Main » Files » Ахлак |
12.12.2014, 8:53 PM | |
Иманот е сила која што одвраќа од нискост и упатува на благородни принципи. Од таму, кога Аллах ги повикува Своите робови на добро или ги опоменува за некое зло, тоа го нарекува логички биланс на иманот кој им е сместен во срцата. Многу често во к*ранот наидуваме на ајети што почнуваат со: „О вие кои верувате“, а потоа следува она што им се наредува: „плашете се од Аллах и бидете со оние што се искрени“ (Ет-Теубе, 119). Иманот е сила која што одвраќа од нискост и упатува на благородни принципи. Од таму, кога Аллах ги повикува Своите робови на добро или ги опоменува за некое зло, тоа го нарекува логички биланс на иманот кој им е сместен во срцата. Многу често во к*ранот наидуваме на ајети што почнуваат со: „О вие кои верувате“, а потоа следува она што им се наредува: „плашете се од Аллах и бидете со оние што се искрени“ (Ет-Теубе, 119). Носителот на пораката објаснува дека цврстиот иман раѓа цврста етика. Секоја девијација во моралот произлегува од слабоста или потполното отсуство на моралот. Тоа е зависно од опасностите и фаталноста од тие пороци. Човекот на кого му е намуртено лицето и неврамнотежено однесувањето, кој невнмателно прави грди работи не обрнувајќи внимание на никого, најдобро е опишан со Пратениковите, с.а.в.с., зборови: „Срамежливоста и иманот се тесно поврзани. Кога ќе го снема едното го снемува и другото.“ (Ел-Хаким и Ет-Таберани) Човекот кој ги вознемирува и злоставува своите соседи заслужува најстрога осуда. За него Пратеникот, с.а.в.с., вели: „,Се колнам во Аллах, не верува! Се колнам во Аллах, не верува! Се колнам во Аллах, не верува!‘ ,Кој, Божји Пратенику?‘ -Го прашале асхабите.[1] , Оној од чие вознемирување соседите не се сигурни.‘ -Одговорил Пратеникот, с.а.в.с.“ (Бухари) Забележуваме дека Пратеникот, с.а.в.с., кога ги подучувал своите следбеници да избегнуваат бесмислен говор, дрдорења и мизерија, рекол: „Кој верува во Аллах и во Судниот Ден нека говори добро или нека молчи!“ (Бухари) Пратеникот, с.а.в.с., неуморно работел на всадување и на зацврстување на овие вредности кај своите следбеници сè додека тие не ги дадат своите плодови. Најдобра потпирка во тоа му е искрената и потполна увереност во она во што повикува. Некои побожни луѓе сосема неозбилно се поставуваат кон извршувањето на задожителните ибадети. Пред луѓето се прават доследни практичари, додека востварност чинат грешки што не се прифатливи за возвишената етика и за вистинската вера. Пратеникот строго им се заканува на таквите недоследници и ги опоменува муслиманите на опасноста од нив. Зошто да се глуми доследност во ибадетите, кога тоа го може и оној кој не ја сфатил нивната суштина ниту се воздигнал на тоа ниво. Дури и дете може да ги имитира старите како го извршуваат намазот и како ги изговараат потребните зборови... Глумецот може многу успешно да одглуми скрушеност при извршувањето на најзначајните обреди. Меѓутоа, ни едното ни другото не претставуваат ни најмал дел од вистинското уверение и возвишените стремежи. Пресуден момент во процената на доброто и моралните вредности припаѓа на непогрешното мерило, а тоа се високите морални принципи. Тоа најдобро ќе го објасниме со пример од животот на Божјиот Пратеник, с.а.в.с. Еднаш некој човек го прашал: „,Божји Пратенику, таа и таа жена многу клања, пости, и дарежлива е, но често ги вознемирува соседите.‘ ,Таа е во огнот.‘ -Одговорил Пратеникот, с.а.в.с. , БожјиПратенику,‘ -продолжиле асхабите - ,има една жена која малку клања и пости, меѓутоа, таа им дава парчиња младо сирење и не ги вознемирува соседите.‘ , Таа е воџеннет[2]‘ – одговорил Пратеникот, с.а.в.с.“ (Ахмед) Овој одговор ни укажува на високата вредност на моралните прнципи. Покрај тоа, од хадисите гледаме и дека садаката е колективен ибадет и од повеќестранакорист. Од таа причина кај тој ибадет не постои подразбирлива смалена мерка како што е случајот кај намазот или постот, кои се лични ибадети. Пратеникот на исламот не се ограничил на одговор на појавеното прашање Како би ја објаснил врската помеѓу ахлакот[3] и вистинскиот иман. Тој моралотдирекно го врзува со исправниот ибадет и го гледа како клуч на успехот на овој свет и спас за ахиретот[4]. Важноста на моралот е навистина голема. Кога се зборува за него, мора да се направи една исправна синтеза и да се изврши континуирано советување за даможат тие вредности да се всадат во срцето и во мислите. Резултат на тие напори е сознанието дека иманот, чесноста и ахлакот се каузално и нераскинливоповрзани елементи. Во една прилика Божјиот Пратеник, с.а.в.с., ги прашал асхабите: „,Знаете ли кој е банкрот?‘ ,Тоа е оној кој што ќе остане без пари и без имот.‘ –одговориле асхабите. ,Банкрот од мојот уммет[5] е оној кој што на Судниот Ден ќе сепојави со неговиот намаз, зеќат, и пост, но ќе се испостави дека тој човек пцуел некого, клеветел друг, оштетил трет, пролил крв на четврт, удрил некој петти. Од првиот до последниот ќе земаат од неговите добри дела. Ако не остане од добрите дела пред да ги наплатат тие своите долгови, на него ќе бидат префрлени нивните гревови и тој ќе биде фрлен во огнот.‘“ (Муслим) Тоа е човекот што банкротирал. Истиот потсетува на трговец кој во својата продавница има роба од илјада, а должи на друг две илјади. Како може таковсиромав да се смета за богат? Побожен човек кои извршува некои ибадети, но не престанува со правење недозволени работи, мизерни постапки и што лесно се одлучува на насилие, какоможе да се смета за богобојазен? Забележано е дека Пратеникот, с.а.в.с., за ваквите случаи навел еден жив пример: „Убавото однесување го топи гревот како што водата го стопува мразот, а лошото однесување ги поништува делата како што оцетот го расипува медот.“ (Ел-Бејхеки) Кога ќе се намножат лошотиите, почнуваат да подјадуваат сè околу себе и опасно да се шират, човекот ќе биде оттргнат од верата као што ја оттргнуваоблеката од себе. Неговото тврдење дека е верник станува најобично набедување. Дали вреди верата без ахлак? Дали има врска помеѓу лошотиите и припадностакон Аллах? Укажувајќи на јасните врски кои го поврзуваат иманот со исправниот ахлак, благородниот Пратеник рекол: „Три својства го чинат човекот мунафик[6], па макар и да пости, да клања, да има појдено на хаџџ и умра[7] и да тврди дека е муслиман: кога говори - лаже, кога ветува -не исполнува, и кога нешто ќе му се повери - тој изневерува.“ (Муслим) Во едно друго предание се вели: „Мунафикот има три знаци: кога говори - лаже, кога ветува - не исполнува, кога ќе преземе некоја обврска – изневерува. Залудно му е на таквиот човек и тоа што клања ипости и мисли дека е муслиман.“ Пратеникот, с.а.в.с., исто така рекол: „Кој во себе ги има овие четири особини тој е вистински мунфик. Кој има дел од тоа, тој во себе носи дел од мунафикот сè додека од него не се ослободи: кога нешто ќе мусе повери - изневерува, кога говори - лаже, кога на нешто се обврзе - го прекршува, и кога се препира – претерува во тоа.“ (Бухари) Припрема и обработка-TEWHID.MK Од Книгата : Карактерот на Муслиманот Автор:Мухаммед ел-Газали [1] Асхаби – првата генерација муслимани кои директно го виделе Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, го придружувале, учеле од него, најисправно и најдоследно го следеле во неговите постапки (Заб. на ред.). [2] Џеннет – рај (Заб. на ред.). [3] Ахлак – убаво однесување, морал, исламски бонтон (Заб. на ред.). [4] Ахирет – Идниот свет, животот по смртта и животот во рајот или пеколот (Заб. на ред.). [5] Уммет - поголема заедница на муслиманите, сите муслимани без разлика на местоположбата, живеалиштето и националната припадност претставуваат еден народ кој се нарекува уммет (Заб. на ред.).
[6] Мунафик – дволичен, лицемер, оној што исполува во делата едно, а во срцето крие нешто сосема друго (Заб. на ред.). [7] Умра – попратен обред на аџилакот кој не мора да се изврши во времето одредено за аџилак и кое што не е обврзувачко дело, туку доброволно, а за кое следи огромна награда од Бога (Заб. на ред.).
| |
Views: 417 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |