Main » Files » Абдест-Тејемум |
03.27.2015, 9:13 PM | |
Абдестот е клуч на намазот.Намазот не се прифаќа се додека верникот не се абдести.Возвишениот Аллах субханеху ве те’ала,вели: „О верници,кога сакате намаз да го извршите, измијте ги вашите лица и вашите раце до над лактовите,а главите ваши потрете ги со влажна рака и нозете ваши до зглобовите...’’ (Ел-Маиде:6) Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с.рекол: Аллах не го прифаќа вашиот намаз ако сте го расипале абдестот,се додека не се абдестите повторно.- Бухари „Сакате ли да ви кажам со што Аллах ги брише гревовите и ги воздигнува степените?’’ Рекле: „Сакаме, Аллаховиот Пратеник!’’ па рекол:„Со земањето на абдестот, точно онака како што е пропишан, со мноштвото чекори поминати на патот до џамијата и со исчекувањето на намазот, еден по друг.Тоа ви е како стражарење (на границите на исламската држава). Муслим Кои се фарзовите на абдестот? Рукнови на абдестот т.е. негови составни делови без кои абдестот не би бил полноважен,се: 1.Нијет, да се одлучи дека ќе се земе абдест (срцето е место за намерите и нијетот; никаде во хадиските збирки не се бележи дека Пратеникот,с.а.в.с. со зборови го изговорел нијетот освен за хаџ и умра): 2.Миење на лицето се прави така што се почнува од местото каде што никнала косата,па до брадата надолу и од уво до уво во ширина, и тоа оној што нема брада, а ако ја има, го мие делот од лицето на кое нема брада(додека низ брадата ќе помине со мокри прсти, со тоа што нема да ја мие додека зема абдест); 3.Миење на рацете до над лактовите; 4.Потирање на главата.Подобро е да се потрае целата глава.Се пренесува од Абдуллах ибн Зејд дека Пратеникот,с.а.в.с.. ја потирал главата со рака од почетокот па до крајот и до крајот до почетокот. а потоа ги враќал рацете на местото од каде почнал со потиранје на главата; 5.Миење на нозете до над зглобовите; 6.При миењето да се води сметка за придржувањето на претходно споменатиот редослед кој е заповедан од Возвишениот Аллах,субханеху ве те’ала; 7.Во текот на земањето на абдестот да не се вршат подолги паузи при миење на претходно споменатите делови од телото,бидејќи абдестот е ибадет, а забрането е ибадетот да се прекинува додека не се заврши. Суннети на абдестот Тоа се работи кои не зависи исправноста на абдестот,но сепак треба да ги практикуваме затоа што Пратеникот,с.а.в.с., ги практикувал, е ветена е и награда за нивното извршување: 1.Кажување „Бисмиллах’’ на почетокот; 2.Миење на забите со мисвак. Мисвак е дрвце со кои се чистат забите.Најдобар е оној што е направен од Ерек. Ерек-вид растение и е донесен од Хиџаз.-Хиџаз-географска област на арапскиот полуостров затоа што тој ги зацврстува непцето и ги отсранува забните болести, бидејчи во себе има посебна корисна состојка.Ако нема мисвак забите треба да се измијат со четка за заби или пак, да се потријат со прст.Употреба на мисвакот се препорачува и пред почетокот на клањање на намазот пред да се учи Кур’ан, ако се разбудиме од сон и при промена на здивот во устата; 3.Миење на дланките на почетокот на земање на абдестот; 4.Испирање на устата три пати; 5.Испирање на носот три пати; 6.Поминување со прстите низ брадата; 7,Триење помеџу прстите при миење на рацете и нозете; 8.Миење на секој дел од телото по три пати,освен потирањето на главта(кое се прави само еднаш); 9.Почнување од десна страна при миењето на рацете и нозете; 10.Триење со раката при миење; 11.Да не се прекинува земањето на абдест со некоја друга работа; 12.Потирање на ушите откако че се потрае главата и тоа внатрешноста на ушите со кажипрстот,а надворешноста со палците.Потирањето на ушите се прави еднаш без земање на нова вода,затоа што Пратеникот.с.а.в.с. ги потирал ушите и главата по еднаш. Во врска со потирањето на вратот, не постои ни еден веродостојен хадис дека Пратеникот,с.а.в.с..го правел тоа,па затоа улемата смета дека ова не е суннет.Но некои месхеби велат дека тоа е една од убавите работи при земањето на абдестот.Ако бараме хадиси за миење на вратот че најдеме два слаби хадиси.Првиот го пренесува имам Ахмед во кој се вели дека Пратеникот,с.а.в.с. ја потирал главата толку да го достигнувал просторот помеџу ушите на задниот дел од главата и делот од вратот под нив.Но сепак,иако го прифатиме овај хадис. не гледаме дека вратот треба да се потрие посебно,туку тоа е само дел од дополнувањето на миење на главата. Во другиот хадис се вели: „Потирање на вратот осигурува од окови’’.Меџутоа, Невеви за овој хадис вели дека е лажен (мевду’).а некоја улема вели дека е даиф; 13.Треба да се води грижа за умереноста во тошење на водата,така што не треба да се претерува при употртеба на водата; 14.Потирање на целата глава; 15.Учење на дова после абдестот: „Ехшеду ен ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху,ве ешхеду енне Мухаммеден Абдуху ве ресулуху. Аллахуме џални минет тевабине ве џални минел мутетаххирине!’’ Мекрух при земање на абдест Под мекрух при земање на абдест се подразбира: 1.Претерано трошење вода или премногу штедење; 2.Прскање на водата по лицето или другите делови на телото; 3 Да се служиме со нечија помош иако немаме потреба за тоа; 4.Земање на абдестот на валкано место; 5.За оној што пости, мекрух е да претерува со миење на устата и носот,затоа што може да дојде до голтање на водата; 6.Изоставање на еден или повече суннети,бидејќи со изоставањето на суннетите се пропушта и наградата која не би смеела да се пропушти; 7.Да се мијат деловите на телото повеќе од три пати,бидејќи во хадисот стои дека Аллаховиот Пратеник.с.а.в.с.,зел абдест миејќи ги при тоа деловите на телото по три пати, е потоа рекол: „Кој ќе измие повеќе (т.е. од три пати). неправилно постапил и згрешил.-Несаи,Ахмед и Ибн Маџе Припрема -TEWHID.MK www.tewhid.ucoz.org Од Книга-Намазот во Исламот Група Автори-Shayk Muhammed Naasiru-deen al-Albani Nasiruddin Albani grupa autotora,Islamsko znanje Muhammed ibn Salih el-usejmin
| |
Views: 672 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |