува и останатите луѓе и џинни.[1] Тој е единиот Кого Го обожувам и не обожувам ништо друго освен Него. Доказ за ова се Аллаховите зборови чие што значење гласи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.“ (Кур’ан, 1: 2)
Прашање 3. Што значи Господар?
Тоа е името на Поседувачот, Обожуваниот, Управувачот, Владетелот и Единиот што заслужува да биде обожуван. Прашање 4. Како Го осознаваш својот Господар?
Својот Господар Го осознавам преку манифестацијата на Неговите дела. Јасни знаци на Неговите дела се денот и ноќта; Сонцето и Месечината; целата вселена и сето тоа што е во неа. Доказ за тоа се Аллаховите зборови чие што значење гласи: „А од знаменијата Негови се ноќта и денот, и Сонцето и Месечината. И не чинете им сеџда[1] ни на Сонцето ни на Месечината! Чинете Му сеџда на Аллах, Кој што ги создаде, ако навистина само Него Го обожувате!“ (Кур’ан, 41:37); и: „Господар ваш, навистина, е Аллах, Кој што ги создаде небесата и Земјата за шест временски периоди, а потоа се воздигна над Аршот. Тој го покрива денот со темнината на ноќта, кој во чекор ја следи, а Сонцето, Месечината и ѕвездите потчинети й се на наредбата Негова. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!“ (Кур’ан, 7:54).
Која е твојата вера?
Мојата вера е Исламот. Зборот Ислам значи целосно признавање на Аллах како апсолутен Господар и покорност кон Него. Доказ за тоа се Аллаховите зборови чиешто значење гласи: „Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние на кои што им беше дадена Книгата се разединија токму тогаш кога им дојде знаењето, а поради меѓусебната завидливост. А оние кои што во ајетите[1] Аллахови не веруваат... па, Аллах, навистина бргу суди!“ (Кур’ан, 3:19); и: „На оној што сака друга вера освен Исламот - нема да му се прими, и тој на ахиретот ќе биде од губитниците.“ (Кур’ан, 3:85) Уште еден доказ се и следниве Аллаховите зборови чие што значење гласи: „Денес ви ја усовршив верата ваша и ја надополнив благодетта Своја кон вас и задоволен Сум Исламот да ви биде вера.“ (Кур’ан, 5:3). Прашање 6. На што се базира Исламот?
Исламот се базира врз петте столбови: Шехадетот[1] – „Ешхеду ен ла илахе иллаллах, ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху“ или во превод на значење: Сведочам дека не постои друго божество достојно за обожување освен Аллах и сведочам дека Мухаммед е Негов роб и Негов пратеник; извршувањето на петте дневни намази,[2] давањето зеќат[3], постењето на месецот Рамазан и извршувањето на хаџџот[4] кој што е обврска само за оние кои што се подготвени физички и финансиски, но исто така и под одредени услови мора да бидат обезбедени сигурносни мерки, како на пример тоа што жените мора да бидат со махрем, т.е., во придружба со маж со кој што се во тесна крвна врска – татко, брат, син, внук или сопруг.
[1] Шехадет – сведочење (заб. на прев.). [2] Намаз - дневна, редовна и облигативна молитва кај муслиманите. Се состои од рекати. Еден рекат е основен дел од молитвата и се состои од едно стоење наречено кијам, едно поклонување - руку и две спуштања ничкум наречено сеџда (заб. на прев.). [3] Зеќат – Определен, фиксиран дел од богатсвото и од секаков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, кој што го надминува нисабот (определената вредносна граница) и одредениот временски период хаул (лунарна година) кој што се дава за сиромашните во муслиманската заедница. Плаќањето на зеќатот е задолжително бидејќи тој е еден од столбовите на Исламот. Зеќатот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредок и сигурност (заб. на прев.). [4] Хаџџ - аџилак во светите градови Мека и Медина (заб. на прев.). Прашање 7. Што е иман?[1]
Иман значи да веруваш во Едноштвото на Возвишениот Аллах, во Неговите мелеци,[2] во Неговите Книги, во Неговите пратеници, во Судниот Ден и во кадерот.[3] Доказ за тоа се Аллаховите зборови чиешто значење гласи: „Пратеникот верува во сè она што му се објавува од Господарот негов, и верниците: секој од нив верува во Аллах и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во пратениците Негови: ‚Ние не правиме разлика помеѓу ниеден од нив.‘ И велат: ‚Слушаме и се покоруваме; прости ни Господару наш; кај Тебе ќе се вратиме!‘“ (Кур’ан, 2:285)
[1] Иман – верба, верување (заб. на прев.). [2] Мелеци – ангели (заб. на прев.). [3] Кадер – да веруваш дека сè се случува со Божја волја и одредба (заб. на прев.). Прашање 8. Што е ихсан?[1]
Ихсан значи да Го обожуваш Аллах како да Го гледаш, бидејќи иако ти не Го гледаш, Тој тебе те гледа. Доказ за тоа се Аллаховите зборови чие што значење гласи: „Аллах е навистина со богобојазните и со оние кои што добро чинат!“ (Кур’ан, 16:128)
Прашање 9. Кој е твојот пратеник?
Мојот пратеник е Мухаммед ибн[1] Абдуллах ибн Абдулмуталиб ибн Хашим. Хашим е од племето Курејш, а племето Курејш е од народот Кен'ан,[2] а народот Кен'ан е од Арапите, а Арапите се потомците на Исмаил, алејхис-селам,[3] а Исмаил, е потомок на Ибрахим,[4] алејхис-селам, кој што е потомок на Нух,[5] алејхис-селам.
припрема www.tewhid.ucoz.org
од книга-50 Прашања и одговори од областа на исламското верување
автор-ИМАМ ТЕМИМИ
Преведе од англиски Јасмин Реџепи | |
Views: 460 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |