Main » Files » Ахлак |
10.31.2014, 0:48 AM | |
Пратеникот на исламот ја прецизира примарната основа на сопствената мисија и јасните облици на неговиот повик: „Пратен сум за да ги употполнам моралните вредности.“ (Малик) Се чини дека мисијата која го изгазила својот пат во историјата на животот, чијшто носител вложил огромен труд како би го раширил нејзиното светло и собрал луѓе околу него - има за цел само кристализирање на нивната вредност, осветлување на хоризонтот на совршеноста пред нивните очи за да се движат кон тоа светло потполно уверени. Ибадетите што се пропишани во исламот и кои се сметаат како столбови во иманот[1] (верувањето) никако не смеат да се сфатат како неми ритуали кои го врзуваат човекот за непознатиот и невидлив свет обврзувајки го на извршување на нејасни работи и бесмислени движења. Не! Не! Обврските и нивното извршување исламот што ги бара од секој свој припадник воглавно се редовни вежби што го навикнуваат човекот на исправно постапување во кое тој треба да се придржува без разлика на ситуацијата во која се наоѓа. Тие се слични на спортските вежби што човекот доследно ги извршува за да може со помош на тие редовни тренинзи да ја одржува добрата кондиција и здравиот живот. Светиот к*ран и благородниот Суннет на јасен начин укажуваат на овие вистини. Кога укажал на задожителниот намаз[2], Аллах, џ.ш.,[3] ја укажал и причината зошто е пропишан тој намаз: „И извршувај намаз, намазот, навистина, одвраќа од разврат и од сè што е грдо!“ (Ел-Анкебут, 45) Тоа значи, оддалечување од недоличностите и чистење од лошите говор и дела ја претставуваат суштината на намазот. Во хадисот[4] кој Пратеникот, с.а.в.с., го пренесува од својот Господар се вели: „Јас навистина го примам намазот од оној кој со него & се покорува на Мојата големина; кој не се охоли пред Моите созданија; кој што не е упорен во непокорноста кон Мене; кој денот го поминува во зикр[5]; кој е милостив кон сиромавиот, патникот, вдовицата и човекот во несреќа.“ (Ел-Безар) Пропишаниот зеќат[6] не е данок што се зема од џебовите. Напротив! Тој како прво е всадување на чувството на сомилост и благост, зацврстување на врската за познанства и хармонија помеѓу различните класи. к*ранот укажува на причината за издвојувањето на зеќатот: „Земај од добрата нивни зеќат, со него да ги очистиш и благословени да ги направиш.“ (Ет-Теубе, 103) што значи чистење на душата од негативни елменти и воздигнување на друштвото на едно најблагородно ниво претставува една од најзначајните причини. Поради сето тоа Пратеникот, с.а.в.с., укажува на широката смисла на зборот садака[7] што треба да ја издвојува муслиманот: „Да му се насмевнеш на својот брат е садака; препорачување на добро и одвраќање од зло е садака; упатување на човекот од непознато место е садака; отстранувањето на отпад, трње, и коски од патот се вбројува во садака; прелевање од твојата кофа во кофата од твојот брат се вбројува во садака, и кога гледаш за човекот што има слаб вид - тоа за тебе е садака.“ (Бухари) Овие учења кои потекнуваат од пустинските предели во кои со столетија беснееле борби и завади, укажуваат на целите што ги има зацртано исламот, кои ги соединиле Арапите. Исто така, во исламот има пропишано пост. Исламот на овој ибадет не гледа како на некое привремено воздржување од одредени јадења и пиења. Уште повеќе, тоа се гледа како прв чекор кон перманентна апстиненција од забранети задоволства и недопуштени страсти. Потврдувајќи ја оваа смисла, Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кој нема да се чува себе си од невистинит говор и лоши дела, нека знае дека на Аллах не Му е потребно неговото воздржување од јадење и пиење.“ (Бухари) Исто така рекол: „Постот не е само воздржување од јадење и пиење; треба да се биде воздржан од бесмислен и бесрамен говор. Ако некој те опцуе или ти вика, кажи му: ,Јас постам! Јас постам!‘“ (Ибн-Хузејме) к*ранот укажува на причината на постот: „О верници! Ви се пропишува пост, како што е пропишан на оние пред вас, за да ги одбегнувате гревовите.“ (Ел-Бекаре, 183) На човекот може да му се причини дека патувањето на светите места на кој што е обврзан секој способен муслиман и кои што претставуваат исламска должност за некои следбеници на оваа вера, патување ускратено од сите етички примеси и дека е тоа по пат на церемонија од другите вери, чија причина не се знае. Тоа е погрешно. Говорејќи за овој обред, Возвишениот Аллах вели: „Хаџџот[8] е во одредени месеци, па за оној кој ќе се обврзе дека во нив хаџџ ќе изврши нема однос со жената и нема грди зборови, и нема расправии во деновите на хаџџот. А за доброто што ќе го направи, Аллах знае. И од она што ви е потребно за на пат снабдете се. А најдобро снабдување е богобојазноста. И од Мене плашете се, о вие кои сте со разум обдарени!“ (Ел-Бекаре, 197) Со ова општо прикажување на некои специфични ибадети во исламот, кои ги претставуваат неговите основни темели, сакаме да укажеме на видовите врски кои што ја врзуваат верата со етиката. Се работи за ибадети кои се различни по својата суштина и изглед. Меѓутоа, тие се среќаваат во конечната цел која ја оцртува Пратеникот, с.а.в.с., со зборовите: „Пратен сум за да ги употполнам моралните вредности.“ Намазот, постот, зеќатот, хаџџот и ним сличните ибадети од исламското учење право го трасираат патот до совршените особини и чистите манири. Благодарение на нив животот го добива своето вистинско значење и важност. Заради овие благородни особини, кои се поврзани со таквиот живот или прават услови за него, овие ибадети завземаат важечко место во Аллаховата вера. Затоа што, ако човекот нема корист од нив, не го исчисти срцето, не го изостри умот и не ја хармонизира својата врска со луѓето и со Аллах, тогаш тој навистина заталкал. Аллах, џ.ш., вели: „Oној кој пред Господарот свој како неверник ќе излезе го чека џехеннем,[9] во него нема ниту да умре ниту да живее; а оние кои пред Него ќе излезат како верници, и кои правеле добри дела, сите нив ги чекаат високи степени, еденски градини низ кои реки ќе течат, во нив вечно ќе останат. Тоа ќе биде наградата за оние од гревовите што се исчистиле.“ (Та Ха, 73-76) Припрема и обработка-TEWHID.MK Од Книгата :Карактерот на муслиманот
Фуснота-------------------------- 1] Иман – верба, верување, вера. Верувањето на муслиманите се базира врз шест имански столбови: Верувањето во Аллах (Бог), во мелеците (ангелите), во Книгите (Божјите книги, објави или откровенија), во Пратениците, во Судниот Ден, како и во судбината и Божјето одредение (Заб. на ред.). [2] Намаз – облигативна, дневна и редовна молитва која се извршува во пет одредени временски периоди во текот на денот. Се состои од рекати. Еден рекат е основен дел од молитвата и се состои од едно стоење - наречено кијам, едно поклонување - руку и две спуштања ничкум - наречено сеџда (Заб. на ред.). [3] Џ.ш. – кратенка од „Џелле шануху“ што значи „нека е возвишено Неговото Битие“, а се додава веднаш по спомнувањето на името Божје – Аллах, што на арапски јазик значи Бог, а се однесува на истиот Оној Создател во Кого веруваат Евреите и христијаните (Заб. на ред.). [4] Овде се мисли на хадис кудси, односно на зборовите на Возвишениот Аллах кои не се наоѓаат во Благородниот к*ран, а кои ни ги пренел Неговиот Пратеник (Заб. на ред.). [5] Зикр – присетување и спомнување на Бога со срце, ум и збор. Спомнување и изговарање на неговите убави имиња и совршени својства (Заб. на ред.). [6] Зеќат - определен, фиксиран дел во износ од 2,5% од вредноста на богатсвото и од секаков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, а кој се дава за сиромашните во муслиманската заедница. Плаќањето на зеќат е задолжително бидејќи тој е еден од столбовите на исламот. Зеќатот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредок и сигурност (Заб. на ред.). [7] Садака – милостиња (Заб. на ред.). [8] Хаџџ - Аџилак во светите градови Мека и Медина (Заб. на ред.). [9] Џехеннем – пекол (Заб. на ред.). | |
Views: 359 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |